Позната е причината за уривањето на рускиот авион , во кој загинаа 41 патник (ВИДЕО)

Државната комисија утврди од што се урнал патничкиот авион Сухој на московскиот аеродром , кога загинаа 41 патник и членови на екипажот.

Сухој Суперџет 100 во мај се урна на московскиот аеродром , откако во него удри молња, по што престанал да работи автопилотот и авионот со огромна брзина уудри во пистата и се запали.

Причината за несреќата е молња , што предизвикал прекин на работата на системот за управување , се наведува во извештајот на Меѓународниот воздухопловен одбор.

Нема заклучок дали за несреќата треба да одговара пилотот. Во авионот на 5. мај летаа 73 патници и 5 члена на екипажот. Авионот , по удар на гром морал принудно да слета на аеродромот Шертеметјево во Москва.

Авионот удри силно во пистата , се запали и продолжи да се движи како огнена топка.

Утре без вода дел од општина Чаир кај Скопски пазар

Од ЈП Водовод и канализација известуваат дека утре без вода ќе останат корисниците од ул. Покриен Пазар, дел од ул. Алберт Станиќ, Евлија Челебија, Самарџиска и Атанас Бабата во општина Чаир.

Жителите ќе останат без вода поради дефект на вентил на водоводна мрежа на булеварот „Крсте Мисирков" (Скопски пазар).

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на интервенцијата./МИА

Седум новозаболени во тетовско откако вчера немаше ниту еден нов случај

Тетовскиот центар за јавно здравје бележи седум нови случаи со коронавирус во изминатото деноноќие откако вчера немаше ниту еден нов заболен.

– Од седумте нови случаи пет се во рамки на општина Тетово и по еден човек заболен од населените села во општините Јегуновце и Брвеница, информира д-р Зорица Зафировска, специјализант по епидемиологија при Центар за јавно здравје Тетово.

Според податоците на Институтот за јавно здравје во тетовскиот регион има пет оздравени од Ковид-19. Вкупната бројка на дијагностицирана достигна 1064 додека активно болни се 222 луѓе./МИА

Казни за десет правни субјекти на охридското крајбрежје

Од Локалната самоуправа посочуваат дека и во текот на наредниот период инспекторатот ќе спроведува интензивни контроли на угостителските објекти и плажите на Охридското крајбрежје.

Општинскиот инспекторат од Охрид во текот на празничниот викенд, во координација со Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд спроведоа заеднички контроли и извршија инспекциски надзор на плажите, угостителските и сместувачките капацитети, од аспект на почитување на законските прописи за поставување на урбана опрема и почитување на протоколите за превенција од Корона вирусот Ковид-19, при што се изречени казни на десет правни субјекти.

Станува збор за казни против пет правни субјекти од автокампот „Градиште" што ги прекршиле одредбите од Законот за градење при што за секој од нив е изречена глоба во износ од седум илјади евра во денарска противвредност. Инспекторите констатирале дека тие правни субјекти незаконски поставиле урбана опрема – тераси со и без натстрешници и покриени и непокриени шанкови, без одобрение за поставување на урбана опрема или спротивно на одобрението за поставување на урбана опрема.

Во текот на инспекцискиот надзор на делот од крајбрежјето на потегот во населбата „Свети Стефан" каде што во текот на изминатиот период се вршеше отстранување на бесправни градби, исто така од страна на општинските инспектори е утврдено законско прекршување, при што се изречени глоби против исто пет правни субјекти, со идентичен износ од по седум илјади евра во денарска противвредност.

Од Локалната самоуправа посочуваат дека и во текот на наредниот период инспекторатот ќе спроведува интензивни контроли на угостителските објекти и плажите на Охридското крајбрежје и ќе ги санкционира сите прекршувања на законските одредби. /МИА

притисни ентер