„Трескавец" се обновува според роковите, но потребно е решавање на неколку клучни зафати

Работите со обновата на опожарените конаци на манастирот „Трескавец" кај Прилеп се при крај, но за проектот да помине на технички преглед потребно е да се решат прашањата со водоводот до манастирот, без кој не може да има технички прием на објектот.

Се работи и на пречистителната станица. Освен тоа, годинава треба да завршат истражувачките работи, а в година да почне конзервацијата на манастирската црква „Успение на пресвета Богородица" што е битно за целиот комплекс „Трескавец" да биде комплетно завршен.

Ова го констатираа изведувачот, фирмата „Кота" од Белград, прилепскиот Завод и музеј, градските власти на Прилеп и Министерството за култура при посетата на претставниците на институциите на манастирот „Трескавец".

Конаците на манастирот се обновуваат по пожарот од пред пет години што до темел ги уништи. Претставниците на изведувачот, заменик-министерот за култура Владимир Лазовски, директорот на прилепскиот Музеј, Благоја Атанасоски, прилепскиот градоначалник Илија Јованоски заедно со единствениот жител на манастирот, отец Калист, направија увид во работите.

Според Благоја Атанасоски, директор на прилепскиот Завод и музеј, работите на обновата на конаците течат непречено, но има проекти што мора да се завршат, врзани и за конаците и за придружните објекти. По повеќе време се знае дека конзервацијата на црквата, која има фрескоживопис меѓу најстарите на Балканот, ќе почне в година. Според Атанасоски, досега имало пропусти, зашто мора да се проширува проектот за пречистителна станица.

– Работите се во тек и во завршна фаза. Динамиката гарантира дека во предвидениот рок ќе завршат работите на обновата на конаците. Паралелно се работи и на придружните објекти, иако капитални се реставрацијата и конзервацијата на црквата, а тука се и трпезаријата, магерницата, камбанаријата. За нив се работат истражувачките активности. Формирани се стручни тимови. Оваа година ќе бидат изготвени проекти, за наредната година дефинитивно да почнеме со конзервацијата на црквата и на другите објекти. Работиме и на две ставки што, за жал, не биле предвидени во првичниот проект и не одговараат на стандардите што ги бара капацитетот на комплексот. Тоа е проектот за пречистителна станица, зашто досегашниот предвидува само за малку, пет луѓе. Со Министерството за култура правиме напори да одвоиме средства за проект што ќе ги задоволи стандардите и потребите на манастирскиот комплекс. Тоа значи дека пречистителната станица треба да биде за потребите на стотина луѓе. Ќе вршиме интервенција и на трафостаницата што треба да ги задоволи сегашните проширувања на капацитетите, поради современите електрични и електронски апарати. Барањето е поднесено до ЕВН, објаснува Атанасоски.

Фондот за конаците што се троши е околу два милиона евра, без интервенциите на придружните објекти. Претстои најкомплицираниот дел од работата на овој комплекс, зашто црквата бара посебен третман, конзервација и на архитектурата и на живописот, но и работите околу магерницата, трпезаријата. Значи, во овој момент за рок не може да се говори.

– Процесот трае, но никогаш не почнало темелно да се работи. Се правеле интервентни, но не значајни работи, па затоа црквата „Успение на пресвета Богородица" е во ваква состојба. Но мора да се задржат стандардите и стручните интервенции, посебно на живописот на црквата, кој е еден од најстарите и на Балканот. Инаку, се работи на проектот на водоводот и се бара најдоброто решение, а без тоа не може да се направи технички прием на комплексот. А тука се проектите за пречистителната станица и за заштита од пожари, вели Атанасоски.

Никола Ѓулизибариќ од фирмата „Кота" од Белград, кој ги изведува работите и е директор на изведбата на објектот, вели дека иако имаше ревизија на проектот за противпожарна заштита, најбитно е да завршат занаетчиските работи и ентериерот на конаците. Работат според роковите.

– Направивме ревизија на проектот за заштита од пожари. Тоа не ни е проблем, тоа се одвива брзо, посебно со инсталациите. Ќе ги завршиме занаетчиските работи што се убави, но бараат време за изведба и се вистинска уметност. Ние ќе внимаваме до среднината на наредниот месец, решавајќи ги техничките и некои материјални проблеми, работите да ги приведеме кон крајот. Почнавме кон крајот на април 2016 година, имајќи предвид дека во зимските месеци не се работи. Според договорот за изведба се три години, ама работни денови. Така, ние сме фактички пред рокот. Условите за работа се отежнати, особено во зима. Значи, нам ни е најбитно да ги завршиме занаетчиските работи, ентериерот, да се направат водоводот и пречистителната станица и тоа ќе биде крај на работите, рече Ѓулизибариќ.

Единствениот жител на манастирот „Трескавец", отец Калист, вели дека е неопходно да се реши прашањето со водоводот. Има разбирање од Министерството за култура.

Инаку, и додека се работи, „Трескавец" го привлекува вниманието на посетителите од целиот свет, само што кратко остануваат, поради изведбите. Капацитетот ќе биде барем за педесетина посетители да престојуваат подолго.

– Градежните работи се во завршна фаза и очекуваме до крајот на септември да бидат готови. Но, за да биде сѐ готово, мора да биде завршен проектот за водоснабдување на манастирот, зашто без тоа не може да ги пуштиме во употреба конаците. Заменик-министерот за култура Лазовски покажа интерес за ова и за нашите идни неопходни проекти: проектот за реставрација на црквата „Успение на пресвета Богородица", проектот за старата трпезарија и сѐ она што значи проектот „Трескавец" да биде заокружен. Посетителите никогаш не загубиле интерес за „Трескавец", без разлика што овие години се обновува. Секојдневно има посети, но сега, поради работите на обновата, тие посети се еднодневни. Се надеваме дека од следното лето ќе имаме можност да ги поканиме гостите и на ноќевање, објаснува отец Калист.

Прилепскиот градоначалник Илија Јованоски смета дека работите се одвиваат според роковите, а за туристичка презентација и не само на „Трескавец" има проект финансиран од ЕУ.

– Во „Трескавец" гледаме дека работите се при крај и се надевам дека за брзо време ќе дојдеме да „ги отвориме" обновените конаци. Имаме еден заеднички проект за сите главни историски монументни во градот што ги опфаќа манастирите „Трескавец", „Свети Архангел Михаил" и Марковите кули, финансиран од ЕУ, со кој се прават брошури, патокази, мапи за да им покажеме на гостите и на туристите што доаѓаат за подобро да се снајдат и да ги посетат овие три битни локалитети, значајни како за Прилеп така и за Македонија./МИА

Убила 19-годишна трудница и ѝ го украла бебето од матката-осудена е на 50 години затвор (ВИДЕО)

Клариса Фигуероа (51) е осудена на половина век затвор откако убила бремена тинејџерка во Чикаго намамувајќи ја во нејзината куќа за да ѝ го украде бебето од утробата, кое потоа го претставила како свое.

Тоа е, накратко, епилогот од страшното злосторство што го потресе овој дел на САД, а се случи во 2019 година, објави Еј-Би-Си Њуз.

Марлин Очоа-Лопез (19), мајка на двегодишно момче, која била во поодмината бременост, била намамена од Клариса во нејзиниот дом со ветување дека ќе ѝ даде бесплатна облека за бебето. Страшното злосторство го извршила со помош на нејзината ќерка Дезире, која во јануари ја признала вмешаноста во убиството кога била осудена на 30 години затвор. Мајката и ќерката ја задавиле трудница со електричен кабел. Клариса, која е медицински работник, сакала да го претстави бебето како свое, а откако го извлекла од стомакот на мајката повикала брза помош. Поради повредите, бебето два месеци било на интензивна нега во болница, но и покрај сите напори на лекарите, починало.

За време на судењето, се тврдело дека Клариса Фигуероа го изгубила своето бебе пред злосторството, а потоа им кажала на членовите на семејството дека повторно е бремена. Во октомври 2018 година, таа ѝ кажала на својата ќерка дека ѝ треба помош да убие трудница и да го украде бебето од нејзината утроба.

Ракел Уриостеки, мајката на убиената трудница, по изрекувањето на пресудата видно се потресе:

- Губењето на ќерка ми е нешто што никогаш нема да го прежалам.

Откако украденото бебе било сместено во болница, Клариса Фигуероа и нејзиниот партнер Пјотр Бобак тврделе дека бебето е нивно, па дури започнале и хуманитарна кампања за собирање помош за негово лекување. Пјотр подоцна на судењето признал дека помогнал да се отстранат трагите по убиството на бремената тинејџерка.

Страшното злосторство било неоткриено неколку недели, иако Џовани Лопез, сопругот на убиената, уредно ја пријавил за исчезната, но немал помош од надлежните да ја пронајдат. Полицијата реагирала дури по анонимна пријава во која било наведено дека е видена како исчезнатата влегува во куќата на Клариса Фигуероа. На 07.05.2019 година полицијата извршила претрес. Автомобилот на жртвата бил пронајден во близина на куќата на убиецот, а набрзо била наредена и ДНК анализа на бебето. Откако дошле резултатите од ДНК, полицијата ги уапсила мајката убиец, нејзината ќерка и нејзиното момче. Телото на жртвата било пронајдено закопано во дворот.

- Казната што ја доби никогаш нема да биде доволна и мојот син никогаш повеќе нема да ја прегрне мајка си. Изгубив дел од семејството и тоа секогаш ќе ме следи – низ солзи изјавил сопругот Џовани Лопез.


Нуркачи снимија како изгледа силен земјотрес под вода: Сега имам уште еден страв (ВИДЕО)

Страшно искуство е да се почувствува силен земјотрес, а група нуркачи го доживеале под вода додека јачината била 7,2 степени според Рихтеровата скала.

Видеото се рашири на социјалните мрежи, а корисниците пишуваат дека откако го погледнале, се наежиле и откриле нов страв.

На видеото се гледаат неколку нуркачи како пливаат меѓу коралниот гребен и уживаат во живописната глетка. Но, сè се менува кога ќе започне земјотресот. Прашина и нечистотија од морското дно се креваат и изгледаат како морничава магла.

So this is what an earthquake looks like underwater
byu/Literally_black1984 ininterestingasfuck

Се гледаат и нуркачи како се држат до коралите додека водата се движи побрзо и побрзо. „Да, мора да е кошмар“, „Изгледа страшно“, „Морничаво“, се само дел од коментарите.

Ужас во Англија: 80- годишен човек е запален во двор, соседите слушнале крици (ВИДЕО)

Две лица се уапсени откако полицијата пронашла изгорено тело на маж во задната градина на домот на едно „многу повлечено“ семејство, како што ги опишале соседите во Бредфорд.

Соседите во тивка уличка во Бредфорд пријавиле дека слушнале врисоци пред да видат како чад се издига зад куќата. Според извештаите, жртвата била 80-годишен маж кој живеел во куќата со помлада жена и нејзиниот син, објави Сан.

Многумина во соседството биле убедени дека човекот починал, затоа што не го виделе од пандемијата на коронавирус.

„Од градината доаѓаше чад, но не можевме да влеземе бидејќи портата беше затворена. Се обидовме насилно да ја отвориме портата и можевме да видиме крв и осакатено тело. Не можев да верувам, беше како нешто од хорор филм“, рекол соседот Мухамед.

„Семејството буквално никогаш не излегуваше надвор, тие се многу повлечени. Ова се случи целосно од ведро небо и сите се многу шокирани од тоа“, рече друг сосед кој сакал да остане анонимен.

Полицијата денеска соопшти дека го идентификувала телото на возрасен маж, но дека се уште се обидуваат официјално да го идентификуваат мажот и да им влезат во трага на неговите најблиски.

„Според информациите достапни во овој момент, ова го третираме како истрага за убиство. Мојот тим работи на утврдување на околностите кои довеле до смртта на човекот. Имаме две лица во притвор и не бараме никој друг во врска со овој инцидент, што се случи во тивка станбена улица, разбирам дека овој инцидент предизвика загриженост во пошироката заедница и има многу шпекулации за тоа што се случило и кој бил инволвиран.“

На местото на настанот се испратени пожарникарски екипи, полиција и брза помош, а соседите велат дека досега не виделе толку големо присуство на итните служби.

Противпожарната и спасувачка служба во Западен Јоркшир соопштија дека екипите го изгаснале пожарот на имотот.

„Ова беше многу шокантен инцидент за многу тивка и мирна заедница“, рече локалниот лабуристички советник Сајмон Канингам.

притисни ентер