Беше адвокатка во Белгија , а сега е контроверзен геј пејач

,,Пред настапот три часа на себе цртам машко торзо” , вели раперот Џоел од Белгија, роден како жена , а настапува како маж.

Џоел е родена како жена и работела во Брисел како успешна адвокатка. Но , животот и бил здодевен и решила да го смени. И навистина го направила тоа. Станала драг квин и настапува како пејач облечен во машка облека и со исцртано машко тело. Џоел е позната како активист за правата на ЛГБТ заедниците и настапува на повеќето геј паради низ Европа.

На некои настапи се пресоблекува и по пет пати и е една од првите што го воведе концептото драг на настапите. Иако е една од предводниците на драг сцената вели дека и во средината каде што настапува се чувствува дискриминирана.

Вели дека робувањето на стереотипите е главниот пшроблем со кој се соочува и ЛГБТ заедницата.

Хит на социјалните мрежи – полицаец запира бебе за ,,сообраќаен прекршок” (ВИДЕО)

Снимката на полицаецот какосе враќа од работа и ја запира својата 10 месечна ќеркичка , која вози количка , стана хит на социјалните мрежи.

Полицаецот Алекс Кип од Орландо се враќал од работа дома , кога на улицата пред куќата ја забележал својата десетмесечна ќеркичка како вози количка. Неговата сопруга го снимнила видеото , а колегите полицајци го објавиле на Фејсбук.

,,Полицаецот Алекс Кип се враќал од работа и ја запрел ќеркичката за возење на погрешна страна на улицата.” , напишаа неговите колеги.

На видеото се гледа како таткото ја запира малечката Тајлин и и бара возачка и сообраќајна дозвола. на тоа девојчето се смее и затоа добила само предупредување.

Снимката е споделена на социјалните мрежи  со илјадници лајкови и позитивни коментари.

Ирина е прогласена за најдобар модел за костими за капење на светот (ФОТО)

Зад Ирина Шајк се неколку тешки недели по прекинот со Бредли Купер , но затоа доби признание за својот изглед.

33- годишната манекенка Ирина Шајк е избрана за најдобар модел за костуми за капење и тоа пред Алесандра Амброзио и Емили Ратајковски.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

.. @falconeriofficial ❄️

A post shared by irinashayk (@irinashayk) on

Објавнео е дека Ирина заработува по 60 000 фунти од објава на Инстаграм , каде се појавува во костуми за капење од Луј Витон, или култниот бренд Хунза Г.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by irinashayk (@irinashayk) on

Листата на чиј врв се искачи Ирина ја составија производителите на долна облека и на костуми за капење , па така таа стана Queens of Swimwear. Зад Ирина е Алесандра Амброзио .

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

I'll find you in the morning sun ... 🎶☀️🇬🇷

A post shared by Alessandra Ambrosio (@alessandraambrosio) on

Бразилската убавица во просек добива по 150 илјади лајкови на објава , а на почетокот на годинава почна со свој бренд на костуми за капење ГАЛ Флорипа.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

You guys make me blush ☺️Thank you for all the bday wishes! I’m so truly grateful.

A post shared by Emily Ratajkowski (@emrata) on

Емили Ратајковски со 23,3 милиони следбеници на Инстаграм е на трето место и добива по 2 милиони лајкови во просек на секоја објава.  

По првите три на листата се најдоа и убавиците Ешли Греам , Кендис  Сванепел , Рози Хантингтон – Витли, Џасмин Тукс, Лаи Рибеиро, Нина Агдал и Лупе Фуентес.

Супер-татко со неверојатен скок го спаси синчето од давење (ВИДЕО)

Американец изведе ,,Суперменски скок” преку оградата во базен за да си го спаси едногодишното синче.

Алберт Пасаванти вели дека во еден момент му проработел татковскиот инстинкт кога неговото синче Роко падна во базенот во нивната куќа во Палм Каунти на Флорида.

Малото бебе поминало незабележано преку полуотврената врата на базенот и во обид да ја фати топката , се лизна и падна . Таткото веднаш скокна преку оградата и го спаси малиот Роко.

,,Истата секунда кога тоа ќе го видите , добивате сила на Супермен и тргнувате. Воопшто не ми текна да одам од околу.” изјави таткото за локалните телевизии.

Снимката стана вирална и предизвика воодушевување на социјалните мрежи.

притисни ентер