Жолта алертна фаза во целата земја, температурата до 38 степени

Земјава денеска ќе биде зафатена со температури од жолта алертна фаза. 

Температурата ќе се искачи до 38 степени целзиусови, поради што се апелира до граѓаните да се заштитат од директна сончева изложеност, да избегнуваат престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот, да носат светла и лесна облека. При директна изложеност на сонце се препорачува носење на заштитни очила и капа.

Препораката од Комисијата за следење на состојбата и ефектите од високите температури при Министерството за здравство е во текот на ваквите екстремно топли денови, граѓаните да останат во затворени простории, пред се климатизирани, а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори под сенка.

На хронично болните лица им се препорачува редовно земање на пропишаната терапија.

Се препорачува консумирање лесна храна и течности, а посебно да се внимава при подготовка и консумирање на храната, како и да се избегнуваат термички необработени производи, на пример мајонези од домашни јајца и внимателно да се консумира сладолед и разни кремови. Потребно е внесување поголемо количество течности, најдобро вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци. При влегување во возило, се препорачува возилото одреден период да се проветри.

Синпотичарите од денеска до недела најавуваат сончево и многу топло со максимални температури над 35-тиот степен. Од недела во попладневните часови повторно ќе има појава на локален пороен дожд и грмежи, а максималните температури ќе бидат во постепено опаѓање.

Македонија гласа на првиот круг претседателски избори

Македонија по 7 пат бира претседател на државата. Гласачките места  ќе бидат отворени  до 19 часот. 

По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа.право на глас имаат вкупно 1.814.317 избирачи, а според заклучениот избирачки список на Државната изборна комисија, за гласање во државата се запишани 1.713.758 избирачи. Вчера на 31 избирачко место гласаа и нашинци во дијаспората, како и затворениците и болните и немоќни лица. Утринава нашата екипа е на отворањето на гласачките места во Влае. Таму е Игор Манасивски.

Целосниот извештај погледнете го во видеото.

Лични документи можат да се подигнат и денеска

Лични документи можат да се подигнат и денеска, на денот на изборите, информираат од МВР.

- Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 24.04.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот, соопштуваат од МВР.

Исто така, граѓаните на Скопје, ќе можат своите лични карти да ги подигнат во полициските станици во Скопје.

Јавниот превоз во Скопје со неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Јавниот превоз денеска ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи, соопшто Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.

Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.

притисни ентер