Заев не ја исклучува можноста нов мандатар да формира влада

Не добивање датум за преговори со Европската Унија по автоматизам не значи и распишување на предвремени парламентарни избори.

 Премиерот Зоран Заев разгледува повеќе опции кои би ги активирал доколку Брисел не одреди датум во јуни. Враќање на мандатот и нов мандатар е една од алтернативите која Заев првпат ја изнесува во јавност во синоќешното телевизиско интервју.

Сепак, за каков потег ќе се одлучи Заев ќе зависи од пораките кои ќе ги испрати Европските совет следната недела.

Во меѓувреме, Заев ги реализира најавените директорски смени. На вчерашната владина седница назначени првите луѓе на новоформираната Агенција за национална безбедност како и Истражниот затвор „Скопје“.

Рахиќ, кој е и поранешниот пратеник на СДСМ, ќе седне во фотелјата на досегашниот директор на Шутка, Котевски, кој си поднесе оставка од функцијата по скандалот со нападот врз Миле Јанакиески и Спиро Ристовски во затворскиот двор во февруари годинава.

Нови назначувања и во СДСМ. Откако ги разреши речиси сите претседатели на општинските партиски ограноци, Заев сега дел од нив врати, а на дел од ограноците се најдоа нови лица.

Нови претседатели од денеска имаат општинските ограноци на СДСМ во скопски Карпош, Ѓорче Петров, Центар, како и Штип, Охрид, Струга, Куманово, Крива Паланка.

Бојан Јовановски денеска повторно на распит за „Рекет"

Во Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција на распит денеска треба повторно да биде спроведен првоосомничениот за случајот „Рекет" Бојан Јовановски – Боки 13, кој се наоѓа во притвор во КПУ Затвор Скопје.

Ова е втор исказ на Јовановски за случајот „Рекет". Бојан Јовановски – Боки 13 на 15 јули годинава беше приведен на распит во Обвинителството заедно со второосмоничениот Зоран Милевски.

По неколкучасовниот распит Јовановски беше изведен пред Суд, каде на барање на Јавното обвинителството му беше одредена мерка притвор.

Во изминатиот период во врска со овој случај во Обвинителството сведочеа бизнисменот Силјан Мицевски, водителката Лила Филиповска и пратениците Фросина Ременски и Александар Кирацовски, како и претседателката на Собранието на Меѓународниот сојуз Агапи Дика и бизнисменот Зоран Азманов.

Поранешната шефица на СЈО Катица Јанева, која исто така, се наоѓа во притвор како третоосомничена исказ ќе дава во вторник.

Во случајот „Рекет" што го отвори Обвинителството за организиран криминал и корупција осомничени се  Бојан Јовановски и Зоран Милевски-Кичеец, како и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Сите тројца се во притвор. /МИА

Претседателот Пендаровски во посета на Велес

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска ќе престојува во посета на Општина Велес.

Посетата на Пендаровски, како што соопштуваат од неговиот кабинет, е во рамки на проектот „Лице в лице".

Пендаровски заедно со градоначалникот на Велес Аце Коцевски ќе засади садници на опожарените места крај езерото Младост, а потоа ќе ги посети ООУ „Св. Кирил и Методиј" и Територијалната противпожарна единица во овој град./МИА

На првиот есенски ден променливо време и локален дожд

Од денеска почнува есента на северната хемисфера, а истовреме на јужната хемисфера почнува пролетта.

На првиот ден од есента, Сонцето во Скопје ќе изгрее во 06:20 часот, а ќе зајде во 18:32 часот. Денот ќе трае 12 часа и 12 минути.

Синоптичарите за денеска најавуваат променливо облачно време со сончеви периоди. Попладне и кон крајот на денот се очекуваат повремени локални врнежи од дожд кои наместа ќе бидат проследени со ретки грмежи. Врнежи ќе има и во вторник кога на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер./МИА

притисни ентер