ЦДУ: Нема потреба од нервоза, датум ќе има

Од владејачката ЦДУ за „Франкфуртер алгемејне цајтунг" велат дека „не разбираат зошто е толку голем проблем одложувањето за три месеци на одлуката за преговори со Северна Македонија.  

Ова особено што веќе е решено дека отворањето на првите поглавја од преговорите ќе се случи во декември".

– Што се однесува до Северна Македонија, според моите сознанија и проценки, можам да кажам дека земјата на крајот на септември ќе добие согласност од мојата пратеничка група и од Бундестагот, тврди пратеникот на ЦДУ Јохан Вадефуп.

Притоа тој предупредува дека „не е од помош, ширењето страв од трети сили или земји", по тврдењата дека одложувањето на одлуката за преговори може да ги засили активностите и апетитите на Русија и Кина во регионот, пренесува Дојче веле.

Вадефуп ги отфрла критиките кон Бундестагот за одложувањето на одлуката за старт на преговорите со Северна Македонија до септември.

– Ние имаме одговорност пред нашиот народ, особено кога станува збор за една позитивна одлука за почеток на преговори. Мораме на нашиот народ точно да му објасниме, зошто сме рекле Да", вели германскиот пратеник.

Заврши собраниската седница: разрешени Тевдовски, Фазлиу и Лика

Собранието ги  разреши владините министри во досега најголемата реконструкција од владата на Зоран Заев.

Скоро едногласно од фунцијата беа разрешени Драган Тевдовски, Сухејл Фазлиу и Хазби Лика.

Во жестока атмосфера која траеше скоро цел ден, најголема дебата отвори предлогот на премиерот Заев да биде и министер за финансии.Сепак, уште на самиот почеток тој го повлече предлогот, откако претходно реагираа Антикорупциската комисија и опозицијата.

Со реконструкцијата, политичката партија НДП го загуби министерското место во локална самоуправа, а на тоа жестоко реагираше лидерот Весел Мемеди.

Утре продолжува расправата за избор на новите министри.

Борисов: Очекувам Бугарија и Северна Македонија да ги задржат добрите соседски односи

Очекувам Бугарија и Република Северна Македонија да ги задржат добрите соседски односи, изјави денеска бугарскиот премиер Бојко Борисов во обраќањето на Пловдивскиот економски форум.

Борисов изрази надеж дека на претстојната средба на земјите од Берлинскиот процес, што ќе се одржи во Познањ, ќе биде донесено решение Република Северна Македонија и Бугарија да бидат заеднички домаќини на следниот собир во овој формат.

– Историски ние сме војувале со сите соседи, како резултат на тоа регионот на Балканот заостана. Сега ги сменивме работите. Се надевам дека ќе ги надминеме сите потешкотии, изјави Борисов.

Тој потсети дека за време на претседавањето со ЕУ минатата година, Бугарија во рамки на Унијата ја наметна „најсложената, опасна и тешка тема" за евроинтеграцијата на земјите од Западен Балкан. – Се надевам дека колегите еден ден ќе го ценат тоа, додаде Борисов.

– Имаме ретка шанса, на оваа територија наречена Балкан, која е толку натопена со крв како ретко кое друго место, сите ние да создадеме прекрасна бизнис клима, порача Борисов во обраќањето пред учесниците на Форумот.

Пловдивскиот економски форум се одржува втора година по ред и на него присуствуваат претставници на владите, бизнисот и невладиниот сектор од повеќе европски земји, кои разговараат за предизвиците поврзани со економскиот раст и конкурентноста на Бугарија и Југоисточна Европа.

Дел од темите за кои ќе се дискутира на овогодишниот Форум се поврзани и со перспективите на земјите од Западен Балкан, очекувањата од новиот Европски парламент и новата Еврокомисија, како и со демографските и здравствените проблеми. 

Данската полиција во голема акција против криминалци од земјите на Западен Балкан

Данската полиција денеска уапси 31 криминалец , членови на голема криминална група , која шверцувала и продавала оружје и дрога на територијата на ЕУ.

Меѓу другото, групата се товари за криумчарење и шверц на 1 650 килограми кокаин.  Данската полиција во акцијата под име ,,Голдфингер” , насочена против криминалци од земјите на Западен Балкан , изврши претрес во куќи на 40 локации , каде се најдени огромно количество оружје , дрога и пари во кеш.

Акцијата е спроведена во соработка со полициските служби во Германија , Холандија , Словенија , Шведска и Албанија , соопшти Европол.

Тројца експерти од Европол биле вклучени во акцијата , кои им дале и аналитичка поддршка , како и организација на состаноци во седиштето на Европката полиција во Данска.

притисни ентер