Ентони Дејвис нов член на ЛА Лејкерс

Одличниот центар го исполни сонот од детсвото. Еден од најдобрите кошаркари во НБА лигата, извонредниот центар Ентони Дејвис од следната сезона ќе настапува за тимот на ЛА Лејкерс.

Само два дена по крајот на сезоната и триумфот на Торнто во големото НБА финале, се случи и првиот голем „Трејд“ во најсилното светско кошаркарско првенство.

26 – годишиот центар Ентони Дејвис познат како веѓа , конечно стана член на жолтите од Ел еј, во трансфер за кој се бореше уште од почетокот на годината.

По неколку тешки месеци во кои 208 см, високиот Дејвис дури беше и острануван од тимот Њу Орлеанс се согласи да го испрати својот центар во ЛА Лејкерс..

Езерџиите оваа привилегија ја „платија“ со тројца свои кошаркари и три права на драфт.

Од денеска нови членовци на Њу Орлеанс се 21 годишните, плејот Лонзо Бо, крилото Брендон Инграм и три години повозрасниот бек шутер Џош Харт. Лејкерси на популарните Пеликани им испратија и три пика од првата рунда на драфт, меѓу кој е вклучен и четвртиот од годинешниот НБАЗ драфт.

Директорот на ФБИ: „ТикТок“ е проблем за националната безбедност на САД

Директорот на ФБИ, Кристофер Реј изјави дека социјалната апликација „ТикТок“ е проблем за националната безбедност на САД, пренесе БТА.

Реј ја објави оваа изјава додека американскиот Конгрес се подготвува да гласа за легислативата за забрана на апликацијата.

-Апликацијата и припаѓа на кинеската компанија ByteDance, која „има обврски кон кинеската влада“, рече Реј во ексклузивно интервју за Ен-би-си Њуз.

-Кога се разгледува моќта, пристапот, технолошките способности и контролата што ги има ТикТок, Американците треба да се запрашаат што мислат за моќта, пристапот, можностите и контролата што ги има компанијата што е сопственик на ТикТок, кинеската влада и, на крајот, кинеските разузнавачки служби, посочува директорот на ФБИ.

Претставничкиот дом на САД во саботата одобри голем пакет помош за Украина, Израел и Тајван. Во рамките на овој пакет е содржан и ултиматумот во врска со „ByteDance“. Се очекува пакетот помош брзо да биде одобрен од Сенатот.

Американските власти тврдат дека ТикТок и овозможува на кинеската влада да шпионира и манипулира 170 милиони корисници во Соединетите држави. /МИА

ДИК: Немаме пријавено поголеми неправилности (во живо)

Прес-конференција на Државната изборна комисија.

Од Државната изборна комисија велат дека досега нема пријавено погоелеми неправилности околу гласањето за првиот круг од претседателските избори. На неколку гласачки места се појавиле мали технички проблеми кои се решаваат во од.

Наредната прес конференција на ДИК е закажана за 13 и 30 часот, кога повторно ќе информираат за текот на гласањето.

Македонија меѓу земјите со најмногу планински области во светот

Бутан, мала јужноазиска земја лоцирана во источните Хималаи, е најпланинската земја во светот, со планини кои покриваат 98,8% од нејзината вкупна површина.

Просечната надморска височина на Бутан е 3.280 метри надморска височина.

На листата следува Таџикистан со 91.9% покриеност со планини, потоа Киргистан со 90.7%, Лесото со 90.5%, Црна Гора со 89.3%, Ерменија со 85.9%.

Македонија е седма на оваа листа со 85.5% планински области, следува Швајцарија со 83.6%, Либан со 81.1% и Непал со 80.7% покриеност со планини.

притисни ентер