Пендаровски во Брисел на средби со Туск и Могерини

Ниту првата официјална посета на претседателот Пендаровски на Брисел, ниту охрабрувачките пораки на неформалниот прв човек на Европската Унија, Доналд Туск, не дадоа појасна слика кога земјава би ги отпочнала преговорите со Унијата.

Но, ги расчисти дилемите дека јуни е недофатлив за добивање датум. Тоа индиректно го појасни претседателот на Европскиот Совет, телото кое за 10-ина дена треба да се изјасни за Македонија. За Туск, неспорен е напредокот на земјава, и во реформите и во односите со соседите, но како што прецизира, консензус меѓу земјите членки се уште нема.

-Не сакам да ја предвидувам одлуката на ЕУ. Вие направивте сѐ што се очекуваше од вас. Но, сакам да бидам искрен со вас, не сите земји- членки се подготвени да ја донесат одлуката за отворање на преговорите во наредните денови. Прашањето денеска не е дали, туку кога. Јас сум претпазлив, бидејќи за постигнувањето на консензус меѓу сите 28 земји- членки на ЕУ е потребно повеќе време, отколку што јас би сакал. Но нема сомнеж дека местото на вашата земји и целиот регион е во ЕУ, изјави Доналд Туск, претседател на Европскиот Совет.

Пендаровски потенцира дека Македонија не бара незаслужена награда и дека донела храбри одлуки за чувствутелни прашања. Потсети и на улогата на земјава во справувањето со мигрантската криза пред три години, кога како што рече, го демонстрираше цврстото европско партнерство.

-Морам да истакнам една реалност – ние сме најефикасни кога пред нас имаме задачи, а преговорите за членство се најдобрата реформска алатка. Овој јуни ЕУ има историска можност да покаже лидерство и визија за иднината на целиот наш регион – со тоа што ќе и додели датум за преговори на Северна Македонија, порача претседателот Стево Пендаровски.

Во таква мисија денеска во Берлин отпатува и премиерот Заев, каде утре ќе има средба со канцеларката Меркел, по која, како што соопшти, ќе се искристализираат и политиките што ќе ги преземе владата. Заев очекува од Меркел да добие прецизни одговори кога формално би ги почнале преговорите и дали земјава на Европскиот Совет на 21-ви месецов ќе може да добие формулација која ќе гарантира почеток преговорите во разумнен период.

Барселона ја тужи шпанската федерација, судот одлучува за голот на Јамал против Реал

Барселона не дозволува да стивне бурата по „Ел Класико“ во кое Реал победи со 3:2.

„Фантомскиот гол“ на Ламин Јамал ​​и понатаму е тема на шпанските медиуми. Барселона не дозволува да престане да се зборува за тоа.

И по самиот меч имаше остри критики за судењето, немањето технологија за гол-линијата и „злоупотребата на ВАР системот“.

Првиот човек на клубот, Жоан Лапорта, најави дека Барселона ќе ги искористи сите средства да ја истражи ситуацијата и да утврди дали тоа било гол или не.

Барселона сега отиде чекор подалеку и најави дека ќе ја тужи Шпанската фудбалска федерација и дека решение на оваа ситуација ќе бара на суд.

Ден по натпреварот беше објавена и комуникацијата на главниот судија со играчите и судиите од ВАР-салата, но изостана делот од видеото поврзан со ситуацијата околу голот на Јамал ​​кој не беше признат.

Федерацијата го одби барањето на Барселона да му ја даде на клубот целосната снимка од комуникацијата помеѓу судијата и ВАР-собата и Каталонците сега сакаат да ја добијат преку судовите.

Лапорта останува на ставот дека доколку се покаже дека Барселона е оштетена, ќе бара реприза. /МИА

Видео: Коњи трчаат низ центарот на Лондон, еден е облеан во крв

Жителите на Лондон утринава забележале два коња без сопственик во центарот на градот, од кои едниот изгледал облеан во крв. Носеле седла и узди.

„Околу 8 часот и 40 минути добивме пријава дека коњи без сопственици трчаат низ градот. Полицајците ги запреа на автопатот кај Лајмхаус. Чекаме возило за да ги однесеме на ветеринар“, соопшти полицијата.

Скај њуз вели дека коњите припаѓаат на дворската коњаница, дел од британската армија. На социјалните мрежи се појавија видеа од настанот на кои се гледа како црн и бел коњ трчаат по улицата. Набрзо зборуваше портпаролот на армијата.

„Одреден број воени коњи се олабавиле за време на рутинска вежба. Сите коњи сега се вратени во кампот. За време на инцидентот се повредени одреден број вработени, како и коњите. На сите им била укажана лекарска помош ," вели тој .

Извор: Индекс.хр

притисни ентер