Соопштение до јавноста дистрибуира Алијансата на Албанците на Зијадин Села , во кое се нагласува оти внимателно ги препрочитале соопштенијата од кабинетот на Меркел, но не виделе датум кога би се испорачал датумот за старт на преговорите со Македонија.
Во изјавата на германската канцеларка не се споменуваат зборовите ширење, туку само зајакнување на стабилноста во регионот.
Нас не загрижува изјавата на претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск и претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, кои јавно признаваат дека консензус меѓу дваесет и осумте земји членки на еу за доделување датум на Македонија за старт на преговорите, не постои. И причините за ова се многу јасни,
Во извештајот за напредокот се забележува дека корупцијата е распространета во многу области и останува предмет на загриженост, како и непочитувањето на независноста на судството и политичко мешање остануваат значителни проблеми. На граѓаните треба да им биде јасно дека ова е главната причина за одложувањето на одлуката за отворање на преговорите.
Неуспехот на СДСМ и ДУИ да ги отвори пристапните преговори ова лето треба да го отвори патот за создавање на услови за да се подготви земјата за предвремени избори, се наведува во соопштението на Алијанса на Албанците.