Македонија за 23 места го подобри рејтингот на Глобалниот индекс на мир

Северна Македонија направи скок од 23 места на листата на Глобалниот индекс на мирот во споредба со лани и го дели 65-тото место со Грција.

Меѓу првите 25 земји на листата дури 17 се од Европа. Единаесетта година по ред Исланд е најбезбедна земја во светот, а на последното место, како и лани, е Авганистан.

Австралискиот институт за економија и мир, според истражувањето за годинaшниот глобален индекс на мирот, врз чија основа се рангирани земјите од „најбезбедна" до „најнебезбедна", оценува дека во споредба со периодот од пред една деценија, светот во 2019 е најбезбеден во последниве пет години.

На листата се рангирани вкупно 163 земји, а првата „десетка", покрај Исланд, ја сочинуваат и Нов Зеланд, Португалија, Австрија, Данска, Канада, Сингапур, Словенија, Јапонија и Чешка. На дното на листата е Авганистан, а пред него се Сирија, Јужен Судан, Јемен, Ирак и Сомалија, рангирани од 163 до 158 место. Од поголемите држави, Русија е на 154-то место, САД на 128, Кина на 110, Франција на 61, Велика Британија на 46, Италија на 39, а Германија на 22 место. Од земјите во регионот, најдобро рангирана е Романија на 25 место, Бугарија е на 26, Хрватска на 28, Србија на 50, Албанија на 51, Црна Гора на 67, Босна и Херцеговина на 81 и Косово на 86 место.

Индексот се пресметува врз основа на 23 фактори, меѓу кои и внатрешни и надворешни конфликти, воени трошоци, тероризам, убиства и криминал. Во Извештајот за 2019 година се посочува дека над 400 милиони луѓе живеат во реони во кои нивото на безбеден живот е ниско и каде има високи ризици поврзани со климатските промени.

Во извештајот се посочува дека конфликтите што доминираа во изминатава деценија, како тие во Ирак и Сирија, сега почнуваат да се намалуваат, но во исто време избувнуваат нови во Јемен, Никарагва и Турција./MИА

„Гответе со Дракче“ - Чаен колач

Во четврток (18.04.2024) во емисијата гостин ни беше Анета Љумаковска.

Состојки за денешниот рецепт:

3 јајца

2 банани

1 јаболко

1 лажиче мед

1 кесичка прашок за пециво

2 лажици интегрално брашно

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Австралија ги советува своите државјани да ги напуштат Израел и палестинските територии

Австралија побара од своите граѓани да го напуштат Израел, наведувајќи ја „големата закана од воени репресалии и терористички напади“.

„Ги повикуваме Австралијците и во Израел или во окупираните палестински територии да заминат ако е безбедно да го сторат тоа“, се вели во известувањето од Министерството за надворешни работи.

Владата на Австралија претходно им порача на граѓаните да избегнуваат патување во двете области доколку е можно и, доколку се загрижени, да заминат. /МИА

Остин разговарал со Галант пред извештаите за експлозии во Иран

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин разговараше во четвртокот со израелскиот министер за одбрана Јоав Галант за „регионалните закани и дестабилизирачките дејства на Иран на Блискиот Исток“, соопшти денеска Пентагон.

Повикот е остварен пред Израел, како што пренесуваат медиумите, да изврши напад на територијата на Иран, а во соопштението на Пентагон не се споменува дискусија за плановите на Израел за тој напад, јави Си-Ен-Ен. Неименуван висок американски функционер за Си-Ен-Ен изјави дека Израел во четвртокот ги известил САД дека во наредните денови ќе возврати на нападот на Иран извршен минатиот викенд и дека Вашингтон не ја поддржува таа акција на Тел Авив.

Тензиите меѓу Тел Авив и Техеран се зголемија по нападот на Иран врз Израел на 13 април, со повеќе од 300 беспилотни летала и проектили. Неименуван американски функционер претходно за Си-Ен-Ен изјави дека Израел утринава извршил напад на иранска територија, а иранската државна телевизија објави дека три беспилотни летала биле забележани над небото во Исфахан и биле уништени откако системот за противвоздушна одбрана на земјата бил активиран. /МИА

притисни ентер