Тимови на Црвениот крст од денеска ќе патролираат низ централното градско подрачје

Од денеска по два мобилни тима на Црвениот крст во периодот од 11:00 до 16:00 часот ќе патролираат низ централното градско подрачје и на поголемите автобуски постојки и притоа ќе даваат совети на граѓани за заштитата од топлотнитиот бран.

– Црвениот крст на Град Скопје, со поддршка на Град Скопје подготви акциски план кој опфаќа теренски активности во насока на справување со евентуални топлински бранови. Согласно искуствата од претходните години, мобилни екипи составени од лекар или парамедик ќе патролираат низ Градот Скопје, ќе се дистрибуира вода, флаери со совети, ќе се мери притисок на граѓани кои ќе се пожалат на тегоби, а за потешките случаи ќе биде обезбеден и транспорт до најблиската медицинска установа или до домот на лицето, се наведува во соопштениет на Црвен крст на град Скопје.

Оттаму информираат дека за активностите во наредниот период, ангажирани ќе бидат 20 волонтери од Тимот за одговор при катастрофи, 10 волонтери од Тимот за спасување на планина и пет возила од кои четири ќе патролираат низ градот, а две за време на викенди ќе бидат дежурни на Планинско спасителните станици Водно и Матка.

– Тимот за спасување на планина при Црвен крст на Град Скопје како и секоја година така и оваа активно се вклучува во активностите околу превенирање и намалување на штетите предизвикани од топлотниот бран и пожарите. Волонтерите од тимот, преку пропагандниот материјал ќе влијаат на свеста на граѓаните и нивните навики кога се движат низ планинските предели и ќе бидат активни во давање на совети како да се заштитат од топлотнитиот бран и да им укажат прва помош доколку е потребно, се вели во соопштението.

Бајден најави дека наскоро пристигнува оружје за Украина

Откако Конгресот прифати да испрати нова помош за Украина, американскиот претседател Џо Бајден најави дека овој пакет ќе биде испратен итно.

„Во следните неколку часа ќе започнеме да испраќаме противвоздушна опрема, артилерија, ракетни системи и оклопни возила во Украина“, рече Бајден во говорот во Белата куќа.

Пакетот за помош усвоен од Сенатот доцна синоќа, е вреден вкупно 95 милијарди долари и вклучува речиси 61 милијарда долари помош за Украина, 26 милијарди долари за Израел и 8 милијарди долари за Индо-Пацификот.

Барселона ја тужи шпанската федерација, судот одлучува за голот на Јамал против Реал

Барселона не дозволува да стивне бурата по „Ел Класико“ во кое Реал победи со 3:2.

„Фантомскиот гол“ на Ламин Јамал ​​и понатаму е тема на шпанските медиуми. Барселона не дозволува да престане да се зборува за тоа.

И по самиот меч имаше остри критики за судењето, немањето технологија за гол-линијата и „злоупотребата на ВАР системот“.

Првиот човек на клубот, Жоан Лапорта, најави дека Барселона ќе ги искористи сите средства да ја истражи ситуацијата и да утврди дали тоа било гол или не.

Барселона сега отиде чекор подалеку и најави дека ќе ја тужи Шпанската фудбалска федерација и дека решение на оваа ситуација ќе бара на суд.

Ден по натпреварот беше објавена и комуникацијата на главниот судија со играчите и судиите од ВАР-салата, но изостана делот од видеото поврзан со ситуацијата околу голот на Јамал ​​кој не беше признат.

Федерацијата го одби барањето на Барселона да му ја даде на клубот целосната снимка од комуникацијата помеѓу судијата и ВАР-собата и Каталонците сега сакаат да ја добијат преку судовите.

Лапорта останува на ставот дека доколку се покаже дека Барселона е оштетена, ќе бара реприза. /МИА

ДИК: Излезноста до 17 часот е 44,18 %, поголема за 9% е во однос на минатите избори

Претседателот на ДИК ги соопшти најновите резултати од претседателските избори. 

Најголема излезност е во Новаци од 67,19 % , а најамала во Пласница само 19%, рече Даштевски.

притисни ентер