Арапски принц во Дубровник потрошил илјадници евра , па не сакал да плати

Иако пребогати , гостите кои на луксузната јахта “Yas” од Обединетите Арапски Емирати дошле во Дубровник, останале без текст кога по забавата во ноќен клуб им стигнала сметка од 50 000 евра.

Според хрватските медиуми , кои ја објавија фискалната сметка , точниот износ бил  368 120 куни.За време на забавата било испиено едно шише шампањ Дом Перињон и повеќе шишиња познати француски вина , поскапи и од шампањот.

Забавата се одржала овој викенд , откако 145 метри долгата луксузна јахта впловила во дубровничкото пристаниште.

Во ноќниот клуб Ревелин во тврдината на градот се забавувал Мохамед , синот на шеикот и крунскиот принц од Дубаи , Хамдан бин Зајед Ал Нахјан. Гостите уживале во програмата во клубот , каде настапувале латино девојки во перја од ној. Гостите од Емиратите се однесувале пристојно , освен што ги честеле хостесите .

Но , кога утрото околу 6 часот го напуштале клубот , остамнале без зборови кога ја виделе сметката. Износот бил таков , што принцот сам не можел да го плати , па се вклучиле и пријателите со кои ја минал ноќта.

Наводно , тој прво одбил да ја плати сметката , по што персоналот на ноќниот клуб Ревелин повикале полиција.

Така принцот и две Британки биле однесени во полициска станица , зашто немале документи. Откако им бил утврден идентитетот , биле пуштени , потврдуваат од полицијата.

Фото: Оваа дама има 70 години а изгледа како девојче

Се повеќе постари дами покажуваат на социјалните мрежи како им пркосат на годините.

Една од нив е и Норма Вилијамс, која вели дека стареењето е само состојба на ум. Таа има 70 години но тоа на нејзиното лице и тело не се гледа, затоа што Норма изгледа како девојче.

Норма не само што изгледа младолико туку така и се однесува. Еден ден одлучила да го напушти дождливиот Лондон и својот живот да го продолжи во сончевата Италија. Таа вели дека сега се чувствува многу подобро и дека понекогаш мисли дека има 20 наместо 70 години.

Но како Норма успева да им пркоси на годините?

Таа вели дека целиот свој живот јадела здраво и вежбала.

Со тренинзите почнала од сојата 20та година и од тогаш се труди секојдневно да пешачи и да има умерена исхрана.

Нејзиниот појадок е сочинет од две капучина и малку леб, банана или некое друго сезонско овошје.

За вечера Норми јаде зеленчук со протеини: морков,брокула, грав, печурки со соја сос, маслиново масло, семки, јаткасти плодови.

Нејзино омилено јадење е шпагети со маслиново масло кое го додава во сите оброци.

Помеѓу оброците таа често јаде темно чоколадо и мед и ореви.

Таа одлучи да се откаже од мажите и да се омажи со нејзиното куче

Поранешната американска манекенка Елизабет Хоад, одлучи да се откаже од мажите и да се омажи со своето шестогодишно куче Логан.

Таа тоа го направи на почетокот на август оваа година.

Тие судбоносното „да“ го кажале пред 20 луѓе а Елизабет во таа прилика посебен прстен, додека нејзиното куче на себе имало посебно скроено одело.

Кума и кум на венчавката биле Ајакс и Бер, две хаски на пријателка на Елизабет.

Поранешната манекенка досега два пати била верена но никогаш не се венчала. Таа има имала и бројни состаноци со мажи но изгледа не ја нашла својата сродна душа.

-Затоа мислам дека е најпаметно да се омажам за Логан. Тој никогаш не ме напушта, како ни јас него. Некои мислат дека сум луда а јас мислам дека ова е сосема нормално, вели Елизабет.

Иако многумина се шокирани од нејзината одлука, таа не е прва особа која се омажила за своето куче. Пред нејзе тоа го има направено Вилхелмина Калаган која за своето куче се омажи 2009. година. Баш тој случај ја инспирирал Елизабет да се омажи со својот ретривер.

Пристигнува Рено Каптур хибрид со автономија на струја од 50 км

Каптур хибридниот систем ќе користи бензински мотор од 90 коњски сили и електромотор.

Кога пред неколку месеци од Рено ја претставија новата генерација на Каптур, најавија и хибридна верзија. Францускиот произведувач тогаш не откри конкретни технички детали за ова возило, но сега се појавија нови информации за неговиот погонски систем.

Од „Automobile Magazine“  тврдат дека овој новитет во погонот на Каптур, ќе користи комбинација од 1.0 литарски бензински мотор од 90 коњски сили и електромотор со јачина од 70 коњски сили. Со комбинирана моќ од 160 коњски сили, хибридниот Каптур ќе биде мошне интересен за возење.

Уште поважно е дека, Каптур на купувачите ќе им понуди и задоволувачка автономија на струја. Се тврди дека вградената батерија во овој модел би имала автономија од 45 до 50 км. Во возењето само на електричен погон, брзината ќе биде ограничена на 135 км/ч.

Планирано е овој модел да пристигне на пазарот во 2020.

притисни ентер