Меркел по средбата со Заев: Северна Македонија го испорача очекуваното

40-минутната средба меѓу канцеларката Меркел и премиерот Заев го потврди она што неколку дена Брисел се обидуваше да го каже во позавиена форма. 

Македонија летово ќе го мине без датум за преговори, но овој пат, со јасно ветување од Меркел дека Берлин својата работа ќе ја заврши на есен.

-Канцеларката Меркел информираше дека Бундестагот ќе донесе одлука во септември за одобрување на старт на преговорите на ЕУ со Северна Македонија, согласно утврдените процедури на СР Германија за прашањата за проширување на Унијата. На средбата канцеларката потенцираше дека Северна Македонија го испорача очекуваното и дека таа и Берлин на тоа гледаат многу позитивно,

се вели во соопштението на македонската влада, За разлика од него, официјалното соопштение од Кабинетот на Меркел се сведе на неколку општо познати реченици, без прецизни детали за средбата.

-Фокусот беше ставен и на „прашање од надворешната и европската политика. Германија заедно со Франција си поставија цел – зајакнување на стабилноста на балканскиот регион. Важен чекор кон тоа беше решавањето за спорот со името „Македонија".

Сепак, потврда дека Бундестагот во септември ќе даде зелено светло, стигна од пратеникот на партијата на Меркел, Јохан Вадефул, кој за „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ се обиде да ги расчисти дилемите поради како што потенцира непотребната нервоза во Северна Македонија.

-Не разбирам зошто е толку голем проблем одложувањето за три месеци на одлуката за преговори со Северна Македонија, особено што веќе е решено дека отворањето на првите поглавја од преговорите ќе се случи во декември. Не е од помош, ширењето страв од трети сили или земји, вели Јохан Вадефул од ЦДУ.

Сега единствената енигма е каков заклучок ќе добие земјава на состанокот на министерскиот Совет на ЕУ во Луксембург во вторник, кога Македонија ќе се најде на дневен ред. Во пресрет на состанокот, добра вест синоќа стигна од традиционално скептичната Холандија, чиј парламент практично ги разводи Македонија и Албанија од пакетот за членство. Пратениците со огромно мнозинство ја поддржаа резолуцијата Албанија да биде блокирана, а на Македонија да и биде дозволено да ги почне преговорите, чекор кој се толкува како јасен сигнал на Хаг при носењето одлуки за двете земји.

Хуманитарен концерт во сеќавање на Климентина Рафајловска

Во Салон 19:19 во Скопје вечерва ќе се одржи концерт во сеќавање на Климентина Рафајловска (1977-1994), која била ученик на пијано и харфа во училиштето „Илија Николовски-Луј”.

На програмата ќе бидат изведени дела од композиторите Сен Санс, Равел, Буланже, Штолцел, Пијацола, Хенсон, Капле, Форе и Шостакович.

На концертот ќе учествуваат музичари од нејзината генерација, Ема Абаџиева – обоа, англиски рог, Весна Ангелова Христов – пијано, Орце Ицковски – фагот, Гордана Јаневска – виолина, Тереза Крцоска – виолина, Јанинка Невчева – пијано, Јулија Нелковска – виолина, Надежда Рубен – сопран, Боро Станковски – виола, Елена Стојческа – флејта, Дарко Трајковски – виолина, Мерсиха Шукри – харфа.

Соученичката на Рафајловска, Мерсиха Шукри, која е единствената харфистка во земјава во изјава за МИА вели дека целта, меѓудругото, е и да се подигне свеста и поддршката за болните од рак.

- Климентина Рафајловска ни беше соученичка во музичкото училиште. За жал, за кратко време нѐ напушти, се разболе од леукемија. Оваа година се навршуваат 30 години од нејзината смрт. Во таа чест, генерацијата се собравме да одржиме концерт во нејзина чест. Воедно, да ја подигнеме свеста и поддршката за сите заболени од лошата болест, вели Шукри, додавајќи дека животот е непредвидлив и затоа е потребно многу повеќе љубов и разбирање.

Човекот е покршлив од стаклото и многу малку е свесен дека секому може да му се случи, вели Мерсиха Шукри.

Во чест на Рафајловска, од 1995 до 2008 година беше доделувана наградата „Климентина Рафајловска” за првенец на генерација, од страна на истоимената Фондација. Меѓу добитниците на оваа награда се и Симон Трпчески, Ирина Наумовска, Никола Атанасов, Александар Краповски и други.

Средствата собрани со продажба на билетите и од донаторската кутија, ќе бидат донирани на Здружението посветено на пациенти болни со рак и нивни негуватели ХЕМА-ОНКО, а наменети за потребите на пациентите на Универзитетска клиника за хематологија.

Единаесет лица се повредени во сообраќајка на бугарски автобус во Турција

Единаесет лица се повредени кога автобус со бугарски регистарски таблици што сообраќал од Истанбул за Бугарија се превртел во областа Киркларели во Турција, јави агенција та Анадолија.

Сообраќајната несреќа се случила на 50 километри од бугарската граница. Автобусот е на компанијата „Метро туризам“.

На местото на несреќата се упатени екипи на полиција и медицински лица.

Повредените, вклучувајќи го и возачот на автобусот, се хоспитализирани во околните болници. /МИА

Сообраќајот тековно и без застои

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од 01.04.2024 е пуштен за сообраќај за сите видови возила со вкупна тежина до 3.5 тони.

притисни ентер