Парламентот го разреши албанскиот претседател Илир Мета ?

Со двотретинско мнозинство албанскиот парламент го прифати предлогот на владејачката партија за разрешување од должноста на претседателот на Албанија Илир Мета.

Албанскиот Парламент ја изгласа Резолуцијата предложена од пратениците од владејачкото мнозинство против одлуката на претседателот Илир Мета за одложување на изборите, што претставува прв чекор кон негово разрешување.

Од присутните пратеници во собраниската сала „за“ резолуцијата гласале 100 пратеници, 7 биле против, двајца воздржани и еден пратеник не гласал..

Гласањето следуваше по повеќечасовна дебата во која учествуваше и премиерот Еди Рама, кој рече дека одлуката на Мета да ги одложи локалните избори закажани за 30 јуни не може да се толерира. Според Рама, со оваа одлука Мета ги надминал сите уставни надлежности како шеф на државата.

Инаку, во усвоениот документ, меѓу другото, стои дека албанскиот Парламент уредбата на претседателот Мета за одлагање на локалните избори ја смета за „апсолутно неважечки чин, донесен вон уставните и законските овластувања на институцијата претседател и како таков се смета за ништовен и како никогаш да не постоел“.

Исто така се искажува целосна поддршка на одлуката на Централната изборна комисија за продолжување на изборниот процес.

Разолуцијата, според Уставот, треба да биде доставена до Уставниот суд, кој треба да одлучи дали ќе го разреши или не шефот на државата.

Оваа највисока судска инстанца не функционира повеќе од една година. Во моментот има само еден судија и тој со завршен мандат, другите осум беа разрешени откако не помина во процесот ветинг, односно неможност да го оправдаат потеклото на имотот.

И доколку се направи итен обид за негово профункцонирање тоа не може, зашто тројца од членовите ги предлага Претседателот на државата, тројца Врховнот суд, кој исто така не функционира, и тројца Парламентот.

Кои чекори ќе ги преземе владејачкото мнозинство се уште не е познато, но категорично тврди дека избори на 30 јуни ќе има. Опозицијата, пак, најави уште помасовни и посилни протести и дека нема преговори со Рама.

Неработна среда – како скопјани го минуваат изборниот ден?

Граѓаните денеска освен за искористување на правото на глас, убавото време и слободниот ден го минуваат и на прошетка и ги наполнија локалите.

По Владината одлука изборните денови да бидат неработни, Канал 5 направи обиколка низ градот, па денеска може да се забележи дека работат само локалите и трговските центри. За останатите, од ДПИ најавија засилени иснпекциски контроли во текот на денот, но засега како што велат, не се забележани прекршоци.

Најголемиот дел од граѓаните кои ги анкетиравме велат дека веќе го искористиле своето право на глас, а остатокот на денот ќе го минат на прошетка и во исчекување на резултатите од гласањето.

- Веќе го искористивме правото на глас и остатокот од денот ќе го поминеме празнично дома и ќе ги следиме резултатите.

- Добро ќе поминеме со другарите ќе седнеме ќе пиеме по едно кафе, па ќе гласаме најдобриот нека победи.

- Да, го искористив своето право на глас, бев да гласам и денеска убаво времето малку на прошетка.

-Гласавме, денот е добар и ќе чекаме сега кој ќе победи.

Во ден без отворени супермаркети, пазарџиите денеска со полни раце работа. Со оглед на тоа што не работат трговците, граѓаните ги наполнија пазарите.

- Има раздвиженост, од гласање доаѓаат на пазар си пазаруваат луѓето и така добро е не е лошо.

- Ние работиме во сите денови без разлика што денеска е неработен ден, раздвиженоста е поголема од другите денови, значи забележително, сега дали ќе биде до крајот на денот така или ке се скрши работата, но има раздвиженост меѓу грѓаните.

Токму за одлуката изборните денови да бидат неработни, реагираа од бизнис заедницата објаснувајќи дека таа негативно ќе се одрази кон бизнисот и дека фирмите ќе претрпат загуби.

Акција против шверцери на илегални мигранти во БиХ

Активностите се спроведуваат на подрачјето на Унско-санскиот, Зеничко-добојскиот и Сараевскиот кантон.

Обвинителството на Босна и Херцеговина и Државната гранична полиција спроведуваат акција на повеќе локации во БиХ во борба против организираниот шверц на повеќе од шестотини илегални мигранти, меѓу кои и повеќе од стотина малолетници, соопшти денеска Државното обвинителство.

„Целта на акцијата со кодно име 'Пирамида' се неколку лица за кои постои сомнеж дека како членови на меѓународна организирана криминална група подолг период шверцувале или се обиделе да прошверцуваат повеќе од 600 лица, меѓу кои и повеќе од стотина малолетници, се заради стекнување лична материјална корист во големи износи“, се наведува во соопштението на Обвинителството на Босна и Херцеговина.

Активностите се спроведуваат на подрачјето на Унско-санскиот, Зеничко-добојскиот и Сараевскиот кантон.

Во истрагата, се додава во соопштението, е постигната значајна соработка со МУП на Хрватска и Европол, а Граничната полиција на БиХ е поддржана од Агенцијата за разузнавање и безбедност на БиХ (ОБА) и Службата за работи со странци на БиХ. /МИА

Излезноста до 13 часот повисока за четири проценти во однос на изборите пред пет години

Повисока излезност во споредба со претседателските изборите од пред пет години, покажува пресекот на резултатите што го направи Канал 5.

Јован Ѓорговски ја има анализата.

Во која насока е трендот од досегашниот одзив на гласачите?

Целосниот извештај погледнете го во видеото.

притисни ентер