Фото: „Немирната“ ќерка на Синиша Михајловиќ

Убавата ќерка на славниот екс југословенски фудбалер а сега тренер Синиша Михајловиќ, Вирџинија во моментов ужива на одмор со своето момче.

„Немирната“ Вирџинија немаше проблем да плажа да го „нападне“ своето момче 20 годишниот фудбалер на Јувентус Алесандро Вољако.

Младиот Алесандро е под договор со Јуве но се уште чека на дебито во дресот на „старата дама“ поради тоа што досега  беше  позајмуван во екипите на Падова и Порденоне.

Вирџинија и Алесандро уживаат на одмор, а ќерката на популарниот Миха редовно своите следбеници на социјалните мрежи ги информира за нивните активности.

Гугл без дозвола ги собира тајните здравствени податоци на Американците

За тоа не ги известиле ниту докторите.

Според пишувањето на „Вол Стрит Џурнал“, компанијата Гугл без дозвола собира детали од здравствените податоци на милиони граѓани на САД.

Гугл за тоа не ги известил ниту граѓаните ниту докторите, а податоците ги презема од „Ascension“, што претставува втор најголем здравствен систем во САД.

Гугл собира информации од резултат на лабораториски испитувања, дијагнози и дневници за хоспитализација. Исто така, собира податоци од историјата на здравјето на поедини лица со нивните имиња и датуми на раѓање.

Гугл овој проект го нарекува „Nightingale“ и крајната цел е креирање на софтвер воден од вештачка интелигенција, кој како што наведува „Вол Стрит Џурнал“, ќе служи за идните апликации за следење на здравјето и општата состојба на корисникот.

Честитка до новиот цар на Јапонија од основачите на Македонско-Јапонското друштво на пријателство

Честитката се состои од пригодно писмо и примерок на слика од серијата „Цвеќе на мирот” на Поповски-Цветин. 

По повод устоличувањето на јапонскиот престол на Императорот Нарихито, членовите и едни од основачите на Македонско-Јапонското друштво на пријателство и соработка, поранешниот министер и амбасадор Мартин Треневски и уметникот и хуманист  Живко Поповски Цветин упатија честитка до новиот цар на Јапонија.

Честитката се состои од пригодно писмо и примерок на слика од серијата „Цвеќе на мирот” на Поповски-Цветин. Живко Поповски Цветин досега има подарено над 50.000 слики од серијалот „Цвеќе на мирот” на стотици државници и познати личности ширум светот (Перез Де Куељар, Бутрос Б. Гали, Кофи Анан, Џорџ Буш, Михаил Горбачов, Вили Брант, Сандро Пертини, Индира Ганди, Мајка Тереза и др.).

Императорот Нарухито го презеде јапонскиот царски престол по абдикацијата на неговиот татко, императоот Акихито, кој беше владетел на Јанпонија од 1989 година. Императорот Нарухито е 126 цар на Јапонија. Јапонската царска династија започна од шестиот век пред нашата ера и е најстара царска династија на планетава.

Јапонија е еден од најголемите донатори на Македонија. Со јапонска финансиска помош се опремени повеќе болници во нашата земја, а најголема помош е финансирање на системот  за водоснабдување „Злетовица”, како и во здравствениот и земјоделскиот сектор./МИА.

Првиот електричен Лексус пристигнува на 22. Ноември

Продукцискиот автомобил со електричен погон ќе дебитира во Кина, со оглед на тоа дека тој пазар е еден од најважните за Лексус.

Лексус својот прв сериски модел на струга ќе го претстави на 22 ноември во Кина. Иако овој јапонски премиум бренд до сега најмногу беше фокусиран на пазарот во САД, Кина овој пат доби предност кога станува збор за премиерата на електричниот автомобил, затоа што таа земја станува базар број 1 за се повеќе автомобилски компании.

Затоа електричниот Лексус наместо на саемот за автомобили во Лос Аннџелес, премиерата ќе ја направи во Кина.

Лексус како најава за премиерата објави фотографија на која не открива ништо за новиот модел, освен дека ќе има електричен погон. Прикажан е натписот „electric“, кој се наоѓа на истото место каде што кај хибридните Лексус модели пишува „hybrid“.

притисни ентер