Лејди Гага на сцена го бакнува својот оженет трубач (ВИДЕО)

Лејди Гага на концерт во Лас Вегас на сцената се бакнуваше со својот трубач Брајан Њуман.

На снимката , која се појави на социјалните мрежи , Гага му пее на Брајан и го држи за рака , а откако го испеа стихот "darling, kiss me", нежно го бакна во уста.

Откако беше објавен аснимнката од настапот , на Твитер почнаа коментари во кои корисниците се шојкирани , бидејќи Брајан е оженет.

Од тимот на пејачката велат дека бакнежот се случил само поради настапот и дека Гага со Брајан се добри пријатели и еден кон друг гледаат како да се членови на исто семејство.  

Инаку Гага се уште одговара на незгодни прашања какоглавенвиновник за распаднатата врска меѓу Бредли Купер и Ирина Шајк , откако на доделувањето на Оскарот испеја заедно песна полна со емоции.

притисни ентер