Клеменс Која: Да се овозможи СЈО да продолжи непречено да работи

Шефот на Мисијата на ОБСЕ во  Македонија Клеменс Која денеска изрази загриженост во врска законот за специјалното јавно обвинителство, што е предмет на разговори меѓу владејачките партии и опозицијата, како и за мандатот на СЈО. 

Ги повика сите партии да постигнат согласност и да се овозможи СЈО да продолжи непречено да работи.

Која во обраќањето на презентацијата на вториот преоден извештај на ОБСЕ за работата на СЈО, кажа и дека исто така е важно СЈО да продолжи да работи на независен и професионален начин.

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева истакна дека очекува законот за СЈО да биде донесен што е можно побрзо и да се овозможи Обвинителството да работи со проширени надлежности

Во целиот овој период од 3,5 години СЈО, посочи јанева, се обидува да остане во рамките на мандатот што му е даден, а со тоа да му овозможи на судот доволно докази за да донесе соодветни пресуди.

Јанева, меѓу другото, се осврна на наодите од извештајот, потенцирајќи дека СЈО комплетно ги дало доказите, а исто така на обвинетите дека можат да дојдат во СЈО и да ги слушнат прислушкуваните разговори, но оти никој од нив не го сторил тоа.

Забелешките ќе ги разгледаме на колегиум, рече таа, изразувајќи надеж дека во иднина ќе се почувствува разлика во нивната работа.

Извештајот на ОБСЕ се однесува на работата на СЈО од ноември 2016 до ноември 2018 година, односно набљудувачи на мисијата следеле 20 случаи на обвинителството за кои обвиненија биле поднесени пред јуни 2017 година.

Марија Лаура Фероли, офицер за владеење на правото во Мисијата на ОБСЕ во Скопје, презентирајќи ги наодите и заклучоците истакна дека со цел да се намали ризикот од бегство, правната рамка за извршување на санкциите треба да биде изменета. Од ОБСЕ сметаат дека периодот помеѓу носењето на конечна и правосилна пресуда и моментот на лишување од слобода на осуденото лице да не биде прекумерно долг, упатувајќи на примерот со бегството на поранешниот премиер Никола Груевски.

Извештајот се однесува и за времетраењето на постапките, просечната ефикасност и управување со судските процеси, за правичноста и еднаквоста на оружјата, како и за независноста и непристрасноста на судот./МИА.

Ременски: Барам новинарот да го повлече насловот веднаш и да се извинат, во спротивно се приклучувам кон заедничката тужба

Потпретседателката на Собранието , Фросина Ременски бара повлекување на насоловот и извинување од порталот Инфомакс и и од порталот Република, а во спротивно се приклучува кон заедничката тужба за клевета од премиерот Зоран Заев и други.

Ничие право не смее да загрози право на друг. Тоа се границите на сите слободи и права на граѓаните. 

Медиумите како придобива на демократијата имаат и право и обврска да известуваат за сите прашања од јавен интерес и за случаи на криминал и корупција, почитувајќи ги начелата на новинарската етика кои вклучуваат објективно известување, проверка на веродостојноста на информациите и забрана за злоупотреба на средствата за јавно информирање за лажно обвинување за корупција. 

На интернет порталот Инфомакс на 23.08 беше објавен документ (записник) од исказ на лице за кривично-правен настан кој е предмет на актуелнсa истрага во ОЈО за организиран криминал и корупција. Селективното презентирање на содржината од објавениот записник со манипулирање и насочување кон заклучоци и новинарски интерпретации за некаква моја вмешаност и вмешаност на мојот сопруг во случајот Рекет, ги ценам како груби клевети и невистини. Овој текст продуцираше написи и наслови во други портали со иста содржина.

Обвинителството ги има на располагање сите права и обврски да ја утврди точноста на сите дејствија за сите спомнати во записникот. Медиумскиот суд не може да биде замена за институционално постапување.

Со оглед на фактот дека, лицитирањето со вината и манипулирањето со ширење на дезинформации и клевети за мене и за мојот сопруг ги сметам за напад врз мојата чест и углед, што повлекува и чувство за загрозување на мојата безбедност, ќе ги преземам сите законски дозволени средства за заштита.

Барам новинарот кој е автор на текстот во порталот Инфомакс и порталот Република кој објави клеветнички наслов да го повлечат веднаш и да се извинат во спротивно се приклучуваме кон заедничката тужба за клевета од премиерот Зоран Заев и други.

Еден од важните начела на правната држава е трагањето по вистината и одбрана на вистината, преку демократски правни средства по институционален пат, напиша Ременски на ФБ.

Шекеринска: Ќе ја тужам „Република" за лагите, целта е да се одложат постапките против криминалот

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска на својот Фејсбук профил објави дека ќе покрене тужба против порталот „Република" за, како што вели, лагите насочени против неа.

,,Ќе ја тужам „Република" за нејзините лаги, затоа што реакции до нив се непотребни и залудни. Сите знаеме дека, со секој од своите непотпишани текстови, си одработува за своите "непознати" газди. Газдите ни ја крадеа државата, тие, пак, имаа задача да ја лажат. Лажат и манипулираат со јасна цел која ја гледаме на дело секој ден во судовите: да ги оневозможат, попречат или одложат сите постапки за криминалот, корупцијата и злоупотребите кои ги чувме во „бомбите" и видовме на дело претходните 10 години.

Создадоа мафијашка структура која одземаше фирми и уништуваше животи преку ноќ, која контролираше, уценуваше и плаќаше новинари, која знаеше само да потплаќа, купува и продава… и сега сака да избега од правдата и одговорноста. Што ќе прави? Истото тоа, но со повеќе лаги и повеќе пари. Не успеаја досега. Нема ни сега!, напиша Шекеринска на својот Фејсбук профил. 

ВМРО-ДПМНЕ: Заев да се слика со двојазичните табли во Прилеп

Зоран Заев е толку загазен во криминал, расипништво и неработење што не знае дека денеска не бил во Полошкиот туку беше во Пелагонискиот регион, реагира Петар Ристоски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Денеска во Прилеп дојде шефот на рекетарската банда, Зоран Заев, кој заедно со неговите извршители на локално ниво промовираа 4 автобуси, секој вреден по неверојатни 250.000 евра народни пари, набавка чија позадина и начин на спроведување допрва ќе се проверува.

Денеска во Прилеп е човекот кој е најодговорен за уништувањето на градот, човекот кој токму од тука се посмеваше со целата јавност дека немало да го промени државното име и човекот кој од Прилеп ја најави двојазичноста во целата држава.

Кога веќе е тука Зоран Заев, покрај промоцијата на автобусите на метан што со гориво ќе се снабдуваат дури од Битола, како љубител на правење селфи, го повикуваме да се фотографира со новата двојазична табла наместена на Фондот за здравство, како и со таблата на споменикот на Александар Македонски, каде благодарение на предавствата од владата што тој ја предводи стои натпис дека Александар еличност од хеленската историја.

притисни ентер