Во студентскиот дом „Стив Наумов" ќе биде отворена обновената читалница

Во студентскиот дом „Стив Наумов" денеска ќе биде официјално отворена обновената читалница. 

Обновувањето е реализирано во рамките на проектот „Студентски домови без корупција" спроведен од страна на студентите од студентскиот дом и Младинскиот образовен форум.

Акцијата беше спроведена од 1-ви до 12-ти овој месец со цел да се уреди просторот во постојната читалница и дворот во студентскиот дом, а преку донаторска акција ќе се изврши и опремување на библиотеката во рамки на читалницата.

– Со оваа акција започнува низата студентски акции во државните студентски домови. Студентските акции од проектот ќе се спроведат во државните студентски домови „Стив Наумов", „Кузман Јосифовски-Питу" и „Гоце Делчев" во текот на јуни 2019 година, велат од МОФ.

Проектот „Студентски домови без корупција" се спроведува од август минатата година и ќе трае до јули годинава. Примарната цел на проектот е да се поттикнат институциите на потранспарентно и поодговорно управување со студентските домови, како и вклучување други институции, организации и правни лица за подобрување на условите во домовите. 

ВМРО-ДПМНЕ: Заев да се слика со двојазичните табли во Прилеп

Зоран Заев е толку загазен во криминал, расипништво и неработење што не знае дека денеска не бил во Полошкиот туку беше во Пелагонискиот регион, реагира Петар Ристоски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Денеска во Прилеп дојде шефот на рекетарската банда, Зоран Заев, кој заедно со неговите извршители на локално ниво промовираа 4 автобуси, секој вреден по неверојатни 250.000 евра народни пари, набавка чија позадина и начин на спроведување допрва ќе се проверува.

Денеска во Прилеп е човекот кој е најодговорен за уништувањето на градот, човекот кој токму од тука се посмеваше со целата јавност дека немало да го промени државното име и човекот кој од Прилеп ја најави двојазичноста во целата држава.

Кога веќе е тука Зоран Заев, покрај промоцијата на автобусите на метан што со гориво ќе се снабдуваат дури од Битола, како љубител на правење селфи, го повикуваме да се фотографира со новата двојазична табла наместена на Фондот за здравство, како и со таблата на споменикот на Александар Македонски, каде благодарение на предавствата од владата што тој ја предводи стои натпис дека Александар еличност од хеленската историја.

СДСМ: Обидите на ВМРО-ДПМНЕ преку дезинформации да ги спасат криминалците и тајкуните нема да успеат

Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ, партијата симбол на криминалот и коруптивното владеење, се наведува во реакцијата на СДСМ на прес конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ . 

Во белиот дворец продолжуваат со ширење на лажни вести и невистини, повикувајќи се на дезинформации објавени во медиуми, што говори за степенот на очај во опозициската партија. Станува јасно дека како што се развива истрагата за случајот Рекет, така паниката во ВМРО-ДПМНЕ е се поголема. 

Надлежните институции да расчистат како исказот на еден од осомничените стигнал до медиумите, а Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција да се изјасни за веродостојноста на објавениот исказ. 

Објавувањето на вакви доверливи документи со цел да се поткопа истрагата е кривично дело. Истовремено, доколку се докаже дека одредени медиуми манипулирале со содржината на документот, мора да следува одговорност согласно правните норми. 

Тајкуните создадени од режимот на Никола Груевски, впрегнати со Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, прават се за да ја срушат правната држава, да не се донесе законот за ЈО,  да се загрози евро-интеграцијата на земјата и да се спасат од одговорност.

Но, јалови се обидите на ВМРО-ДПМНЕ преку дезинформации да ја наруши постапката и да ги заштити криминалците и своите тајкуни, ќе одговараат сите за кои низ судска потапка ќе се докаже вмешаност во овој случај. 

Уште еднаш, ги повикуваме надлежните институции да ја забрзаат истрагата, да се лоцираат нарачателите, извршителите и помагачите и сите, од прв до последен, да одговараат за своите постапки. 

Правда и одговорност, ќе има, реагираат од СДСМ.

Заев: Се надевам дека патот Градско-Прилеп ќе продолжи да се гради

Владата го раскинала договорот со фирмата која го градеше патот Градско – Прилеп.

Премиерот Заев најави дека се во постапка за изнаоѓање нов изведувач, а се надева дека набрзо ќе продолжи изградбата на овој важен патен правец..

притисни ентер