Во Штип инфо сесија за Законот за финансиска дисциплина

 Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива денеска во Штип ќе одржи инфо сесија на тема „Закон за финансиска дисциплина и исполнување на договори".

Целта на настанот е претставување на Законот за финансиска дисциплина и идентификување на предизвиците со кои се соочуваат компаниите при неговата имплементација, како и дефинирање конкретни предлози и решенија за подобрување на правната рамка.

Според организаторот, целта на предлозите од инфо сесијата е подобрување на условите за работа на компаниите.

На настанот ќе присуствуваат претставници на релевантни институции, стопанственици и експерти.

Каталонија: Народот сака самоопределување

Каталонскиот парламент усвои необврзувачки документ со кој се изразува волјата за спроведување на правото за самоопределување, и покрај предупредувањето од Уставниот суд на Шпанија.

Документот повикува на политичка акција, но нема правно дејство, рекла портпаролката на парламентот за „Ројтерс“.

Шпанскиот уставен суд ги предупреди каталонските пратеници дека ќе се соочат со правни последици доколку го подржат предлогот во кој се наведува дека парламентот изразил волја дека на конкретен начин ќе го спроведе правото на самоопределување и дека ја почитува волјата на каталонскиот народ.

Заев: Ги слушнавме реакциите од граѓаните и веднаш реагиравме за законот за јавни собири

Предлог законот за јавни собири што денеска беше на дневен ред на владина седница е повлечен поради ракциите на граѓаните.

Премиерот Зоран Заев одговорајќи на новинарско прашање на прес-конференција посветена на Буџетот за 2020 година, рече дека ги слушнале реакциите на граѓаните и дека веднаш реагирале.

– Ги слушнавме реакциите на граѓаните и веднаш реагиравме. Ќе ги слушнеме граѓаните, невладиниот сектор, ќе видиме како демократиите го  прават тоа. Веднаш на седница на која почна денеска се носи само буџетеот и донесовме одлука веднаш и го повлековме законот, изјави премиерот.

Во новиот Предлог-буџет над 10 милијарди денари за одбраната

За одбраната се предвидени над 10 милијарди денари во новиот Предлог-буџет, усвоен на денешната владина седница. 

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска изјави дека со тоа „се приближуваме до зголемувањето од 0,2 процентни поени од бруто домашниот производ", односно практично се приближуваме до 1,4 отсто, имајќи предвид дека обврската преземена за оваа година е 1,39 проценти од БДП.

Со овие средства, нагласи Шекеринска, пред се и над се може да се инвестира во сериозна модернизација во сите делови на Армијата, согласно долгорочниот план.

– Со ваквиот зголемен буџет во одбраната можеме да финансираме помлада Армија. Денеска е објавен конкурсот за нови 125 професионални војници, можеме да инвестираме во 16 проценти повисоки плати за сите припадници, можеме да инвестираме во повисоки плати на цивилните лица кои работат во Армијата и можеме да финансираме во воведување во т.н. станарина за секој припадник на Армијата, изјави министерката Шекеринска, по извршениот увид во новореновираните и комплетно опремени лаборатории во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски" и во касарната „Гоце Делчев", во кои е инсталирана напредна образовна технологија наменета за проектот за напредно учење на далечина.

Таа истакна дека со ова покажуваме и кон нашите припадници на Армијата, но и кон партнерите и сојузници дека кога нешто ќе го земеме како обврска и го завршуваме. /МИА.

притисни ентер