Каков заклучок Македонија ќе добие на советот за општи работи во вторник?

Каков заклучок можеме да очекуваме во вторник на советот на министри на ЕУ, можно ли е одвојување на Македонија од Албанија од пакетот за проширување.

На овие прашања, одговори побаравме од Симонида Кацарска од институтот за европска политика.

Целиот разговор на Гоце Герасимовски со Симонида Кацарска погледнете го во видеото.

Трагедија на одмор во Египет: Ајкула нападнала дете, повредена и мајката

Ајкула нападна мајка и дете во морето во близина на одморалиштето Шарм ел-Шеик во Египет, пишува Си-Ен-Ен.

Детето ја изгубило раката, а мајката е тешко повредена.

Украинските туристи биле нападнати од ајкула додека пливале во националниот резерват Рас Мохамед, се вели во соопштението на украинската Државна агенција за развој на туризам.

Тие биле итно пренесени во меѓународната болница Шарм на лекување, мајката имала длабоки рани од гризнување, а детето ја изгубило раката и се здобило со длабоки рани на грбот, се вели во соопштението повикувајќи се на информации од украинската амбасада во Египет.

Сите активности во близина на местото на несреќата се прекинати, објави египетската државна новинска агенција Ал-Ахрам.

Според нив, заедно со споменатите украински туристи, повредени се дури пет лица, а меѓу нив има и туристички водич.

Невиден нокаут: ММА борецот стои, иако е во несвест(ВИДЕО)

Рускиот борец Вјачеслав Птичин на невиден начин го нокаутира својот сонародник Вјачеслав Расловац на натпреварот Modern Fighting Pankration.

Тој доби силен удар во првата рунда и противникот се онесвести. Сепак, тој не падна, туку остана да стои на нозе, а судијата ја прекина борбата.

Ваквиот нокаут предизвика прво неверување, а потоа и ентузијазам кај руските ММА фанови.

„Фантастичен нокаут на Птичин! Во борбените вештини сум веќе 40 години и никогаш не сум видел вакво нешто“, напиша на Инстаграм Дмитриј Конков, претседател на МФП.

Тој додаде дека Расловц се опоравил после бизарниот нокаут.

Нови 862 случаи на ковид-19, починати 14 лица,најмладиот е 35-годишен скопјанец

Нови драматични бројки, безмалку идентични со вчерашниот рекорден биланс на новозаразени со корона вирус.Од направени 2.699 тестирања регистрирани се 862 позитивни случаи.. 14 пациенти ја загубија битката со вирусот,најмладиот е 35-годишен скопјанец.

Триесет и пет годишен пациент од Скопје е меѓу починатите од КОВИД-19 изминатово деноноќие. Битката со вирусот ја загубија уште 13 други лица, со што црната листа на жртви од опасниот вирус сега се искачи на 977.

Од 2699 тестирани изминативе 24 часа, 862 лица или 32 отсто се КОВИД позитивни. Само во главниот град има 390 нови случаи. Следуваат Прилеп и Велес со 55 односно 53 нови заболени. Двоцифрена бројка има во уште 13 други градови.

Главното корона жариште во Скопје и натаму е во Аеродром со 760 случаи. Над 500 заразени има и во општините Карпош, Центар, Гази Баба и Кисела Вода.

Како оздравени се водат уште 223 лица. Вкупната бројка на регистрирани случаи е се поблиску до 30.000, а како активни се водат 8587 лица.

Трката за слободен кревет и натаму не стивнува. Инфективна исполнета до последно место, вклучително и модуларната болница. Филипче смирува – никому нема да недостасува медицинска грижа. Нови пациенти ќе се примаат во две дополнителни одделенија на Клиничкиот центар.

„Со оглед на тоа што модуларната болница е скоро исполнета, Институтот за белодробни заболувања и дополнителни болнички легла во рамките на повеќе интерни клиники – клиниката за дерматологија и неврологија која што има пристап до централен довод на кислород. И болнички легла има доволно, и кадарот е спремен да работи со пациенти.“

Меѓу пациентите на Инфективна е и првиот човек на МВР Оливер Спасовски. Тој веќе трет ден е КОВИД позитивен а е хоспитализиран поради покачена телесна температура. Неговата здравствена состојба е стабилна.

притисни ентер