СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ се уште е во матрицата на деструкција и одбрана на кримнал, СДСМ се менува во интерес на граѓаните

Додека СДСМ покажува дека ги слуша пораките и се менува во корист на државата и граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ си тера по старата матрица на деструктивно однесување спротивно на интересите на граѓани.

Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Вељановски, Илија Димовски и Антонио Милошоски, кои се обвинети за сериозни кривични дела, наместо да поднесат оставки, продолжуваат со деструкција и одбрана на криминалот.

Одговорноста, моралните вредности и демократските принципи остануваат непозната категорија за ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.

По убедливиот пораз на претседателските и поразот на локалните избори во Охрид и Ново Село, вистинското прашање е кога Мицкоски ќе си поднесе оставка од чело на партијата која ги загуби и претседателските и вонредните локални избори?

ВМРО-ДПМНЕ нема кредибилитет да зборува за демократија се додека делува по инструкции од Будимпешта. Мицкоски нема кредибилитет да зборува за одговорност се додека има пратеници на ВМРО-ДПМНЕ коие се обвинети за сериозни кривични дела а не си поднесуваат оставки.

Центар за комуникации со јавноста

Социјалдемократски сојуз на Македонија

Безос веќе не е најбогат на светот, го престигна францускиот милијардер Арно

Џеф Безос ја загуби титулата најбогат човек во светот.

Имено, неговата вредност падна за 13,9 милијарди долари за само еден ден, бидејќи цената на акциите на Амазон минатата недела нагло паднале за 7 проценти, откако компанијата објави помалку очекуван раст во вториот квартал.

Падот на вредноста на Безос му овозможи на Французинот Бернар Арно да го заземе првото место на листата на најбогатите. Арно го води конгломератот за луксузни производи LVMH, чии подружници се Louis Vuitton, Sephora, Moet & Chandon и Tiffany & Co.

Арно го зголемил своето богатство за речиси 100 милијарди долари во текот на првата година од пандемијата. Нето богатството на Арно во понеделникот изнесувало 195,8 милијарди долари , наспроти 192,6 милијарди долари на Безос.

Безос минатата година влезе во историјата како прв човек вреден над 200 милијарди долари, бидејќи Амазон имаше огромни добивки од пандемијата. Двајцата милијардери се бореле за првото место во текот на мај и јуни оваа година, но неодамнешниот пресврт стави крај на 50-дневната трка на Безос за врвот. Во светот има вкупно 2.755 милијардери, од кои 86 проценти се побогати отколку пред една година.

Град Скопје испраќа противпожарни единици за справување со пожарите

А на помош за справување со пожарот во Пијанечко-малешевскио регион испратени се и екипи од противпожарните екипи во Скопје.

Градоначалникот на Скопје , Петре Шилегов за Канал 5 изјави дека доколку има потреба ќе бидат испратени дополнителни пожарникари и опрема. Тој се надева дека пожарот во пехчевско ќе биде наскор изгаснат , како што беше случајот со оној во близина на Кочани пред два дена.

3 екипи пожарникари со 3 возила на Противпожарната бригада на Град Скопје, придружувани со 3 цистерни со вода од јавните градски претпријатија, се упатија кон Пехчево и Делчево да помогнат во гаснењето на пожарите.

Противпожарни возила од Бугарија се вклучуваат во гаснење на пожарите во пехчевско

Помошта која што беше најавена од Бугарија од пет противпожарни возила пристигна на критичното подрачје зафатено со пожар кај маалото Пасјак во село Нов Истевник.

Во разговорот со градоначалникот на Делчево Горан Трајковски и останатите надлежни, одлучено е четири возила да одат кон Пехчево бидејќи таму ситуацијата е поалармантна, додека едно противпожарно возило ќе се вклучи во гаснењето на пожарот кај Пасјак.

Со колоната возила видливи беа и автомобили на Дирекцијата за заштита и спасување кои ја предводеа колоната на патот кон Пехчево. Се очекува веднаш по пристигнувањето да се вклучат во гаснењето на пожарот кој се забележува на пет километри пред влезот на Пехчево.

Во моментот најзагрозено е подрачјето пред влезот на Пехчево каде е забележлив густ чад.

притисни ентер