Британски милијардер направи раскошна свадба за ќерка си на Свети Стефан

Британскиот милијардер Џон Кодвел на својата ќерка Либи и направи тридневна свадба за паметење во црногорското ексклузивно летувалиште Свети Стефан.

Милијардерот на 66 годишна возраст не штедеше во прославата на свадбата на својата 31- годишна ќерка , која се омажи за Симон Морган . Меѓу славните гости беа и Данкан Банатајн и војвотката од Јорк , Сара Фергусон. Гордиот татко , како и гостите на Инстаграм објавија фотографии на кои се воодушевени од Јадранот.

,,Мојата прекрасна ќерка Либи се омажи. Уживавме во емотивна церемонија исполнета со љубов , солзи и веселба. Следуваше фантастична забава на која се веселевме до три наутро.” , напиша милијардерот.

Фотографија од забавата , што од хотелот со пет ѕвездички се префрлила на луксузната јахта , постави и литванската старлета Викторија Сигел , која на свадбата била со сопругот.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Moments from fabulous Libby and Simon wedding!!!❤️

A post shared by VIKTORIJA SIEGEL (@siegel.777) on

Невестата со пријателките пред свадбата се забавувале и на хрватските острови Шолта , Вис и Хвар.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Angel’s beach party😇🍭😍 #weddingpartyday3 #letsparty🎉 @spacevilnius 👙

A post shared by VIKTORIJA SIEGEL (@siegel.777) on

Тридневен хакатон за креирање игри за најмладите

 Тридневен хакатон за заедничко креативно и техничко подготвување едукативни игри, материјали и содржини за деца од три до десет години ќе се одржи од 18 до 20 јули во НУБ „Св. Климент Охридски" во Скопје.

Хакатонот е во рамките на проектот „Создавање средина што овозможува подобрување на квалитетот на наставата и учењето преку кокреирање и иновации" финансиран од Владата на Обединетото Кралство преку Британската амбасада во Скопје со поддршка од Министерството за труд и социјална политика, Министерството за образование и наука, Бирото за развој на обрзованието и УНИЦЕФ, а го спроведува Смартап – лабораторијата за социјални иновации.

Организаторите ги покануваат да се пријават сите креативни гејмери, девелопери, графички дизајнери, артисти и ентузијасти од секаков тип, кои би сакале да креираат игри наменети за најмалите. Пријавувањето може да биде индивидуално или во тим од три до пет учесници.

Како што најавуваат од Смартап, ова искуство ќе биде во опуштена и пријатна атмосфера, со многу дружење, можност за стекнување нови знаења и вештини, вмрежување и заедничко креирање игри за најмилите.

Целта е изработката на нова национална веб-платформа што треба да прерасне во дом на голем број материјали за едукација. Платформата ќе биде место каде што одделенските наставници, воспитувачи и родители ќе можат да ги пронајдат потребните материјали и инспирација за подобро спроведување на часовите, нови начини на учење преку игра. 

Дневен хороскоп за 20. јуни 2019 година

Дневен хороскоп за четврток , 20. јуни 2019 година. 

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Ќе ја најдете хармонијата што ви бегаше од раце. Ќе ги подобрите односите со саканата личност. Осамените ќе излегуваат и ќе бидат подготвени за љубов.

Кариера

Ќе обновите некои од контактите со соработнци од странство. Тоа ќе ви го освежи работниот ден.

Здравје и совет

Ќе се чувствувате подобро.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Денеска ќе посакате да избегате од се и малку да се расположите со друштво. Ситуацијата тоа ќе ви го овозможи.

Кариера

Не треба премногу да се грижите , зашто некои работи сами од себе ќе се развиваат. Ваше е само да ги следите.

Здравје и совет

Подучете ги помладите од себе.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Големата самодоверба ќе ве води во нови љубовни акции. Оние во врска ќе бидат сигурна потпора за саканата личност.

Кариера

Одличен ден за подобрување на финансиската состојба. Некои ќе добијат пари што долго ги очекувале.

Здравје и совет

Држете се до своите приоритети.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Одличен ден за комуникација и неформални кафе-средби. Излезњете , прошетајте се , бидете отворени за луѓе.  

Кариера

Некои заминуваат на деловен пат на кој ги чека пријатна средба и уживање во работата. Ќе биде подобро од очекуваното.

Здравје и совет

Наспијте се.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Без премногу зборови ќе бидете насочени кон она што е благородно и позитивно во вашиот однос , а се друго ќе игнорирате.

Кариера

Не вреди да се заморувате со она што е минато. Прифатете го тоа како анализа и продолжете понатаму. Патот ви е отворен.

Здравје и совет

Преминете од зборови на дела.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ќе чувствувате минлив немир , што кај вас ќе испровоцира дополнителни прашања , на кои набргу ќе најдете одговори.

Кариера

Соработката со другите добро ќе се развива доколку успеете да утврдите кој е кој во одредена ситуација.

Здравје и совет

Останете будни.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Сентименталноста и нежноста ќе бидат денеска вашите главни особини. Многумина ќе бидат приврзани кон својот партнер.

Кариера

Ќе влијаете на работите многу повеќе отколку што сте очекувале. Можете речиси се.Искористете го денот.

Здравје и совет

Здравјето ви е добро.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Како што ќе минува денот , се повеќе ќе гледате колку многу ви значи љубовта и ќе ја поставите на прво место на својата листа на приоритети.

Кариера

Работата ќе се одвива вообичаено и стабилно , а вие ќе уживате во мирниот работен ден без стрес.

Здравје и совет

Бидете радосни.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Денеска во целост ќе бидете ориентирани на еротика и на секс. Така ќе успеете да ги надминете сите проблеми во односите.

Кариера

Помирно ќе ги прифаќате сугестиите од другите , зашто се засилува вашата доверба во нив. Подготвени сте на соработка.

Здравје и совет

Намалете ги калориите.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Уште денеска може да очекувате повеќе барања од саканата личност. Бидете трпеливи и што повеќе смирени.

Кариера

Веројатно ќе бидете сведок на една помала кавга меѓу вашите шефови и соработниците. Вие ќе останете настрана.

Здравје и совет

Вежбајте гимнастика.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Вашиот внатрешен глас ќе го одреди однесувањето и во приватниот живот. Ќе ви биде убаво , а душата ќе ви биде исполнета.

Кариера

Би сакале да се впуштите во нешто што не е конвенционално или што води кон алтернатива. Денеска сте опседнати од тоа.

Здравје и совет

Успешно ќе истражувате.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Влегувате во исклучителна емотивна фаза , кога ќе блескате , а вашата потреба за љубов ќе биде силна. Повеќето од вас ќе бидат со партнер.

Кариера

Ќе ги прифаќате сите опции , зашто во себеси ќер имате сила за да ги надминете сите граници. Ќе бидете задоволни.

Здравје и совет

Внимавајте од настинки.

Ледниците на Хималаите се топат двојно побргу отколку во 2000 година

Од почетокот на векот , топењето на ледниците на Хималаите е двојно побрзо , предупредуваат научниците.

Повеќе од една четвртина од мразот е стопена во последните 40 години, а тоа значи катастрофални последици за околу милијарда луѓе во регионот , кои би останале без вода. Научниците ги комбинирале резултатите добиени со анализа на сателитските снимки на САД , од кои е симнат знакот за доверливост и настанале во 70 – тите години на минатиот век. така направиле детален попис на промените на планинскиот венец долг 2 000 километри.

Со анализата било утврдено дека секоја година се губат 8 милијарди тони мраз , кој не се заменува со нов снег , а ледниците на пониските места се намалуваат и за пет метри годишно. Научниците сметаат дека тоа е директен резултат на глобалното затоплување.

Професорот Џошуа Маурер од Универзитетот Колумбија, кој го раководи истражувањето  вели дека  станува збор за најуверлив доказ за топење на ледниците на Хималаите од 1975 до сега.

Најмалку третина од мразот на Хималаите ќе се стопи до крајот на векот , па дури и доколку се преземат драстични мерки за намалување на количеството на штетни гасови.

Ако ништо не се преземе , ќе се стопат две третини од ледниците, што ќе влијае на големите реки во Индија , Пакистан и Кина , од каде водата е главен извор за опстанок на околу милијарда луѓе.

притисни ентер