ММА е фрапирана од скандалозните одлуки на судовите во однос на споровите со ММИ

Македонската медиумска Асоцијација (MMA) и нејзините членки , Алсат, Алфа, Канал 5, Сител и Телма се фрапирани од скандалозните одлуки на Основниот Суд и повисокиот, Апелацискиот, во однос на споровите со Македонската Музичка Индустрија (ММИ).

Имено, оваа асоцијација предводена од Бодан Арсовски, на крајно незаконски начин се обидува да наплати големи суми од нашите ТВ куќи но и од други правни субјекти од областа на угостителството , превозот, занаетчиските услуги и слично.

За потсетување, Министерството за култура на 23.12.2015 год. донесе решение за одземање на дозволата на ММИ, поради тоа што на недозволен начин, од прибраните средства наменети за изведувачите музичарите и продуцентите, г-динот Арсовски за себе и за својот тим задржал фантастични 81,5 %, наместо дозволените 15 %.

Дополнително, ММИ не инсталирале софтвер за следење на емитуваните музички дела со што и на овој начин го прекршиле Законот за авторски и сродни права.

Јавно ги прашуваме надлежните судски инстанци: Како е можно , во ситуација кога ММИ нема основ за тужба за присилна наплата на непознати средства од нашите компании, како е возможно дел од судиите да пресудат во корист на правниот субјект ММИ?

Легитимититетот на управувањето на колективното здружение ММИ се црпи исклучиво од дадената дозвола од Министерството за култура, која тие ја немаат, па се прашуваме дали овие скандалозни одлуки на Основниот и Апелацискиот Суд ќе станат пракса во сите останати спорови?

Како е возможно судот да прифаќа лажни докази приложени од страна на ММИ и притоа вистината да ја цени според такви докази?

Дали Основниот Суд и Апелацискиот Суд ќе ја надоместат штетата која ние како општествено одговорни компании ќе ги претрпиме?

Дополнително, ја повикуваме Владата сериозно да се позанимава со овој проблем, со проектот ММИ, особено поради фактот што еден од основачите е дел од советничкиот тим на Владата. Не би сакале ниту да помислиме на некаква непринципиелна спрега.

За крај, за овој скандал предизвикан од Судските инстанци во нашата земја, денес ќе ги информираме и странските амбасади и претставништва, со цел предочување на очигледните криминали кои се случуваат во нашето општество

Ги повикуваме сите останати правни субјекти во Македонија, кои се соочени со вакви непринципиелни и скандалозни судски решенија поврзани со ММИ, да се организираат во заеднички фронт, со цел борба против вакви сомнителни здруженија и непринципиелни судско-бизнис спреги.

Воедно ја информираме јавноста дека сите овие гореспоменати случаи, заедно со обемна и конкретна документација ќе бидат доставени до Јавното Обвинителство со цел започнување на кривична постапка против ММИ и нивните одговорни лица.

Прва посета на Северна Кореја од кинески лидер во изминатите 14 години

Кинескиот претседател Си Џинпинг пристигна во историска дводневна посета на Северна Кореја, прва посета на кинески лидер во изминатите 14 години.

Во Пјонгјанг, Си ќе има средба со лидерот Ким Џонг Ун во обид да се засилат билатералните односи.

Кинески медиуми јавија дека е можно за време на дводневната посета си да разговара со Ким за обнова на преговорите за корејската нуклеарна програма со Вашингтон. Можно е и објавување нови мерки за поддршка на економијата на Северна Кореја.

Моментот на посетата е особено деликатен – и двете држави водат спор со САД.

Кина заради трговијата, а Северна Кореја поради нуклеарната и ракетна програма.

Во следната недела се очекува Си да има средба со американскиот претседател Доналд Трамп за време на Г-20 во Јапонија.

Резултати од анкетата за цените и квалитетот на интернет услугите

Истражувањето е спроведено на репрезентативен примерок од 1.202 испитаници во земјава, од 16 февруари до 7 март 2019 година.

 Задоволството на граѓаните од цените и квалитетот на услугите во мобилната телефонија и интернетот, ќе бидат презентирани денеска на информативна средба со медиумите што ја организираат Евротинк – Центарот за европски стратегии, НВО Инфоцентарот, Транспарентност Македонија и Хелсиншкиот комитет за човекови права.

На средбата ќе бидат презентирани и наодите од анкетното истражување за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), спроведено во рамки на проектот „Мониторинг на ефикасноста, ефективноста, транспарентноста и одговорноста на регулаторните тела за медиумите – PROformance Watch II".

Истражувањето е спроведено на репрезентативен примерок од 1.202 испитаници во земјава, од 16 февруари до 7 март 2019 година.

Во рамки на информативната средба ќе бидат презентирани и две дигитални видеа со кои организаторите, како што најавуваат, ќе се обидат да дадат одговор на прашањата: Какво е задоволството од квалитетот и цените на услугите во мобилната телефонија и интернетот?;

Каква е информираност на граѓаните за работата АВМУ и АЕК?, Каква е перцепција на граѓаните за транспарентноста, професионалноста и независноста на двете регулаторни тела? и Како според граѓаните се назначуваат лицата на раководните позиции во АВМУ и АЕК?

Седници на Законодавно-правната и Комисијата за политички систем

 Во Собранието денеска ќе заседаваат Законодавно-правната и Комисијата за политички систем и и односи меѓу заедниците.

Комисијата за политички систем ќе ги разгледа Предлог-законот за изменување на Законот за вработените во јавниот сектор, во второ читање, како и Информацијата за спроведувањето на препораките на Народниот правобранител за надминување на констатираните состојби содржани во Извештајот на Народниот правобранител, од страна на органите на државната управа опфатени во истиот.

Законодавно-правната комисија ќе одржи две седници. на првата се Предлог-законот за изменување на Законот за вработените во јавниот сектор и две барања за автентични толкувања, додека на дневен ред на втората е Статутот на Универзитетот во Тетово.

притисни ентер