Мик Џегер во првото интервју по операцијата на срце: Многу вежбав минатите недели (ВИДЕО)

Легендарниот музичар Мик Џегер во првото интервју по операцијата на срцето вели дека здравјето му е добро.

Поради операцијата беше одложена турнејата на Ролинг Стоунси , планирана за ова лето. ,,Се чувствувам доста добро” ; рече Џегер за радиото од Торонто . ,,Многу вежбаме минатите недели” , вели расположениот рокер и додава дека утрото бил во теретана.

Кон крајот на март Ролинг Стоунс објавија дека планираната летна турнеја се одложува поради лекувањето на Џегер. Тогаш Мик Џегер (75) објави извинување до фановите и вети дека ќе направи се за што побргу да се врати на сцената.

Во мај објави видео на кое вежба танчерски движења за на сцената. Во денешното интервју тој рече дека членовите на бендот ги избираат песните за турнејата низ Северна Америка.

,,Настојуваме да одбереме некои што не сме ги пееле во последно време.” , рече Џегер. Според новите планови , турнејата на Стоунси почнува на 21. јуни во Чикаго.

Супер-татко со неверојатен скок го спаси синчето од давење (ВИДЕО)

Американец изведе ,,Суперменски скок” преку оградата во базен за да си го спаси едногодишното синче.

Алберт Пасаванти вели дека во еден момент му проработел татковскиот инстинкт кога неговото синче Роко падна во базенот во нивната куќа во Палм Каунти на Флорида.

Малото бебе поминало незабележано преку полуотврената врата на базенот и во обид да ја фати топката , се лизна и падна . Таткото веднаш скокна преку оградата и го спаси малиот Роко.

,,Истата секунда кога тоа ќе го видите , добивате сила на Супермен и тргнувате. Воопшто не ми текна да одам од околу.” изјави таткото за локалните телевизии.

Снимката стана вирална и предизвика воодушевување на социјалните мрежи.

Најлуксузната Тојота со неверојатен додаток -,,прашко"(ВИДЕО)

Со години Тојота во својата класа на луксузни лимузини ги достигнува германските производители , па во некои делови и ги надминува.

Новата лимузина на Тојота наречена Century има луксуз и комфор , а во неа прв се возеше директорот на компанијата , додека еден модел му е подарен и на јапонскиот цар.

Задржан е класичниот дизајн , а моторот е хибридизиран за разлика од претходните три серии на оваа лимузина. Сиопственикот на оваа лимузина секогаш е возен , па затоа на задните седишта има систем за максимален комфор.

Чини над 150 000 евра , а во опремата е додаден и еден ,,прашко” , чистач за прашина , зашто речиси нечујната лимузина , според јапонските стандарди, не би требало да се чисти со правосмукалка.

Порше какво ретко кој може да замисли (ВИДЕО)

Порше е симбол на престиж и луксуз со своите популарни спортски модели , но своевремено имале производство и за широките народни маси.

Моделот Ц88 бил развиен за потребите на кинеската влада за производство на семеен автомобил. Ова се случувало во 1994 година кога кинеската влада побарала од пет врвни автомобилски компании да понудат модел на семеен автомобил.

Најдобриот од нив требало да почне да се произведува под кратенката FAW.Но, во меѓувреме кинеските власти се предомислиле и почнале во 1996 со сопствено производство со ограничен увоз на автомобили од странство. Моделот на Порше е со Ц како почетна буква на China , а 88 во кинеската култура означува среќа и богатство.

Од Порше понудиле три модели , од кои најпрестижниот имал 405 сантиметри должина и 163 широчина со 1.1 мотор со сила од 68 Кс. За 16 секунди диостигнувал до 100км/час со максимални 165 км/час. Трошел под 6 литри бензин на 100 км.

Интересно е дека уште тогаш Порше понудил целосна опрема како АБС и воздушни перничиња. Планот бил Порше да произведе половина милион примероци годишно од Ц88.

Овој модел е изложен во музејот на Порше , а концептот подоцна и бил продаден на Индија.

притисни ентер