Ирина Шајк објави атрактивна фотографија и доби неочекуван лајк

Денеска руската манекенка Ирина Шајк на својот Инстаграм објави атрактивна фотографија и доби стотици илјади лајкови , меѓу кои и еден неочекуван.

Убавата Русинка објави фотографија во костим за капење на компанијата чие е заштитно лице. Таа неодамна ја прекина четиригодишната врска со холивудскиот актер Бредли Купер.

Ирина за фотографијата доби речиси 700 илјади лајкови за еден дел , а американските емдиуми забележаа дека меѓу нив и поранешниот вереник на Лејди Гага , Кристијано Карино.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

🍃 @intimissimiofficial

A post shared by irinashayk (@irinashayk) on

Токму Лејди Гага се смета за одговорна за прекинот на врската меѓу Ирина и Бредли. Тој премногу се внел во улогата што ја игра со пејачката во силмот ,,Ѕвездата е родена” , што ја запоставил целосно убавата руска манекенка, со која има двегодишна ќерка.

МЛЕЧНА ПАНАКОТА

Рецепт на Милена Ангелковска

Потребни состојки:, 500 мл. неутрална крема, 300 мл. млеко, 150 гр. шеќер, 60 гр. желатин и сос од малини.

Постапка:

Во тенџере се ставаат: кремата, млекото и шеќерот.

Тенџерето со состојките се става на оган до степен на вриење.

Потоа се трга од огнот и во него се става желатинот да се стопи.

Смесата од тенџерето се префрла во подлабок пластичен сад.

Потоа со смесата се полнат помали пластични садови.

Одозгора се додава сос од малини и се става во фрижидер да се излади околу 40-тина минути.

Се ближи ли крајот на проблемот со опасниот линдан?

Дали си ближи крајот на големиот еколошки проблем со линданот кој е складиран во кругот на некогашниот хемиски гигант Охис. План има, а потребните средстваќе ги обезбеди Владата, а дел и од други извори.

Од почетокот на јули точно ќе се знае кога ќе почне најголемата еколошка акција чисте на линданот од дворот на Охис. Во овој период ќе се знае колку точно пари ќе бидат обезбедни за почеток на акцијата. Дел од средставата ќе бидат од владата, а дел од надворешни учесници.

За Петровска се е подготвено, тендерот е подготвен се чекаат парите. Според привчните проценки потребни се од 60 милиони до 250 милиони евра доколку се земе скапа процедура. Надоврешн и искусни фирми треба да го дислоцираат линданот. Акција која ќе трае и до пет години. Важно е обезбедување на просторот, поставување на балон, каде не смее да се дозволи материите да излезат од почвата кон воздухот. Засега станува збор за две потврдени депонии „мала и голема депонија“  на површина до 50 илјади тони контаминирана почва. Се уште треба да се прави истражувањето кај местото Пеленица во близина на Драчево каде има соменевање дека и таму има линдан.

Што преставува линданот? Овој отпад е остаток од производството на пестицидот Линдан, кој се произведувал во фабриката Охис, во 2009година неговото производство е забренето и некогашниот производ е прв на листата на канцерогени производи. Под овие дрјва во железни буриња се закопани над илјади тони канцероген отров во дворот на Охис веднаш до булерварот „Борис Трајковски затворен во железни буриња. Според хемијата тој се распаѓа и се пренесува преку подземните води и воздух. Живее во растенијата, животните, човекот.

Фабриката е прв сосед на скопските наслеби Пинтија и Лисиче. Според исптиувањата почата е заразена,а она што загрижува е дека се одгледува зеленчук. Линданот предзивикува рак на црниот дроб, заболување на лимфните јазли, но и хормонален дисбаланс, медицински случаи потврдиле дека девојчиња пред својата девета година веќе имаат менструален циклус.

ЦЕРН ја прекина соработката со Мајкрософт

Меѓународната институција за нуклерани истражувања ЦЕРН , односно најголемниот светски акцелератор на честички , ја прекина соработката со компанијата Мајкрософт. 

Иако "Мајкрософт" и понуди многу попусти за последните 20 години на оваа европска научна организација, минатата година објави дека работите ќе се сменат. Според новите одредби на оваа компанија, ЦЕРН повеќе не ги исполнува условите за припадност во категоријата академски институции со кои компанијата преговара за поевтини цени. Затоа, во март 2019 година, ЦЕРН понуди нов договор, кој всушност бил 10 пати поскап од претходниот, објави Бизнис Инсајдер.

По ваквите обесхрабрувачки договори, ЦЕРН одлучи да продолжи да работи без "Мајкрософт" или да се префрли на софтверот со отворен код како дел од новиот проект "Мајкрософт алтернативи" (MAlt).

"Проектот" Мајкрософт алтернативи "(МАЛТ) започна пред една година како одговор на очекуваното зголемување на надоместоците за софтверски лиценци", напиша Емануел Орманцев од ЦЕРН.

Ова лето започнува пилот проект во кој се вклучени волонтери и ИТ одделот на ЦЕРН, со цел пренесување на оваа научна организација во нова е-мејл услуга. После тоа, тие планираат да го прават истото со услугата на Скајп и други услуги.

ЦЕРН се надева дека другите академски институции ќе го следат неговиот пример.

"Ова е единствена можност за ЦЕРН да покаже дека не е потребно, поради своите основни услуги, да зависат од комерцијалните добавувачи, да ја контролираат податоците и да им овозможат на следната генерација на услуги да се прилагодат на потребите на заедницата. Се надеваме дека ЦЕРН ќе ги охрабри партнерите да соработуваат на овој нов проект ", напиша Орманцев.

притисни ентер