За „зелена карта“ во САД аплицирале рекорден број албански граѓани

Албанија е една од земјите со највисока стапка на апликации во програмата Лотарија на САД за иселенички визи или зелена карта според бројот на населението.

Тоа го потврдуваат објавените бројки од страна на Стејт Департментот, кои јасно зборуваат за прилично горчлива реалност која е во постојан раст, посебно последните четири години.

Нов рекорд на апкации е забележан минатата година, кога се пополнети 189.000 апликации за повеќе од 376.000 аспиранти за емиграција односно заедно со членовите од нивните семејства.

Најмалку 4.500 албански граѓани лани добиле виза, што е речиси двојно поголема бројка од претходната,2017 година, кога на американската лотарија позитивен одговор добиле 2.400 апликанти.

Oштетена гумената брана за наводнување на оризовите површини кај кочанското село Грдовци

Вработените во водостопанската подружница „Брегалница“ од Кочани утрово забележале намерно оштетување на гумената брана кај селото Грдовци, што се користи за зафаќање на водата од реката Брегалница и наводнување на околните оризови ниви.

Непознат сторител со остар предмет ја исекол гумената обвивка во должина од околу половина метар, по што дошло до истекување на акумулираната вода и празнење на помошниот канал од водозафатот.

-Во изминатите седум дена имаше шест обиди за сечење на гумата и конечно, во текот на доцните вечерни или раните утрински часови, сторителот успеал во намерата. Несфатливо е зошто некој, токму на почетокот на сезоната за сеење на оризот, се одлучил на ваква постапка со која прави повеќекратна штета. Во прашање е доведено наводнувањето на околу 100 хектари оризови површини. Освен тоа, наместо средствата со кои располагаме да ги инвестираме во одржување на каналската мрежа, ќе мора дел да потрошиме за ангажирање служба за чување на гумената преграда. Настанот веќе е пријавен во полиција и очекуваме разоткривање на сторителот и на неговите мотиви за ова кривично дело, истакна Станче Стефанов, техничко лице во водостопанскта подружница „Брегалница“.

Во тек се активности за санирање на оштетувањето на гумената преграда, но постапката е отежната поради зголемената количина вода. Вработените во подружницата очекуваат до крајот на денот да ја нормализираат состојбата со наводнувањето, за да се избегне прекин на сеидбената сезона во овој регион, но и да не дојде до исушување на нивите кои веќе се посеани со ориз.

Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај

Претседател на Комитетот за уставно законодавство и државност во Горниот дом на Советот на Руската Федерација, Андреј Клишас денеска изјави дека инаугурацијата на рускиот претседател Владимир Путин ќе се одржи на 7 мај.

Согласно руските закони, новоизбраниот претседател ја презема функцијата со мандат од шест години.

Инаугурацијата на Путин и во 2018 година се одржа на 7 мај. /МИА

Маск и австралискиот премиер во онлајн расправија за снимки од терористички напад

Австралискиот премиер Ентони Албанез го нарече Илон Маск арогантен милијардер, откако неговата платформа X го одложи отстранувањето на снимките од минатонеделниот напад во Сиднеј.

Австралискиот суд вчера му нареди на X (поранешен Твитер) да ги отстрани видеата од настанот. Х претходно најави дека ќе ја отстрани наведената содржина по законска одредба, пишува Би-Би-Си.

Маск во меѓувреме објави меме во кое ја обвинува владата за цензура.

Албанез денеска за Еј-Би-Си изјави дека Маск е арогантен милијардер кој мисли дека е над законот и пристојноста.

Независен интернет регулатор минатата недела им се закани на X и другите компании за социјални медиуми со високи казни доколку не ги отстранат видеата од нападот со нож во црквата Христос Добриот Пастир, кој полицијата го прогласи за терористички чин.

X тврдеше дека оваа одредба не е во опсегот на австралиското право. Регулаторот потоа побара судска забрана за објавување на спорните снимки, а набрзо дојде до расправија на социјалните мрежи и во медиумите.

„Би сакал да го искористам овој момент за да му се заблагодарам на премиерот што ѝ посочи на јавноста дека оваа платформа е единствената што ја покажува вистината“, напиша Маск. Тој претходно ја критикуваше австралиската комесарка за безбедност на Интернет, Џули Инман Грант, опишувајќи ја како „австралиски комесар за цензура“.

Албанец застана во одбрана на Инман Грант, велејќи дека таа ги штити граѓаните на Австралија.

- Социјалните медиуми мора да бидат и општествено одговорни. Тоа не е случај со Маск“, додаде тој. X мора да ги отстрани спорните снимки во рок од 24 часа по одлуката на судот. /МИА

притисни ентер