Седма титула за кошаркарите на МЗТ Скопје

Кошаркарите на МЗТ Скопје А. се нови шампион на Македонија. 

Сино белите од населбата Аеродром по трет пат во финалната серија го совладаа бранителот на тронот Работнички и заслужено стигнаа до нов шампионскиот трофеј.  

Вечерва на домашен терен кошаркарите на МЗТ Скопје во интересен натпревар со 85 – 78 го совладаа  ослабениот вечен ривал Работнички за триумф во финалето од 3-0 во победи.

Подолгата клупа на  металците и вечерва беше клучна за конечниот епилог на третиот финален дуел. Ослабениот Работнички, Докузовски играше со само седум кошаркари, повторно попушти во финишот и дозволи  МЗТ Скопје по седми пат во клупската историја да го освои шампионскиот пехар.

Најефикасни во редовите на новиот шампион се Иве Иванов со 23  и Медфорд и Дамјан Стојановски со по 16 односно 12 кошеви. Кај Работнички  најпрецизни со по 17 поени се искусените Чековски Костов.

притисни ентер