Паладиумот е повреден од злато

Паладиумот неодамна беше во фокусот на вниманието на инвеститорите , зашто податоците кажуваат дека постои дефицит на овој метал со развојот на автомобилската индустрија.

Овие прогнози за недостаток на металот го поттикнаа растот на цената на паладиумот на 1 300 долари за фина унца , со што стана повреден од злато.

Паладиумот се користи во автомобилската индустрија за производство на катализатори , кои се наменети за намалување на нивото на штетни гасови.

Построгите закони за емисија на штетните гасови од возилата ја наметнаа потребата од зголемена побарувачка за паладиум.

Според аналитичарите, структурниот недостиг на паладиум во 2019 влезе во десетта година на дефицит, а дополнителен проблем е и постојаниот штрајк на работниците во рудниците на Јужноафриканската Република , најголем производител на овој метал.

Џакарта повеќе нема да биде главен град на Индонезија

Парламентот на Индонезија денеска одлучи дека поранешната метропола Џакарта ќе остане економски центар на земјата, како дел од планот за преместување на главниот град на островот Борнео.

Индонезија планира да го пресели својот главен град од преполната, Џакарта чија надморска височина е се попониска, во Нусантара, град вреден 32 милијарди долари кој се гради во џунглите на Источен Калимантан на Борнео.

Градот е водечки проект на претседателот во заминување Јоко Видодо, кој вети подобра дистрибуција на богатството и развој низ архипелагот, не само на островот Јава.

Според новиот закон од 18 март, ќе се формира совет за „агломерација“ за да ги координира развојните планови меѓу Џакарта и нејзините сателитски градови.

Министерот за внатрешни работи Тито Карнавијан по дебатата во парламентот рече дека Џакарта сè уште ќе треба да се развива понатаму за да се натпреварува со другите „градови од светска класа“ откако седиштето на владата ќе се пресели во Нусантара.

- Откако ќе престане да биде главен град, Џакарта сепак мора да има печат на посебен град за да може да го забрза економскиот раст и да го зголеми својот придонес во БДП на земјата, рече тој.

Според сегашните правила, Џакарта ќе остане главен град на Индонезија додека претседателот не издаде декрет за официјално именување на Нусантара за нов главен град, кој е планиран за оваа година.

Се очекува владата годинава да одржи церемонија на Денот на независноста на 17 август во Нусантара, а до крајот на оваа година е планирано преместување на илјадници државни службеници.

Светски берзи: Скок на цената на нафтата, пад на цената на златото и пченицата

 Европските и американските берзански индекси денеска се во пораст, како и цените на нафтата, додека цените на златото и пченицата паѓаат.

Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:10 часот порасна на 18.492,46 поени, лондонски FTSE 100 на 7.957,12 поени, францускиот CAC 40 на 8.225,07 поени, а московскиот MOEX на 3.308,14 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс се искачи на 39.760,08 поени, индексот S&P 500 на 5.248,49 поени, а вредноста на индексот Nasdaq на 16.399,52 поени.

Според податоците од берзите, цената на суровата нафта се искачи на 81.768 долари, а на нафтата од типот „брент“ на 85.756 долари.

Европските фјучерси на гас на отворањето на берзата ТТФ се продаваа по цена од 27.435 евра за мегават-час.

Цената на златото падна на 2.192,16 долари за унца (една унца е 28,35 грама), а цената на пченицата падна на 5,4668 долари за бушел (еден бушел е 27,216 килограми).

Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,07974, што е за 0,26 отсто помалку од вчера.

Герасимовски: Не е целта да се конфискуваат тераси, или доградби за социјално загрозени лица

Не е целта да се конфискуваат тераси, или доградби за социјално загрозени лица, туку оние кои оставруваат профит.

Со законско решение за конфискација на дивоградбите, ќе се одземат нелегалните објекти кои оставруваат профит и ке се пренаменат во непророфитни објекти или во места каде ќе се одржуваат културни манифестации, ова утринава го соопшти градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, по повод новото законско решение за регулирање, конфискација и ре-употреба на бесправно изградени објекти.

Според градоначалникот со законот ќе се реши урбанистичкиот хаос

притисни ентер