Си замина Сара Сандерс , жената која изјави дека Господ го избрал Трамп

,,Го сакам претседателот” , рече портпаролката на Белата куќа , Сара Сандерс , која објави дека по две години , кон крајот на овој месец си заминува од позицијата.

Сандерс од Вашингтон заминува во својот роден Арканзас, а што точно ќе работи , не се знае. Единственое познато дека и натаму ќе бидфе ,,девојката на Трамп”.

,,Ќе продолжам да бидам една од најгласните и најверни поддржувачи на претседателот и на неговата агенда. Знам дека тој ќе има уште шест неверојанти години.” , изјави Сандерс.

Таа останува верна по секоја цена без оглед на поразителните резулатите. Цели 94 дена во Белата куќа не одржа брифинг за новинарите , поради тоа што Трамп лично реши да комуницира со нив.

По најавата за оставка , бројни беа коментарите дека таа не би смеело веќе да работи во политиката , зашто свесно лажела за да го заштити претседателот Трамп. сандерс останува една од ретките од камшањата на американскиот претседартле , со кои тој и натаму соработува. Нејзините изливи на верност не беа реткост.

Во јануари годинава таа ја кажа реченицата , која ја обележа нејзината кариера. ,,Господ сакаше Доналд Трамп да стане претседател”.

По најавата дека заминува од позицијата , Трамп ја пофали и рече дека би требало да се кандидира за гувернер на Арканзас , на што Сандерс едвај ги задржа солзите.

„Гответе со Дракче“ - Чаен колач

Во четврток (18.04.2024) во емисијата гостин ни беше Анета Љумаковска.

Состојки за денешниот рецепт:

3 јајца

2 банани

1 јаболко

1 лажиче мед

1 кесичка прашок за пециво

2 лажици интегрално брашно

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Австралија ги советува своите државјани да ги напуштат Израел и палестинските територии

Австралија побара од своите граѓани да го напуштат Израел, наведувајќи ја „големата закана од воени репресалии и терористички напади“.

„Ги повикуваме Австралијците и во Израел или во окупираните палестински територии да заминат ако е безбедно да го сторат тоа“, се вели во известувањето од Министерството за надворешни работи.

Владата на Австралија претходно им порача на граѓаните да избегнуваат патување во двете области доколку е можно и, доколку се загрижени, да заминат. /МИА

Остин разговарал со Галант пред извештаите за експлозии во Иран

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин разговараше во четвртокот со израелскиот министер за одбрана Јоав Галант за „регионалните закани и дестабилизирачките дејства на Иран на Блискиот Исток“, соопшти денеска Пентагон.

Повикот е остварен пред Израел, како што пренесуваат медиумите, да изврши напад на територијата на Иран, а во соопштението на Пентагон не се споменува дискусија за плановите на Израел за тој напад, јави Си-Ен-Ен. Неименуван висок американски функционер за Си-Ен-Ен изјави дека Израел во четвртокот ги известил САД дека во наредните денови ќе возврати на нападот на Иран извршен минатиот викенд и дека Вашингтон не ја поддржува таа акција на Тел Авив.

Тензиите меѓу Тел Авив и Техеран се зголемија по нападот на Иран врз Израел на 13 април, со повеќе од 300 беспилотни летала и проектили. Неименуван американски функционер претходно за Си-Ен-Ен изјави дека Израел утринава извршил напад на иранска територија, а иранската државна телевизија објави дека три беспилотни летала биле забележани над небото во Исфахан и биле уништени откако системот за противвоздушна одбрана на земјата бил активиран. /МИА

притисни ентер