Сообраќаен режим во близина на гробиштата поради Задушница

Поради верскиот празник Задушница во близина на скопските гробишта ќе има изменет сообраќаен режим утре и во сабота и недела.

По повод верскиот празник „Задушница“ во текот на утрешниот ден, како и во деновите од викендот во периодот од 06,00 до 16,00 часот во реоните на гробиштата во Бутел, во Камник и во Ѓорче Петров, каде се очекува зголемен интензитет на сообраќајот, од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе бидат преземени посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот во посочените реони.

Притоа, МВР ги информира граѓаните дека сообраќајот ќе се одвива во една насока (кружно) односно сите возила ќе се упатуваат по улица „Александар Урдаревски” во продолжение по локален пат за село Мирковци до влезот за гробиштата на ул.„Боца Иванова” и излегување на ул.„Александар Урдаревски”.

По потреба сообраќајот ќе биде пренасочен и на гробишта Ѓорче Петров  по ул.„Црногорска“, а на гробишта „Камник“ по ул.„Јужноморавски Бригади“ и ул.„Роман Каскалиевиќ“.

Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај.

Интензитетот на сообраќајот зголемен, одрони на патот Делчево – Каменица

 Поради одрони, сообраќајот на регионалниот пат Делчево – Каменица се одвива по една сообраќајна лента, информира АМСМ.

Изменетиот сообраќаен режим ќе трае до рaсчистување на коловозот.

Промена на режимот на сообраќај, во времетраење од шест месеци, од вчера има на магистрален пат А2, делница Кичево – Охрид, поради изведување градежни активности за поставување електрично осветлување на крстосницата Другово, како и поставување индуктивни јамки на патниот правец Маврово-Кичево

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини изутринава е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Специјална директна линија со рускиот претседател Владимир Путин

Денеска е предвидено да се одржи традиционалната годишна специјална директна линија со рускиот претседател Владимир Путин, која ќе биде емитувана во живо на повеќе руски телевизиски канали.

Претседателот Путин ќе одговора на прашања во врска со јавниот, политичкиот и социоекономскиот живот во земјата, но и на меѓународни прашања.

Луѓето можат да ги поставуваат своите прашања со телефонски повик или порака и преку веб-страница на телевизиската програма, како и преку посебна мобилна апликација.

Пејачот Мирослав Шкоро официјално ќе ја објави својата кандидатура за претседател на Хрватска

Музичарот и пејач Мирослав Шкоро официјално ќе ја објави својата кандидатура за претседател на Хрватска на крајот на оваа недела, пишува „Вечерњи лист“.

Шкоро засега планира да биде независен кандидат, но не ја исклучува можноста за разговор со различни политички опции и доколку ги прифатат неговите ставови, постои можност за соработка.

„Вечерњи лист“ тврди дека Шкоро ќе ја финансира кампањата со свои пари.

Прва соработничка во изборниот тим ќе му биде неговата сестра Весна Вучемиловиќ.

Инаку, официјална кандидатура за уште еден мандат официјално се уште не е објавена од актуелната претседателка Колинда Грабар Китаровиќ.

Официјално, кандидат на социјалдемократите ќе биде поранешниот премиер и лидер на најпознатата опозициска партија СДП, Зоран Милановиќ.

притисни ентер