Танкери нападнати во Оманскиот залив, еден погоден со торпедо (ВИДЕО)

Два товарни брода со танкери за нафта се нападнати во Оманскиот залив, од кои едниот со торпедо и секој момент може да потонат .

Станува збор за бродот Фронт Аклтаир , кој плови под знаме на Маршалските Острови и бродот Кокука Кериџис на сингапурски бизнисмен , што плови под знаме на Панама.

Деталите  за нападот не се познати , но според тајванските медиуми ,,Фронт Аклтаир” бил погоден со торпедо. На нападот веднаш реагираа берзите , па цената на сдуровата нафта веднаш скокна за четири проценти на над 62 долари за барел.

Еден од морнарите на сингапурскиот брод е потешко повреден, а сите 21 члена на екипажот се евакуирани.

Бродот може да потоне , а садовите со метан што се превезуваат на него не се оштетени. Петтата американска флота добила вчера повик за помош од танкерите кои биле цел на нападот.

Не се знае кој стои зад нападот . Кувајт на своите нафтени полиња прогласи вонредна состојба.

ВМРО-ДПМНЕ: Најавите за октомври се попусти зашто датумот ќе дојде со реформите

Зоран Заев минатата година најави дека добил датум за преговори. Во владиниот авион прослави дека преговорите со ЕУ ќе почнат овој јуни и замина да се разлади на море во Грција.

Годинава нема ниту "п" од преговори, а на Заев не му бегаат грчките плажи или развозувањето со скапите мотори.

На Зоран Заев не му е гајле што Европа не сака да го види на преговарачка маса. На Зоран Заев му одговара да се пролонгираат преговорите затоа што само така ќе може да си ги дели тендерите и да вработува роднини и љубовници на партиските послушници.

Цената на криминалот, корупцијата и неспособноста на Зоран Заев да испорача реформи ја плаќаат граѓаните. Зоран Заев добива ладен туш, а за жал народот е тој што се разболува. Патот кон ЕУ не е отворен, но затоа овоштарите трасираат пат со праски, бидејќи Заев и владата не ја интересира каде и како ќе го пласираат сопствениот род, иако им ветуваа и брда и долини.

ВМРО-ДПМНЕ предупреди дека владата на Зоран Заев ќе доживее фијаско заради неспособноста да ги испорача реформите кои земјите членки на ЕУ ги бараат.

Последните најави дека сега датумот ќе дошол во октомври кои повторно ги изнесува Заев се попусти, затоа што датумот ќе дојде со реформите, а реформи нема. Впрочем кои европски лидери сега му се криви на Заев што државата оди назад во секоја област.

Останува граѓаните да се прашуваат зошто од нивниот џеб беа потрошени повеќе од 180 000 евра за прославите за датум за преговори со Европската Унија.

Одговорност за неуспехот мора да има. Граѓаните не смеат да ја плаќаат цената за неспособноста и криминалите на Заев. Македонија не смее да биде казнета заради Заев. Датум за преговори треба да биде даден, а ВМРО-ДПМНЕ ќе ги реализира преговорите и реформите неопходни за членство во ЕУ.

СДСМ:Почнува реализација на мерката поврат на 15 отсто од ДДВ за граѓаните

Се реализира уште една клучна мерка од Програмата на Владата предводена од СДСМ за враќање пари кон граѓаните.

Од 1 јули започнува проектот за поврат на 15% од платениот Данок на додадена вредност на граѓаните, кој ќе обезбеди дополнителен приход во секое семејство.

Со проектот, право на поврат на ДДВ ќе има секое лице над 15 години со важечка лична карта и трансакциска сметка, а просечно четири члено семејство има можност преку повратот на дел од ДДВ да оствари дополнителен приход до 28.800 денари годишно.

Тоа е плата плус во секое семејство на крајот од годината.

Со реализација на оваа мерка, околу 50 милиони евра годишно ќе завршуваат во семејните буџети на граѓаните.

Истовремено оваа мерка директно влијае на намалување на сивата економија и даночно затајување. Повратот на дел од ДДВ ќе ги охрабри граѓаните да бараат фискални сметки и со тоа да влијаат врз намалувањето на сивата економијата и даночната евазија.

Укинувањето на радиодифузната такса, враќањето на евтината тарифа на струјата, мерките за раст на минималната и на просечната плата, зголемувањето социјалната помош за речиси 300 отсто, намалувања на трошоците, се само дел од досега спроведените мерки кои обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните.

Зборот важи. Како одговорна и државотворна партија, продолжуваме со спроведување на мерките што обезбедуваат напредок, економски раст и повисок животен стандард за сите граѓани.

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

НГ од ВМРО ДПМНЕ:За прашања значајни како изборниот законик да се зборува транспарентно

Осумката од НГ од ВМРО ДПМНЕ, согласно своите заложби и принципи за конкретни чекори кои ќе придонесат кон демократизација на општеството и со тоа, позадоволни граѓани, бара место во работните групи за измени на изборниот законик. 

Функцијата на Собранието во парламентарна демократија каква што е и РС Македонија треба да се надоградува. Во таа насока, време е за прашања значајни како изборниот законик да се зборува транспарентно и со учество на повеќе страни. Пратеници, граѓански сектор, јавноста, треба да бидат дел од овој процес за истиот да заврши позитивно и како што е најдобро за демократијата. Никој нема ексклузивно право над овие значајни прашања, а нашето учество ќе го обогати процесот и ќе допринесе за поквалитетно решение.

НЕЗАВИСНА ПГ на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија

притисни ентер