Уште од утринава снежна покривка може да се забележи на повисоките планински места. Според прогнозата, ниските температури и променливото облачно време со дожд на пониските и снег на повисоките места ќе се задржи до наредната седмица.
- До почетокот на следната седница ќе се задржи вакво време променливо облачно, со пониски температури, а потоа температурите ќе бидат во постепен пораст. Утре и за време на викендот ќе се задржи променливо облачно и посвежо време. Во недела на повеќе места ќе има врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни. Во недела ќе има услови и за појава на изолирана нестабилност со грмежи. Поради спуштање на постудена воздушна маса, на планините врнежите повремено ќе минуваат во снег.-УХМР.
Иако хронично болните се најзасегнати при нагли промени на времето, тие можат негативно да влијаат и врз здравата популација велат лекарите. Д-р. Маргарета Трипуновска апелира особено внимателни да бидат лицата кои земаат терапија за регулирање на крвниот притисок, чии нагли варијации се причина за срцев и мозочен удар, за кои Брзата помош има најчести интервенции во вакви временски услови.
-Наглиот пад на температурите влијае на крвниот притисок бидејки имаме промена на атмосверскикот притисок, а тоа влијае на крвниот притисок. Затоа редовно треба да се мери притисокот овие денови, да се зема редовно терапијата. Но и здравата популација ги осеќа овие промени на температура најчесто имаме појава на главоболки, вртоглавици, нагони за повраќање, гадење треба едноставно да практикуваме здрав начин на живот, да имаме повеќе одмор, повеќе суплементи да земаме.- – Д-р. Маргарета Трипуновска – поликлиника Букурешт.
Од ЦУК апелираат на внимателност при услови на невреме, да не се фрлаат одпадоци во локалните одводни канали и редовно да се чистат, а поради најавите за силен ветер да се внимава на работите кои би можеле да излетаат од градилиштата.