Пендаровски: САД ќе го ратификува протоколот за НАТО во август, одиме со одлично темпо кон самитот во декември

Во изјава за медиумите, претседателот Стево Пендаровски рече дека ова беше прилика да се присуствува на најголемата воена вежба која кога било е организирана во нашата држава, со учество на 2.700 војници од шест национални контингенти.

-Најголемиот дел од војниците кои учествуваа беше од нашиот стратешки партнер, од Соединетите Американски Држави. Меѓутоа, тука има и четири други земји членки на НАТО Алијансата. Она што е посебно значајно да се одбележи од денешнава вежба, е што полигонот Криволак со одржувањето на оваа вежба, е дефинитивно признаен како еден од најдобрите воени полигони во Југоисточна Европа и со ова се отвараат врати за негово почесто користење од нашите сојузници од Алијансата во наредниот период. И друга битна работа која ја покажа денешната вежба, дека нашите припадници, луѓето од армијата на Република Северна Македонија, се на исто професионално ниво со останатите армии во Алијансата, со што покажуваат по којзнае кој пат дека се навистина достојни да не претставуваат во сите мисии во светот кадешто се брани глобалниот мир и безбедноста и се најдобриот доказ дека нашата земја треба да стане членка на Алијансата што е можно побрзо, рече претсдедателот Пендаровски.

Четири од петте земји членки на Алијансата кои учествуваат на оваа вежба, посочи тој, го имаат ратификувано нашиот протокол за членство, во петтата, во САД, тоа е почнато како процедура.

-Ветувањето од таа страна е дека најверојатно пред да се распушти Конгресот во август, ќе имаме целосна ратификација, што значи дека одиме со одлично темпо кон самитот закажан за 4 декември во Лондон кадешто со право очекуваме да станеме полноправна членка и да ги користеме сите напори кои ги правеше нашата држава не само во сферата на одбраната и во безбедноста, туку и во полето на политиката. Да покажеме дека и политички и безбедносно и со одбранбените реформи, заслуживме да станиме членка на најмоќната воено политичка алијанса во историјата на човештвото, нагласи претседателот на државата.

Премиерот Зоран Заев рече дека целосно се согласува и го дели задоволството со претседателот на државата, од учеството во дефинитивно најголемата воена вежба, „Одлучен удар", којшто се организира на еден од, како што рече, најдобрите полигони во овој дел од светот.

-Со тоа покажуваме еднаквост во партнерството со нашите сојузници, со земјите членки на НАТО. Горд сум на нашата војска заради тоа што демонстрираше денеска пред нас, високите претставници на извршната власт во присуство на претседателот на државата, но и амбасадорите, еднаква подготвеност во вежбовни активности коишто се воедначување на нивната подготвеност за мировните процеси коишто секаде НАТО ги има во светот. Горд сум на сите наши војници заради тоа што имаат и желба да се усовршуваат и унапредуват, знам дека ќе ги исполниме сите оние наши очекувања да имаме достоинствена и горда армија, којашто рамо до рамо со нашите сојузници ќе се грижи за мирот во светот и ќе продолжи да го гарантира мирот во светот, нагласи Заев.

Денешното учество на претставници на нашата армија со претставници на уште пет земји членки на НАТО, додаде, ја испраќа пораката дека сме подготвени, не само политички туку и воено, преку нашата армија, дека храбро чекориме во тој процес и дека конечно нашата земја го достигнува тоа што е стратешка аспирација – полноправното членство во НАТО, и политички и технички и армиски, што треба да биде сериозна гаранција за нашите граѓани.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска истакна дека Република Северна Македонија ќе стане набрзо триесетта членка на НАТО Алијансата, а тоа значи не само седење на истата маса, тоа значи, рече, како и денеска, заеднички вежби, заедничка обука, заедничко учество во операции со кои се гарантира и нашиот меѓутоа и светскиот мир.

-Ние денеска овде на сите скептици им покажавме дека Северна Македонија има што да и понуди на Алијансата. Има да и понуди обучени, професионални војници и офицери, и има да и го понуди и овој одличен полигон Криволак, којшто ја покажа и својата сила и својот капацитет и своите потенцијали. Сметам дека навистина на овој начин највидливо, просто визуелно покажавме дека го заслуживме своето место и дека има што допрва што можеме да дадеме, рече Шекеринска.

Таа нагласи дека најголемиот напор и најголемите комплименти навистина треба да отидат на оние илјадници војници и офицери коишто повеќе од месец дена напорно работат на оваа цел и особено на оние стотина луѓе коишто речиси две години работеа за да вежбата одлучен удар стане реалност.

-Ќе станеме членка на НАТО, денеска покажавме дека тоа го заслужуваме. Заедно сме посилни, нагласи таа, а премиерот дополни комплименти и за Генералштабот.

Микаела Швајцер Блум в.д. амбасадор на САД, рече дека денешните презентации ја покажуваат огромната сила на нашите здружени војски и на НАТО.

-Ова е навистина импресивно. Она што го видовме денес е само мала презентација на сложената обука која се одвиваше во изминатите неколку недели, а која ќе продолжи и следниот месец. Вежбите како оваа потврдуваат дека нашите војски можат да комуницираат и работат заедно. Претходно овој месец во Нормандија претседателот Трамп рече дека нашата Алијанса беше искалена во битка, тестирана во војна и докажана во мир. Вежбите како оваа ја зајакнуваат нашата силна врска и сите нас не прават побезбедни. "Одлучен удар" е моќен пример за тоа како силите на Република Северна Македонија се подготвуваат да бидат сили на НАТО. Подготвени да работат со сојузничките војни сили на НАТО за решавање на идните закани. Тоа е исто така доказ дека Република Северна Македонија веќе придонесува за Алијансата. Нашите американски војници многу ја ценат оваа можност да работат заедно со нивните колеги од Република Северна Македонија и сојузничките земји. И ние ви се заблагодаруваме за организирање и планирање на оваа вежба,нагласи таа.

Директорот на вежбата, Игор Манасовски појасни дека станува збор за досега најголема комбинирана здружена вежба „Одлучен удар". Станува збор, рече тој, за комбинирана здружена вежба со боево гаѓање на тема "Засилена механизирана пешадиска чета во напад". Во оваа вежба се синхронизирани сите елементи на борбената моќ кои учествуваат на вежбата "Одлучен удар", кои заедно постигнуваат ефект, поголем отколку кога истите би се користеле самостојно или секвенционално.

-Република Северна Македонија, односно нејзината армија е домаќин на сериозен бенчмарк, кој темелно и функционално, ја потврдува способноста на нашите вооружени капацитети, рамноправно да се справат со комплексноста на тековните безбедносни предизвици. Спецификата на "Одлучен удар" е карактеризирана преку повеќедимензионалната интеграција на различните копнени, воздухопловни и специјални сили од шест различни земји. Повеќе од 2.700 учесници со преку 300 моторни возила и воздухоплови, овде на оваа вежба се обединети околу следната цел. Преку постигнување и одржување на сопствената борбена готовност, да придонесат кон непречено креирање на интероперативни повеќевидовски сили за задача, способни да одговорат на секаков вид на закани, нагласи Манасовски. /МИА

Убила 19-годишна трудница и ѝ го украла бебето од матката-осудена е на 50 години затвор (ВИДЕО)

Клариса Фигуероа (51) е осудена на половина век затвор откако убила бремена тинејџерка во Чикаго намамувајќи ја во нејзината куќа за да ѝ го украде бебето од утробата, кое потоа го претставила како свое.

Тоа е, накратко, епилогот од страшното злосторство што го потресе овој дел на САД, а се случи во 2019 година, објави Еј-Би-Си Њуз.

Марлин Очоа-Лопез (19), мајка на двегодишно момче, која била во поодмината бременост, била намамена од Клариса во нејзиниот дом со ветување дека ќе ѝ даде бесплатна облека за бебето. Страшното злосторство го извршила со помош на нејзината ќерка Дезире, која во јануари ја признала вмешаноста во убиството кога била осудена на 30 години затвор. Мајката и ќерката ја задавиле трудница со електричен кабел. Клариса, која е медицински работник, сакала да го претстави бебето како свое, а откако го извлекла од стомакот на мајката повикала брза помош. Поради повредите, бебето два месеци било на интензивна нега во болница, но и покрај сите напори на лекарите, починало.

За време на судењето, се тврдело дека Клариса Фигуероа го изгубила своето бебе пред злосторството, а потоа им кажала на членовите на семејството дека повторно е бремена. Во октомври 2018 година, таа ѝ кажала на својата ќерка дека ѝ треба помош да убие трудница и да го украде бебето од нејзината утроба.

Ракел Уриостеки, мајката на убиената трудница, по изрекувањето на пресудата видно се потресе:

- Губењето на ќерка ми е нешто што никогаш нема да го прежалам.

Откако украденото бебе било сместено во болница, Клариса Фигуероа и нејзиниот партнер Пјотр Бобак тврделе дека бебето е нивно, па дури започнале и хуманитарна кампања за собирање помош за негово лекување. Пјотр подоцна на судењето признал дека помогнал да се отстранат трагите по убиството на бремената тинејџерка.

Страшното злосторство било неоткриено неколку недели, иако Џовани Лопез, сопругот на убиената, уредно ја пријавил за исчезната, но немал помош од надлежните да ја пронајдат. Полицијата реагирала дури по анонимна пријава во која било наведено дека е видена како исчезнатата влегува во куќата на Клариса Фигуероа. На 07.05.2019 година полицијата извршила претрес. Автомобилот на жртвата бил пронајден во близина на куќата на убиецот, а набрзо била наредена и ДНК анализа на бебето. Откако дошле резултатите од ДНК, полицијата ги уапсила мајката убиец, нејзината ќерка и нејзиното момче. Телото на жртвата било пронајдено закопано во дворот.

- Казната што ја доби никогаш нема да биде доволна и мојот син никогаш повеќе нема да ја прегрне мајка си. Изгубив дел од семејството и тоа секогаш ќе ме следи – низ солзи изјавил сопругот Џовани Лопез.


Нуркачи снимија како изгледа силен земјотрес под вода: Сега имам уште еден страв (ВИДЕО)

Страшно искуство е да се почувствува силен земјотрес, а група нуркачи го доживеале под вода додека јачината била 7,2 степени според Рихтеровата скала.

Видеото се рашири на социјалните мрежи, а корисниците пишуваат дека откако го погледнале, се наежиле и откриле нов страв.

На видеото се гледаат неколку нуркачи како пливаат меѓу коралниот гребен и уживаат во живописната глетка. Но, сè се менува кога ќе започне земјотресот. Прашина и нечистотија од морското дно се креваат и изгледаат како морничава магла.

So this is what an earthquake looks like underwater
byu/Literally_black1984 ininterestingasfuck

Се гледаат и нуркачи како се држат до коралите додека водата се движи побрзо и побрзо. „Да, мора да е кошмар“, „Изгледа страшно“, „Морничаво“, се само дел од коментарите.

Ужас во Англија: 80- годишен човек е запален во двор, соседите слушнале крици (ВИДЕО)

Две лица се уапсени откако полицијата пронашла изгорено тело на маж во задната градина на домот на едно „многу повлечено“ семејство, како што ги опишале соседите во Бредфорд.

Соседите во тивка уличка во Бредфорд пријавиле дека слушнале врисоци пред да видат како чад се издига зад куќата. Според извештаите, жртвата била 80-годишен маж кој живеел во куќата со помлада жена и нејзиниот син, објави Сан.

Многумина во соседството биле убедени дека човекот починал, затоа што не го виделе од пандемијата на коронавирус.

„Од градината доаѓаше чад, но не можевме да влеземе бидејќи портата беше затворена. Се обидовме насилно да ја отвориме портата и можевме да видиме крв и осакатено тело. Не можев да верувам, беше како нешто од хорор филм“, рекол соседот Мухамед.

„Семејството буквално никогаш не излегуваше надвор, тие се многу повлечени. Ова се случи целосно од ведро небо и сите се многу шокирани од тоа“, рече друг сосед кој сакал да остане анонимен.

Полицијата денеска соопшти дека го идентификувала телото на возрасен маж, но дека се уште се обидуваат официјално да го идентификуваат мажот и да им влезат во трага на неговите најблиски.

„Според информациите достапни во овој момент, ова го третираме како истрага за убиство. Мојот тим работи на утврдување на околностите кои довеле до смртта на човекот. Имаме две лица во притвор и не бараме никој друг во врска со овој инцидент, што се случи во тивка станбена улица, разбирам дека овој инцидент предизвика загриженост во пошироката заедница и има многу шпекулации за тоа што се случило и кој бил инволвиран.“

На местото на настанот се испратени пожарникарски екипи, полиција и брза помош, а соседите велат дека досега не виделе толку големо присуство на итните служби.

Противпожарната и спасувачка служба во Западен Јоркшир соопштија дека екипите го изгаснале пожарот на имотот.

„Ова беше многу шокантен инцидент за многу тивка и мирна заедница“, рече локалниот лабуристички советник Сајмон Канингам.

притисни ентер