Рускоска: Нема судии и обвинители под истрага за корупција

Нема судии и обвинители кои се под истрата за корупција – вели шефициата на Обвинителството за организиран криминал Вилма Рускоска.

Дали судиите и обвинителите во Македонија се заштитени од понесување на одговорност за донесените одлуки ? Ниту последниот случај кога јавно беше објавена снимка на која се гледа како една вработена во судот зема пари во кеш, ниту сомневањата за корупција во судството не се доволни за да биде покрената постапка или истрага. Шефицата на обвинтиелството за гонење на организиран криминал и корупција Рускоска вели дека засега немаат докази против некој колега или судија.

Но, Рускоска рече дека се водат истраги за актуелни фунционери за економски криминал и корупција.

За последните одлуки на судиите и обвинителите прозивка упати и министерот за внатрешни Спасовски. Тој вели дека нема да има правда во општеството се додека сите елементи од системот не бидат на нивото на задачата.

СДСМ кога беше во опозиција најавуваше генерален реизбор на судиите, но премиерот Заев сега вели дека од таа операција се откажале поради недоволниот кадар во судовите.

Сепак најавува можност за т.н ветинг во следниот период доколку за тоа постои консензус во општеството.

Претседателот на Кривичнот суд Иван Џолев не се препознава во критиките и застанува на страна на судиите од овој суд. Смета дека во изјавата Спасовски не посочува кон судот со кој тој раководи, биедејќи како што вели судот одлуките ги носи врз база на аргументи и докази кои ги доставува обвинителството.

,,Одговорноста си има име и презиме и треба да биде индивидуализирана. Треба да бидеме попрецизни кога посочуваме.

Одговорност во своите редови не гледа ниту првиот човек на државното јавно обвинителство.

Неодамна беа донесени измените на законите за судови и судски совет а наскоро треба да биде донесен и законот за јавното обвинителство. Сепак, ефектите од реформите допрва треба да се почуствуваат.

Се намалува цената на електричните автомобили, некои се поевтини и за 2.000 евра

Портпаролот на Tesla денеска изјави дека компанијата ќе ги намали цените на некои модели на автомобили во одредени земји во Европа, вклучително и Германија, како и на Блискиот Исток и Африка.

Во Германија цената на моделот 3 со погон на задните тркала паднал од 42.990 евра на 40.990 евра, пренесува Ројтерс.

Таа компанија, чиј основач и директор е милијардерот Илон Маск, претходно најави намалување на цените во Кина и САД.

Така, во САД цените на трите модели ќе бидат за 2.000 долари пониски, а Model Y ќе чини 42.990 долари, Model S 72.990 и Model X 77.990, пишува ABC News.

На 15 април Маск објави дека 10 отсто од вработените во компанијата ќе бидат отпуштени.

Компанијата Тесла на почетокот на април објави дека испорачала 386.810 возила во првиот квартал од 2024 година, што е за 8,5 отсто помалку во споредба со истиот квартал минатата година, објавија медиумите.

На квартално ниво, испораките на возила на Tesla паднаа за 20 отсто во споредба со четвртиот квартал од 2023 година.

По тој повод, Tesla објави и дека во првиот квартал од 2024 година произвела 433.371 возила, што е за 1,7 отсто помалку од истиот квартал лани.

МОН: Наставата од деновите на гласање ќе се надомести во работни денови

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање, 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ во Скопје, наместо во саботи, ќе се надомести во работни денови.

Дополнувањето на нереализираните наставни часови ќе го планираат и организираат директорите на училиштата и ќе се реализира со подолг престој на учениците во денови од работната недела, во рамки на шестчасовното работно време на наставниците.

Потсетуваме дека наставната година за учениците од средните училишта трае до 10 јуни, додека за учениците од основните училишта до 17 јуни и потребно е да го зачуваме најдобриот интерес на учениците, а тоа подразбира тие во целост и квалитетно да ја совладаат предвидената наставна материја.

Министерство за образование и наука

Четворица млади Германци се уапсени, додека полагале бели рози во куќата на Хитлер

Четворица Германци биле фатени како положуваат бели рози во куќата во која е роден нацистичкиот лидер Адолф Хитлер во западна Австрија на неговиот роденденот, а една жена меѓу нив го извела нацистичкиот поздрав додека се фотографирала.

Полицијата во провинцијата Горна Австрија соопштила дека четворица Германци, две сестри и нивните партнери, на возраст од 20-ти и раните 30-ти, отишле во зградата во саботата за да положат бели рози во прозорците, објави Политико.

Тие се фотографирале пред куќата, а една од жените го извела нацистичкиот поздрав. Патролните службеници ја забележале групата и ги однеле во полициска станица на распит.

Жената рекла дека не била сериозна во врска со поздравот, но полицајците изјавиле дека нашле разговор со други на нејзиниот мобилен телефон, во кој споделувале пораки и слики со нацистички теми.

Полицијата соопшти дека ќе ги пријави сите четворица пред обвинителството поради сомневање дека го прекршиле австрискиот закон за забрана на нацистички симболи.

Хитлер е роден на 20 април 1889 година во Браунау ам Ин.

По долги расправии за иднината на куќата во која е роден, минатата година почна да се работи за нејзино претворање во полициска станица, што требало да ги одврати оние кои го величаат Хитлер и имаат намера да ја посетат.

притисни ентер