Почина легендарната американска милијардерка, Глорија Вандербилт

Познатата модна дизајнерка , манекенка , актерка и писателка , Глорија Вандербилт почина на 95 . годишна возраст.

Глорија Вандербилт е легендарна претставничка на амњериканското високо друштво , наследничка на милијардерот Реџиналд Клејпул Вандербилт. Веста за нејзината смрт ја објави нејзиниот најмлад син , познатиот водител на ЦНН, Андерсон Купер , кој откри дека дури овој месец откриле дека неговата мајка има ретка форма на рак на желудникот.

 

Нејзиното име стана популарбно во 30 . тите години на минатиот век , кога како девојче нејзината мајка и тетка и се бореа да станат тутори над неа , откако по смртта на таткото наследи огромно богатство. Во 70 тите години се прослави со модна линија на џинс .

Толку беше популарна што во 1974 , Пол Макартни од Битлси и ја посвети песната ,,Мисис Вандербилт”. Нејзините љубовни врски со децении беа на насловните страници на американските таблоиди.

Беше во врска со Френк Синатра и Хауард Хјуз , а во брак со композиторот Леополд Стоковски и режисерот Сидни Ламет.

Квентин Тарантино ќе стане татко

Славниот режисер објави дека неговата жена Даниела е трудна.

Тарантино ја запознал својата одбраница 2009-та година за време на промоцијата на филмот „Inglorious Basterds“. Тие се венчале во 2017-та година.

Фото: Јелена крај базен во црно-бел костим за капење

Јелена позирала покрај базенот од вилата на Саша Поповиќ во опатија а многумина се воодушевија од фотографијата.

Јелена Карлеуша е моментално на гости кај директорот на „Гранд“ Саша Поповоќ во Опатија. Таа со фотографии по социјалните мрежи покажува колку ужива на хрватското приморје.

Таа е тамо со своите ќерки и сопругот а познато е дека таа и Саша се големи пријатели.

Јелена позираше крај базенот од вилата на Попович во црно- бел костим за капење.

Засташувачка глетка: 11.000 мртви птици

Мештаните во близина на Големото езеро во Монтана ги преплаши страшен призор, повеќе од 11.000 птици паднале мртви од небото.

Експертите тврдат дека скоро една третина од птиците во околина на Големото езеро, умреле или претрпеле озбилни повреди за време на невреме во кое дувало ветар со брзина од 112 километри на час.

притисни ентер