Во судир на два авиони загинаа двајцата пилоти

Во судир на два мали авиони во воздухот при приоѓањето на регионалниот аеродром на Нов Зеленд загинале двајцата пилоти, соопшти полицијата.

Четворица падобранци кои биле во еден од двата авиона скокнале непосредно пред судирот со другиот авион кој се користел за обука.,

Хеликоптер пак кој се подготвувал за слетување за среќа успеал да го избегне судирот.

Полицијата соопшти дека двата авиона по судирот се урнале во реонот јужно од аеродомот Худ во близина на градот Мастертон.

Борис Џонсон ја наследи Тереза Меј

Борис Џонсон е избран за лидер на британската владејачка Конзервативна партија и воедно ќе биде и новиот британски премиер на местото на Тереза Меј.

Џонсон, ветуваше  дека Велика Британија ќе ја изнесе од ЕУ со или без договор, и воедно  беше фаворит и во анкетите спроведени пред изборите.

неколкумина членови на владата на Меј веќе најавија дека ќе поднесат оставки пред Џонсон да стапи на новата функција и самиот да ги отпушти поради противењето на неговата намера Велика Британија да ја изведе од Европската Унија без договор.

Британската министерка за образование ен Милтон денеска поднесе оставка поради „сериозна загриженост“ во врска со Брегзит без договор со ЕУ. Вчера оставка поднесе министерот за Европа и Америка, Алан Данкан а пред три дена најави за оставки имаа  и министерот за финансии Филип Хамонд и министерот за правосудство Дејвид Гок.

Сугарески: Реализација на гасоводот во Тетовско е 40 отсто

Реализацијата на магистралниот гасовод во реонот на Тетовско достигнува 40 отсто и се очекува брзо напредување поради решените предмети поврзани со експропријацијата, истакна министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Тој денес беше во Тетовско, каде изврши увид како се одвива обновата на патот до Попова Шапка.

– Изградбата на капитални проекти е врвен приоритет на нашата Влада. Во моментов се работи во сите сфери и во патната инфраструктура и во железничката и во гасоводната. Задоволен сум од динамиката на тоа што се случува со магистралниот гасовод. Динамиката на изградба на гасоводната магистрална мрежа од Скопје до Тетово и Гостивар оди добро. Ланската година беа решени голем број предмети од експропријацијата, што претставуваа сериозен проблем. Овој дел од гасоводот чини 29 милиони евра и реализацијата е околу 40 проценти, рече Сугарески.

Тој истакна дека со градоначалничката на Тетово, Теута Арифи разговарале и за тоа како оди процедурата за дистрибутивна мрежа во градот.

– Очекуваме наредната година институциите да бидат први кои ќе се приклучат на гасоводот. Се разбира ако општината ги направи нивни работи да можат да бидат приклучени прво институциите, а потоа и домаќинствата во Тетово, рече Сугарески. /МИА

Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ ги кочи медиумските реформи

Пратениците од СДСМ прашуваат зошто Илија Димовски се уште не ја свикал седницата на комисијата за избори и именувања на која треба да се изберат членови на советот на АВМУ и програмскиот совет на МРТ.

Повеќе во видеото.

притисни ентер