МЗ: Денеска е крајниот рок за пријавување на јавниот повик за изразување интерес за работа на доктори на медицина во ПЗЗ во ЗД

 Министерство за здравство соопшти дека денеска е крајниот рок за пријавување на јавниот повик за изразување на интерес за работа на доктори на медицина во примарна здравствена заштита (ПЗЗ) во здравствен дом.

Од Министерството ги повикуваат заинтересираните доктори на медицина со лиценца за работа во ПЗЗ да се пријават на јавниот повик и да достават писмо за интерес до Министерството, со цел да се обезбеди можност за работа во траење од шест месеци.

Согласно член 8 од Законот за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита докторите на медицина со лиценца за работа треба да поминат на работа шест месеци во примарна здравствена заштита во здравствен дом, како еден од условите за запишување на специјализација.

Овој услов е задолжителен за сите здравствени работници со високо образование од областа на медицината – доктори на медицина кои со лиценца за работа се стекнале или ќе се стекнат по 22 мај 2019 година согласно Законот за дополнување на Законот за здравствената заштита. Заинтересираните доктори на медицина треба да имаат завршена пробна работа, положен стручен испит и лиценца за работа, посочуваат од Министерството.

Работата во траење од шест месеци, како што се наведува, ќе се спроведува во јавните здравствени установи – здравствени домови и општи болници со проширена дејност што вршат дејности и на примарна здравствена заштита, во дејностите на итна медицинска помош и домашно лекување, превентивна здравствена заштита за предучилишни и училишни деца и поливалентна патронажа.

Со стекнување искуство и со добивање шанса за работа тие ќе добијат дополнителен стимул за професионална надградба во својата кариера. Со овие мерки, од Министерството веруваат дека ќе ги задржат лекарите да работат во јавното здравство, а не да заминуваат надвор од земјата.

За пријавување на јавниот повик потребно е да се достави писмо за интерес, во кое е задолжително да се наведат: име и презиме, адреса на живеење, контакт-телефон и адреса на електронска пошта (мејл-адреса), копија од лиценцата за работа и да ја наведат јавната здравствена установа за која изразуваат интерес според местото на живеење на заинтересираниот кандидат. Пријавата, заедно со документацијата потребно е да се достават во Министерството за здравство, ул. „50-та Дивизија" бр.14, 1000 Скопје, најдоцна до денеска, 15 јуни, со назнака: Јавен повик за изразување интерес за работа во примарна здравствена заштита во здравствен дом, стои во соопштението. 

Дневен хороскоп за 18. јули 2019 година

Дневен хороскоп за четврток , 18. јули 2019 година. 

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Ќе препознавате убавина во се што ве опкружува и со чисти намери ќе им приоѓате на лицата од спротивниот пол.

Кариера

Вашата објектиовност, професионалност и посветеност во работата, секому ќе биде пример како се работи.

Здравје и совет

Стабилни сте и цврсти.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Можно е да налетате на убава љубовна шанса. Не седете дома, туку излезете меѓу луѓе.

Кариера

Оние кои работат со млади , ќе бидат во добивка. Сите останати ќе ги забавуваат колегите на работа.

Здравје и совет

Ќе се чувствувате одлично.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Во личните односи денеска ќе преовладува опуштена атмосфера. Ммногумина ќе ја подобрат својата врска.

Кариера

Ќе имате шанса да уживате вбо сите благодети на своите достигнувања. Задоволството со резултатите од работата е гарантирано.

Здравје и совет

Поминете го слободното време со пријателите.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Еден семеен проблем ќе биде критичен и ќе бара итно решавање. Тоа ќе ви одземе поголем дел од времето што требало да го поминете со саканата личност.

Кариера

Денот е одличен за секаков вид анализирање. Ако има некакви заостанати работи , ќе ги завршите.

Здравје и совет

Бидете трпеливи и издржете.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Денеска ќе се посветите на некои семејни проблеми , па за саканата личност ќе ви остане многу малку време.

Кариера

Имате потреба привремено да се повлечете. Некои ќе тргнат на кус годишен одмор , а оние кои работат , само ќе ги одработуваат задачите.

Здравје и совет

Игнорирајте ги грижите.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Пред вас е уште еден ден со фрустрации , кога станува збор за љубовта.Речиси ништо нема да ви оди од рака.

Кариера

Шансата за напредување во кариерата е тука, но со неа одат ред , работа , дисциплина и одговорност.

Здравје и совет

Прифатете ги предизвиците.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Би можеле да бидете на раб на одлука за прекин на една приватна врска , но немојте ништо да решавате. Утре ќе ви изгледа поинаку.

Кариера

Вашите претпоставени веројатно ќе ја анализираат состојбата и ќе ја менуваат така што ќе се смени и вашиот статус. На подобро.

Здравје и совет

Пад на имунитетот.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Денеска на многу спонтан начин би можеле да запознаете интересна личност. Се ќе почне без никакви обврски.

Кариера

На повидок е подготовка за кусо службено патување, кое би требало да ви донесе задоволство.

Здравје и совет

Ќе бидете весели.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Во текот на денот ќе си поставувате нови приоритети во личните односи. Ќе сфатите што всушност ви е важно.

Кариера

Ќе мора да се позанимавате со еденфинансиски проблем. Ќе успеете да најдете задоволително решение.

Здравје и совет

Цврсто стоите на земја.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Денеска е вашиот вистински љубовен ден. Се ќе ви биде поврзано со љубов , размена на исти идеи, телепатско разбирање и поврзување.

Кариера

Едни би можеле да се впуштат во професионално усовршување, други ќе добијат стипендија , а трети ќе се поврзат со странци.

Здравје и совет

Успешно се справувате со уморот.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Доколку сте се поврзале со личност од друго поднебје , денеска уште повеќе ќе се зближите. Ќе бидете задоволни.

Кариера

Со силата на духот и одличните идеи ќе го надвладеете заморот и постојаните барања кои можеби не ви се интересни.

Здравје и совет

Ќе се засили вашата смисла за хумор.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Ќе се интензивира комуникацијата меѓу вас и лицата од спротивниот пол. Оние кои сеуште се сами , ќе се затекнат во шармантно друштво.

Кариера

Веројатно сте на патување на кое му се радувате. Склулчувате деловни догиовори со малку напор , но во исто време и се забавувате.

Здравје и совет

Немате смисол за хиерархија.

БМВ: Нема разлика помеѓу задниот и предниот погон

Откако компанијата БМВ одлучи дека во серијата 1 нема повеќе да има возила со погон на задните тркала, се чини дека многу луѓе се разочараа поради тоа.

Меѓутоа од БМВ тврдат дека е скоро невозможно да се осети разликата помеѓу предниот и задниот погон, како што било случај пред 15 години.

Фото: Како би изгледале познатите кога ќе остарат

Благодарение на последниот тренд каде преку мобилната апликација „FaceApp“, скоро сите го пробаа филтерот кој со неговата вештачка интелигенција генерира фотографија и прикажува како  би изгледале кога ќе остарат.

Некој се сетил и направил вакви фотографии од познатите личности, еве како би изгледале тие.

-Џон Сноу

-Фарел Вилијамс

-Пол Рад

-Лионел Меси

притисни ентер