ОСВЕЖИТЕЛЕН ХЕЛЕН ЧИСКЕЈК

Рецепт на Елена Павловска

Потребни состојки:, околу 500 мл. слатка павлака, 200 гр. шеќер во прав, 200-300 гр. крем сир, 90 гр. путер, 300 гр. плазма кекси, 300 гр. микс од аронија, брусница и боровница , 1 лажичка густин и 1 лимон.

Постапка:

Во подлабок сад се става слатката павлака и се мати со миксер додека не се згусне.

Се додава шеќер во прав и се продолжува со матење.

Потоа се додава крем сир и се продолжува со матење се додека не се добие хомогена смеса.

За тоа време во друг сад се блендира путер и дробени плазма кекси.

Белиот крем се става во шприц.

Блендираниот путер со плазма кекси се распределуваат во пластични чашки,

Одозгора се става од белиот крем со шприц.

Врз кремот се додава каша од: густин, микс од аронија, брусница и боровница и еден лимон.

Бајден го зголеми водството пред Трамп, покажуваат новите анкети

Нови две анкети во САД покажуваат дека Џо Бајден го зголеми водството пред актуелниот претседател Доналд Трамп на нешто повеќе од 100 дена пред изборите во ноември.

Анкетата на „Вол Стрит Журнал покажува дека 51 отсто од гласачите рекле дека би гласале за Бајден ако изборите се одржат сега, а 40 отсто го поддржуваат Трамп.

Анкетата на универзитетот „Квинипик“, во меѓувреме, покажа дека Бајден го оствари своето најголемо водство годинава пред Трамп. Регистрираните гласачи го поддржуваат Бајден пред Трамп со 52 наспроти 37 отсто.

Анкетите, исто така, покажаа пад во процентот на одобрување на работата на врховниот командант.

Конститутивна седница на Собранието најдоцна за 20 дена

Изборниот резултат со мала разлика меѓу главните политички ривали е очекуван и во рамки она  што го проектираат анкетите во предизборјето, велат политичките аналитичари, но ценат дека изненадувачки се резултати во албанскиот блок.

Многу веројатно е СДСМ и ДУИ, смета Муслиу, да ја продолжат соработката како владина коалиција, но не треба од комбинации за формирање влада да се отфрла и ВМРО ДПМНЕ. Божиновски вели преговорите за новиот владин состав ќе бидат долги, а не се исклучува и опцијата за концентрациона влада.

Инаку, по потврдата на официјални изборните резултати во рок од 20 дена треба да се конституираа новото Собрание. Седницата се очекува да ја свика претседателот на претходниот парламентарен состав, Талат Џафери. По ова, во рок од 10 дена претседателот на државата го доделуваат мандатот за состав на Влада на оној кој има обезбедено мнозинство од 61 пратеник во парламентот. Мандаторот има рок од 20 дена да предложи програма и владин состав.

МЗ: Регистрирани 94 нови случаи на Ковид 19, починале осум лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 830 тестирања, а регистрирани се 94 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-49, Куманово-2, Штип-8, Прилеп-1, Тетово-6, Струга-2, Гостивар-13, Кочани-2, Свети Николе-9, Кичево-2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 42 оздравени лица од: Скопје-27, Штип-1, Прилеп – 8, Тетово-1, Велес-3, Кочани -2.

Починати се 8 лица, два пациенти од Скопје, еден од Прилеп, еден од Струга, еден од Охрид, двајца од Гостивар и еден од Кичево.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа тројца пациенти на возраст од 63, 63 и 60 години, во ГОБ „8 Септември“ почина пациент на возраст од 68 години. Во ОБ Прилеп починат е пациент на 60 години, во ОБ Струга почината е пациентка на 72 години, во Гостивар вонболнички почината е пациентка на 73 години, во Завод за нефрологија во Струга починат е пациент на 67 години.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8623, бројката на оздравени пациенти е 4603, на починати е 401, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3619. Денес се евидентира еден конторлен тест и исправка за 4 оздравени лица од Кратово заради техничка грешка. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 4083, активни 1823

• Куманово 882, активни 214

• Дебар 154, активни 92

• Штип 492, активни 202

• Прилеп 305, активни 56

• Тетово 900, активни 291

• Струга 342, активни 167

• Велес 205, активни 31

• Битола 84, активни 40

• Охрид 229, активни 120

• Кавадарци 27, активни 19

• Гостивар 263, активни 168

• Гевгелија 13, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци, еден е од Дојран)

• Струмица 24, активни 16

• Крива Паланка 19, активни 8

• Радовиш 15, активни 11

• Крушево 12, активни 7

• Кочани 80, активни 12

• Пробиштип 39, активни 24

• Демир Хисар 11, активни 10

• Македонски Брод 9, активни 5

• Пехчево 6, активни 1

• Берово 4, активни 1

• Валандово 6, активни 0

• Виница 4, активни 1

• Делчево 1, активни 0

• Кратово 9, активни 5

• Свети Николе 156, активни 143

• Кичево 88, активни 73

• Ресен 139, активни 73

• Неготино 22, активни 3 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 830 теста се преку: ИЈЗ-298, ЦЈЗ Скопје-13, Авицена-140, Биотек- 0, МАНУ -27, Жан Митрев (Филип Втори) –150, Систина со PCR метода -102, Судска медицина -0, ЦЈЗ Битола-0, КИБФС (Инфективна клиника) -100. Досега во земјата се направени вкупно 81604 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 85 пациенти. На кислородна поддршка се 42 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 20 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 8 деца позитивни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови, вкупно хоспитализирани се 94 пациенти. На респираторна машина се 6 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 31, а во болницата во Штип се хоспитализирани 56 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 133 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.

притисни ентер