Роналдо и Георгина со децата собраа милиони лајкови (ФОТО)

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо (34) во неделата вечерта на стадионот во Порто со својот тим ја освои Лигата на нациите , а по победата на д Холандија замина на одмор со семејството.

Семејната фотографија од приватниот авион , објавена на Инстаграм , ги освои срцата на фановите на Роналдо , но и на неговата преубава сопруга Георгина.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

💖✈️ ¡Buen día con amor!

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio) on

 
 
 
 
 
 
 
 
 

Siempre os llevaré de la mano mis vidas ❤️ paseo matutino antes de que apriete el ☀️ @aloyoga 👕 #happyday #happyfamily

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio) on Тие позираат со близнаците Ева Марија и Матео , додека Кристијано Џуниор ја забавува 19- месечната сестричка Алана Мартина. ,,Преубаво семејство.  Уживајте во одморот!” , им порачаа фановите. 

Иако веќе долго се зборува дека оваа славна двојак е верена , Гергина за шпанскиот магазин ,,Хола” Неодамна призна дека фудбалерот уште не ја побарал за жена.

,,Секако дека размислувам и сонувам за венчавка, но свесна сум дека двајцата сега имаме други приоритети и одговорности.” , вели Георгина.

Руското летало со хуманоиден робот не успеа да слета на Меѓународната вселенска станица (ВИДЕО)

Руското летало ,,Сојуз” со хуманоиден робот не успеа да слета на Меѓународната вселенска станица .

Роботот Федор требаше да помине две недели за да се приклучи кон екипажот и да ги тестира своите способности. Сојуз требаше да слета на ИСС во 7.30 часот , но не успеа поради проблеми во системот за автоматско слетување, соопштува руската агенција Интерфакс , повикувајќи се на телевизијата на НАСА.

Леталото во моментов е оддалечено 96 метри од станицата , а новиот обид за слетување се планира за понеделник наутро.

Роботот федор е со големина на човек , висок 180 см. и тежок 160 кг. и може да имитира човечки движења.

Опел го претстави првиот електричен автомобил за рели трки (ВИДЕО)

Опел ја претстави рели верзијата на новиот електричен хечбек Корса-е и така стана прва компанија во историјата што понуди електричен автомобил за рели трки.

Корса е-Рели ќе биде достапна преку Опел Мороспорт , а ќе ги задржи батериите и моторот на стандардната електрична Корса , кој испорачува сила од 134 КС и има 260Нм момент на обрт.

Моделот има каросерија прилагодена на рели спецификациите , а автомобилот е повисок и поширок од обичната електрична Корса.

Корса е- рели ќе се натпреварува на ADAC Opel e-Rally Cup, каде ќе се натпреваруваат 15 млади натпреварувачи.

Премиерата е закажана за септември на Саемот за автомобили во Франкфурт. Цената ќе изнесува помалку од 50 000 евра.

НАСА истражува прв случај на вселенски криминал

НАСА истражува прв случај на злосторство во вселената.

Американската астронаутка Ан МекКлеин наводно додека престојувала на Меѓународната вселенска станица ја хакирала банкарската сметка на својата поранешна партнерка, Самер Ворден.

Самер се пожалила на властите , а НАСА ја вратила МекКлеин назад на Земјата. Астронаутката за американските медиуми раскажува дека само сакала да ја провери сметката за да види дали има доволно пари за домаќинството и за грижа за нивниот син , кого заедно го чувале додека биле во врска.

Мек Клеин признава дека влегла во сметката , но дека немала лоши намери. Мек Клеин и Ворден биле во брак од 2014 , а во 2018 Ворден побарала развод.

Мек Клеин ја завршила престижната воена академија Вест Поинт и била воен пилот во Ирак. Таа како астронаут помина шест месеци на Меѓународната вселенска станица , а беше во конкуренција и да биде првата жена која ќе се прошета низ вселената.

притисни ентер