Во 13 општини започна пробниот попис

Попишувачите денеска излегоа да го скенираат теренот,во 13 општини.

Така беше во населбата Кисела Вода. Оваа екипа од државниот завод за статистика ги бележеше границите каде ќе се одвива пописот. Само дел од населението ќе биде опфатено со пробниот попис. Утре од 9 часот попишувалите ќе тропнат на вратите на домовите кои треба да бидат опфатени со оваа статистичка операција

Власта и опозицијата сѐ уште не го усогласија предлог законот за попис.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека предложениот закон е спорен и дека истиот тој е производ на договор меѓу СДСМ и ДУИ. Бараат и со нив да бидат извршени консултации .Директорот на заводот за статистика уверува дека пописот ќе се спроведе во согласност со европските стандарди

За попушувањето на лицата кои живеат во странство, тој вели дека оваа статистичка опарација нема да ги опфати лицата кои немаат државјанство

Пилот проектот за попишување ќе се спроведе во 32 пописни кругови и тоа во Гостивар, Кисела Вода, Зелениково, Штип, Радовиш, Куманово, Свети Николе, Кратово, Прилеп, Долнени, Струга, Кичево и Валандово. А пописот на населението, домаќинствата и становите треба да се реализира во април 2020 година.

Гасперини: Победата над Ливерпул е како трофеј за Аталанта

-Несомнено ни е важно да освоиме нешто, но победа е и да го видиме единството на овие момци, изјави Гасперини.

Тренерот на Аталанта, ЏанПјеро Гасперини по пласманот на неговиот тим во полуфиналето на Лига Европа, по победата од 3:0 против Ливерпул на „Енфилд“ пред една недела и тесниот пораз од 0-1 синоќа во реваншот, изјави дека елиминирале „одличен тренер и одличен тим“.

- Несомнено ни е важно да освоиме нешто, но победа е и да го видиме единството на овие момци. На полувремето ги прашав дали сакаат малку да се повлечат и да се бранат подлабоко, дали чувствуваат притисок, но тие рекоа апсолутно не! Ова е трофеј за мене, оваа победа е како трофеј за Аталанта, бидејќи тие размислуваат како мене. Кога клуб како нашиот ќе успее да постигне резултати далеку од историјата на Аталанта и Бергамо, морам да го сметам за исклучителен за мојата кариера, за Бергамо и за сите останати, изјави Гасперини.

Во полуфиналето Италијанците ќе ги одмерат силите со тимот на Марсеј, кој по продолженијата и пенали ја совлада португалска Бенфика. Средбите се на 2 и 9 мај. /МИА

За брзо возење вчера казнети 133 возачи низ државата

Во сообраќајна контрола на територијата на државата полицијата вчера казнила 133 возачи поради брзо возење, од нив две возила се  движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, 64 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 69 надвор од населено место.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, соопшти МВР.

Батлер чека вести за својата повреда: Немам добро чувство...

Бекот на Мајами, Џими Батлер, ќе биде подложен на магнетна резонанца на повреденото десно колено пред да гостува во Чикаго во меч од плеј-инот на НБА.

Конечната одлука нема да биде донесена додека не се прочитаат резултатите од тестовите, а Батлер би можел да пропушти барем неколку недели. Кошаркарот се повреди во првата четвртина од натпреварот против Филаделфија.

- Немам добро чувство, тоа е се што можам да кажам. Се надевам дека сум добро, коментираше Џими Батлер по натпреварот.

Агентот на Батлер, Берни Ли потврди за западните медиуми дека степенот на повредата се уште е нејасен.

Триесет и четири-годишниот бек имаше просек од 20,8 поени на 60 натпревари за Хит оваа сезона. /МИА

притисни ентер