На продажба најславниот автомобил на светот (ВИДЕО)

Меѓу автомобилите , кои стекнаа слава во филмовите секако се издвојува еден класик од 60 – тите години на минатиот век.

Станува збор за Астон Мартен ДБ5, кој го возеше Џејмс Бонд во дури два филма и тоа во ,, Goldfinger”  и ,,Thunderball” . Аукциската куќа Сотбис ќе понуди еден од вкупно трите вакви автомобили , направени само за снимањето на филмовите.

Во автомобилот има се што може да се види и во Бонд филмовите. Има оружје, табличка штосе превртува о совозачко седиште , кое може да се катапултира . Позната е и историјата на овој автомобил .

По снимањето на Thunderball , автомобилот го откупил познатиот колекционер Лорд Ентони Бамфорд , по што 35 години бил изложен во музеј. Конечно бил продаден во 2006 , а аукциската куќа од темел го реставрирала.

Сега повторно е на продажба ова лето како дел од манифестацијата "An Evening with Aston Martin" , што се одржува во британското одморалиште Пебл Бич.

Се очекува дека почетната цена на овој Астонмартин нема да биде пониска од 5 милиони долари.

притисни ентер