Мицкоски: Летово нема датум за преговори со ЕУ

 Ова лето, ниту во јуни, ниту во јули нема да добиеме датум за отпочнување преговори со ЕУ, истакна вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски .

Тој најави дека ќе предложи на Извршниот и на Централниот комитет, ВМРО-ДПМНЕ со сиот свој потенцијал на ниво на висок дијалог да работи со Владата за надминување на сите пречки што стојат на патот за нашата држава во октомври да добие датум за преговори.

– Интересот на граѓаните и на државата е пред се и над се и така треба да се однесуваме. Ако гледам лично, партиски, да, можеби сега е моментот кога ВМРО-ДПМНЕ треба да излезе и да побара предвремени паралментарни избори и да победи. Но, дали таа победа ќе ја оддалечи нашата земја за уште една изгубена година до следниот датум кога треба да се одлучува за евентуален датум за преговори, се ризиците што постојат, рече Мицкоски и додаде дека треба да се работи за иднината на државата.

Според него, ако се чекаат одлуките на Централниот одбор на СДСМ и од тоа зависат одлуките во Владата тогаш, како што рече, сме го погрешиле политичкиот систем во државата, тоа е погрешен пристап и лош пример за во иднина и уште еден минус на контото на државата во октомври.

Тој рече дека СДСМ води политика на материјализам и клиентелизам. Според него, огромно е задолжувањето на Владата, а реализацијата на капиталните инвестиции е катастрофална. /МИА.

Активни два пожари во Прилеп, општинскиот кризен штаб на вонреден состанок

На вечерашниот состанок на Општинскиот кризен штаб, свикан на барање на градоначалникот на Општина Прилеп Илија Јованоски, се расправаше за новонастанатата ситуација со пожарите кои деновиве ја  зафатија околината на Прилеп.

-Да напоменам дека во текот на вчерашниот и денешниот ден изгаснат е пожарот на потег Канатларци – Подмол, додека пожарот кој почна на 2 август на потегот Топлица – Ракле – Никодин се уште е активен. Денеска во попладневните часови се зголемија трите краци, едниот крак оди кон населеното место Никодин, вториот крак се движи од Ракле кон запад и третиот од Топлица кон магистралниот пат Прилеп – Градско. На денешниот кризен штаб се договоривме дека рано наутро, 30 припадници на Армијата, 16 претставници од Македонски шуми и ТППЕ да се упатат на местото на настанот се со цел да се укаже помош. Јавните комунални претпријатија исто така се мобилизирани и ќе бидат на повик доколку е потребно засилување, посочи градоначалникот Јованоски.

Тој потенцираше дека е во постојана комуникација со Центарот за управување со кризи, командирите на ТППЕ и Армијата, како и со директорите на јавните комунални претпријатија.

Ким Џонг – ун бил на состанок со фластер на главата, се зборува за неговото здравје (ВИДЕО)

Ким Џонг-ун се појавил во јули на состанокот со воените и полициските лидери со фластер на задниот дел од главата, што предизвика нови гласини за неговата здравствена состојба.

Видеото што се појави во медиумите на 30 јули, но кое се уште не е официјално потврдено, го покажува Ким Џонг-ун на состаноците одржани во Пјонгчанг од 24 до 27 јули, пишува Ен-Би-Си уз.

Тој немал веќе фластер последниот ден, но темна точка била видлива на неговата глава во тој дел.

Шпанските инженери измислиле како да произведуваат вода за пиење од воздух

Шпанска компанија измислила систем за вадење вода за пиење од воздухот за снабдување на сушните области каде што луѓето очајно имаат потреба од вода за пиење.

„Целта е да им се помогне на луѓето“, рече Енрике Веига, 82-годишен инженер, кој ја измислил машината за време на големата суша во јужна Шпанија во 1990-тите. „Целта е да стигнеме до места како бегалските кампови кои немаат вода за пиење“, додава тој.

Неговите уреди Акваер веќе испорачуваат чиста и безбедна вода до местата во Намибија и либанскиот бегалски камп.

"Во селата што ги посетивме во Намибија беа запрепастени. Не разбраа, прашаа од каде доаѓа водата", рече тој.

Машините користат електрична енергија за да го изладат воздухот додека не се кондензира во вода, искористувајќи го истиот ефект што предизвикува кондензација во климатизерите.

Додека другите генератори на вода базирани на слична технологија бараат висока влажност на околината и ниски температури за ефикасно функционирање, машините на Веиги работат на температура до 40 Целзиусови степени и можат да издржат влажност помеѓу 10 и 15 проценти.

Една мала машина може да произведе 50-75 литри вода дневно и е лесно пренослива. Поголемите верзии, пак, можат да произведат до 5.000 литри дневно.

притисни ентер