Претставување на „Bluecloud" – мобилен инструмент за мерење параметри на аерозагадувањето

Центарот за трансфер на технологии и иновации „Инофеит" и компанијата „Информ" денеска ќе го претстават мобилниот инструмент за мерење параметри на аерозагадувањето (Pm₁₀, Pm₂.₅, CO₂, NO₂, SO₂, CO) – „Bluecloud". 

Производот е плод на соработката на „Инофеит" и „Информ", а е развиен со финансиска поддршка од Фондот за иновации и технолошки развој.

Потребата за ова ново техничко и иновативно решение произлегува од проблемите со аерозагадувањето во земјата. Зголеменото количество на ПМ-честички во воздухот, како и останати штетни гасови што секојдневно ги вдишуваме во урбаните средини низ државата, создаваат огромна штета на генералното здравје на популацијата, како и непоправлива економска штета за државата. За да се собори овој голем проблем, потребна беше иновација и соработка на повеќе нивоа, вели во соопштение Тодор Стојчевски од „Chapter4".

Оваа иновација, како што се наведува во соопштението, ќе донесе можност за проширување на микролокации што не се покриени со стационарните мерни станици, а со тоа се добива можност да се вршат мерења и преку наведувани летала – дронови, зголемено количество информации со аналитика преку cloud сервис и модуларен пристап со што ќе го олесни начинот на одржување на уредот. /MИА

Опел го претстави првиот електричен автомобил за рели трки (ВИДЕО)

Опел ја претстави рели верзијата на новиот електричен хечбек Корса-е и така стана прва компанија во историјата што понуди електричен автомобил за рели трки.

Корса е-Рели ќе биде достапна преку Опел Мороспорт , а ќе ги задржи батериите и моторот на стандардната електрична Корса , кој испорачува сила од 134 КС и има 260Нм момент на обрт.

Моделот има каросерија прилагодена на рели спецификациите , а автомобилот е повисок и поширок од обичната електрична Корса.

Корса е- рели ќе се натпреварува на ADAC Opel e-Rally Cup, каде ќе се натпреваруваат 15 млади натпреварувачи.

Премиерата е закажана за септември на Саемот за автомобили во Франкфурт. Цената ќе изнесува помалку од 50 000 евра.

НАСА истражува прв случај на вселенски криминал

НАСА истражува прв случај на злосторство во вселената.

Американската астронаутка Ан МекКлеин наводно додека престојувала на Меѓународната вселенска станица ја хакирала банкарската сметка на својата поранешна партнерка, Самер Ворден.

Самер се пожалила на властите , а НАСА ја вратила МекКлеин назад на Земјата. Астронаутката за американските медиуми раскажува дека само сакала да ја провери сметката за да види дали има доволно пари за домаќинството и за грижа за нивниот син , кого заедно го чувале додека биле во врска.

Мек Клеин признава дека влегла во сметката , но дека немала лоши намери. Мек Клеин и Ворден биле во брак од 2014 , а во 2018 Ворден побарала развод.

Мек Клеин ја завршила престижната воена академија Вест Поинт и била воен пилот во Ирак. Таа како астронаут помина шест месеци на Меѓународната вселенска станица , а беше во конкуренција и да биде првата жена која ќе се прошета низ вселената.

Избран најубавиот маж за 2019 , има IQ 181 (ВИДЕО)

Британецот Џек Хаселвуд (27) ја понесе титулата најубав маж за 2019 на вчера одржаниот натпревар , на кој учествуваа претставници на уште 70 земји.

Освен што е убав , Џек е и исклучително интелигентен со коефициент од 181 , а работи како инженер за авиосообраќај.

"Во манекенството можете да запознаете многу луѓе и да стекнете многу пријатели. Тоа е убаво оддалечување од науката што е многу тешка", рече најубавиот маж на светот.

Покрај студиите, Џек со години се занимава со манекенство заедно со своите две сестри, кои исто така се модели. Затоа, логично беше учеството во натпревар кој се одржува на секои две години.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

On Business Class to Manila with 1 short stop in Dubai. #Emirates #MrWorld #MrWorldEngland

A post shared by Jack Heslewood (@mr.world.england.2019) on

Од друга страна, тој од секогаш бил многу заинтересиран за технологијата.

"Џек имаше електричен велосипед на возраст од пет години и беше многу заинтересиран за машини и технологија. Веќе во основно училиште, тој беше заинтересиран за науката, постојано дизајнираше скутери и измислуваше плочки за лебдење. Ние постојано се шегувавме дека тој ќе биде иноватор еден ден". рече неговата мајка Кери, фалејќи го својот син дека сака  предизвици и авантурите и дека е љубезен, добро воспитан и забавен.

Џек е првиот Британец што ја понел оваа титула. 

притисни ентер