Рикер: Северна Македонија сработи одлично, преговорите со ЕУ треба да започнат што поскоро

Администрацијата во Вашингтон е убедена дека Северна Македонија е на вистинскиот пат за зачленување во ЕУ и дека претпристапните преговори на земјата со Брисел треба да започнат што поскоро.

Ова за МИА го изјави Филип Рикер, заменик помошник државен секретар за Европа и Евроазија.

Разговорите што Администрацијата ги води со европските сојузници и партнери и препораката на Европската комисија за започнување на преговорите укажуваат на тоа, посочи тој.

– Прашањето за одредување датум треба да се разгледа во бројните парламенти и во владите на земјите членки, но убеден сум дека тој процес се движи паметно, изјави Рикер, кој од 2008 до 2011 година беше амбасадор на САД во Република Македонија.

На прашање од МИА дали одложен почеток на претпристапни преговори на Северна Македонија и Албанија со ЕУ може да биде дестабилизирачки фактор за регионот, и би предизвикало Владата во Скопје да свика предвремени парламентарни избори, тој одговори дека не е убеден во такво нешто.

-Северна Македонија сработи одлично и продолжува на тој пат, затоа сум убеден дека нема да подлегне на некаква дестабилизиција со непотребни политички игри. Ова е процес кој треба да се истурка до крај и САД се убедени дека земјaта ќе стане 30. членка на НАТО, и мошне брзо ќе влезе во процесот за полноправно членство во ЕУ.

На прашање дали Администрацијата во Вашингтон има сознание кога ќе започнат претпристапните преговори со ЕУ, и дали тоа ќе се случи годинава, државниот секретар одговори дека ако се праша Админисрацијата преговорите треба да започнат што побрзо.

-Но тоа е одлука која земјите членка преку нивните бирократски процедури треба да ја донесат заедно. САД продолужаат со силна поддршка за Северна Македонија во таа насока. Очекувам преговорите со ЕУ да започнат што поскоро и сличен сентимент постои кај голем број на земји членки на ЕУ, посочи Рикер.

Помошник државниот секретар денеска во својство на сведок беше на сослушување пред Комисија за надворешни работи на американскиот Сенат. Тој, заедно со Кетрин Вилбаргер, заменик помошник секретар за одбрана, одговараа на прашања од сенатори поврзани со пристапувањето на Северна Македонија во НАТО.

Претседавач со Комисијата беше сенаторот републиканец Џејмс Риш, а прашања до Рикер и Вилбаегер поставуваа повеќе сенатори како демократите Сем Мемендез, Бен Кардин, Џин Шаин и Тим Кејн.

Се очекува Сенатот деновиве да го ратификува протоколoт за членство на Северна Македонија во НАТО. /MИА

Десетици повредени, откако траект удри во пристаништето во Неапол (ВИДЕО)

Триесет лица се повредени денеска во несреќа на траект што пловел кон италијанското копно од островот Капри во Средоземното Море, соопштија спасувачите.

Се уште нема официјално објаснување за настанот, но според првите информации брзиот брод Isola di Procida по пристигнувањето во градот Неапол удрил во пристаништето.

Иако има голем број повредени, никој нема посериозни повреди, соопшти спасувачката служба.

На островот Капри во Неаполскиот залив од вчера се одржува состанок на министрите за надворешни работи на Г7.

Капри е една од најпопуларните туристички дестинации во Италија. Овој остров, кој има помалку од 15.000 постојани жители, привлекува десетици илјади посетители секој ден во текот на сезоната.

Костадиновска-Стојчевска: Како што ветив, платите се за 12% повисоки за културните работници

Вработените во култура ја добија мартовската плата покачена за 12 проценти. Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска изјави дека со тоа, таа го исполни своето ветување.

„Како што ветив, платите на културните работници од денеска се покачени за 12 проценти.

Овааа Влада предводена од СДСМ се грижи подеднакво за сите. Од 2019 година до денес, покачувањето на платите во Секторот култура се искачи на 52 отсто, со потпишувањето на Колективниот договор“, изјави министерката за култура.

Костадиновска-Стојчевска додаде дека веќе две години се бори за повисоки плати за вработените во културата и успехот не може никој да го порекне. Платите пораснаа и повторно ќе растат.

„Не постои ниту еден чинител кој е против повисоки плати, особено кога Законот за кој оваа Влада се избори е на страната на културните работници“, вели министерката.

Таа, како предизборна игранка и манипулација ги оцени реакциите и протестите на СКРМ.

Вчерашниот состанок во Министерство за финансии, вели министерката за култура, „не беше свикан со намерата која Синдикатот за култура им ја презентираше на своите членови, нути пак за некаква игра, денес тоа се докажа“.

Костадиновска-Стојчевска во својата изјава ги повтори своите ставови, дека секогаш е на страната на вработените, за повисоки плати и за поголеми работнички права, соопштија од Министерството за култура.ж

Актерот Сергеј Трифуновиќ утре ќе биде сослушан во обвинителството, го уапсиле со марихуана

Актерот Сергеј Трифуновиќ утре ќе биде сослушан во обвинителството пред да се донесе одлука за ослободување или евентуален притвор.

Трифуновиќ по апсењето доби притвор до 48 часа, а утре ќе биде изведен на распит во обвинителството. По рочиштето ќе се знае дали ќе биде ослободен или приведен, објави Индекс.

За потсетување, Трифуновиќ синоќа е приведен во Белград заедно со негов познаник од кого наводно купил марихуана. Трифуновиќ претходно беше приведен во октомври минатата година, исто така во Србија, поради навреда на полицајци. Пред тоа имаше проблеми и со полицијата во Хрватска, за време на летниот одмор во Сплит, по што му беше забранет влез во ЕУ.

притисни ентер