Објавен јавниот повик за субвенционирање на занаети во Старата скопска чаршија

 Град Скопје го објави јавниот повик за субвенционирање на занаетчии во Старата скопска чаршија со кој ќе може да се набават алати и репрометаријали за занаетите што се на изумирање.

Ќе се субвенционира набавката на алати и репроматеријали до 80 проценти од докажаните трошоци, но не повеќе од 50.000 денари, со вклучен ДДВ.

Повикот трае до 20 декември, а ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен. Од Град Скопје информираа дека ќе се субвенционираат само докажаните трошоци направени во периодот од 1 јануари до 20 декември годинава.

Право на учество имаат занаетчии кои не добиле буџетски средства за субвенционирање од други извори, кои имаат подмирени обврски кон државата и кон вработените, кои започнале со работа најмалку една година од објавувањето на јавниот повик и кои се регистрирани согласно Законот за занаетчиска дејност.

Јавниот повик е објавен и на веб-страницата www.skopje.gov.mk, а барањата за субвенционирање се достапни во архивата на Град Скопје.

Апликацијата и комплетната документација треба да се достават во затворен коверт на адресата Град Скопје, Сектор за локален економски развој, булевар Илинден, број 82, 1000 Скопје (со назнака – Комисијата за спроведување на постапка – Пријава за јавен повик за субвенционирање на занаетчии за набавка на потребни алати и репроматеријали за занаети во изумирање во Старата скопска чаршија), најдоцна до 20 декември.

Дополнителни информации може да се добијат и во Секторот за локален економски развој на телефонскиот број 3297 284 или преку e-маил адресите: Fevzi.Mani@skopje.gov.com и Biljana.Stojmanovska@skopje.gov.mk

Доколку се исцрпат предвидените финансиски средства, Градот Скопје ќе го објави завршувањето на јавниот повик на својата веб-страница.

Јавниот повик е објавен согласно Пограмата за финансирање на проекти за развој на занаетчиството, угостителството и трговијата за 2019 година. 

Расте притисокот за предвремени избори во случај на неуспех во Брисел

Постои ли реална закана за владата на премиерот Заев доколку нема датум за преговори или предупредувањата за пад на актуелната власта се само заплашувања кон европските лидери?

Недобивањето датум веројатно ќе ја урне Владата, предупреди вчера премиерот од Брисел. Ваквата изјава на премиерот се чини ги засили и онака гласните барања за оставка и организирање избори веднаш по самитот.

Лидерите на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на  Алијанса за Албанците, Зијадин Села и на првиот човек на БЕСА, Билал Касами синхорнизирани во ставовите дека неуспехот во евроинтеграциите ја делегитимира власта и мандатот мора да се врати кај граѓаните .

Политичките аналитичари велат под услов и на овој самит Македонија да остане без посакуваниот исход, ќе биде потребно Заев со останатите лидери и да договори по кој пат ќе се движи државата во наредниот пат.

За Александар Кржаловски од МЦМС немањето датум ќе значи избори најдоцна во мај.

Универзитетскиот професор и поранешниот потпретседател на СДСМ, Гордан Георгиев вели притисокот нема да биде само меѓупартиски, туку и во целокупното општество. Според него, изборите не се решение, туку неопходен е договор како понатаму.

Редовните избори би требало да се одржат во декември следната година, а за премиерот Заев терминот за избори редовни или предвремени би бил крајот на октомври.

Пендаровски: Лобираме до последен момент, евроинтеграцијата нема алтернатива

Државниот врв лобира до последен момент Македонија да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ вели шефот на државата Стево Пендаровски.

 Очекува конечната одлука од Брисел да се знае до утре на пладне, но и во случај на негативна одлука Пендаровски смета дека евроинтеграцијата останува единствена опција за земјава.

Одговарајќи на новинарско прашање околу можноста да се разниша владејачката коалиција и да падне Владата ако земјава не добие датум за преговори, министерката за одбрана Радмила Шеќеринска тврди дека коалициските партнери имаат консензус по двете стратешки прашања – членството во НАТО и ЕУ.

Во случај на негативен исход од Брисел и прашањето како тоа ќе се одрази на безбедносен план претседателот Пендаровски не очекува како што рече драматични промени со оглед на како што кажа членството во НАТО Алијансата кое наскоро треба да се случи со забрзаната динамика на ратификацијата на Протоколот.

СДСМ: Државата е на прав пат за искоренување на сиромаштијата

Од СДСМ велат дека на светскиот ден на борба против сиромаштијата, можат да кажеме дека државата е на прав пат за искоренување на сиромаштијата.

Денеска, на Светскиот ден на борба против сиромаштијата, со гордост може да кажеме дека државата е на прав пат за искоренување на сиромаштијата.

Како одговорна партија, во изминатите две години презедовме низа мерки и политики кои обезбедуваат зголемување на животниот стандард, намалени трошоци и намалување на стапката на сиромаштија.

Минималната плата се зголемува на 14.500 денари, што е за 2.000 денари повеќе од сегашниот минимум, односно дури за 5.500 денари повеќе од минимумот во текстилната, кожарската и чевларската индустрија во 2016 година.

Ваквото покачување ќе значи подобрување на животниот стандард на работниците кои земаат минимална плата.

Воведовме социјална реформа која го подобрува животот на околу 300.00 граѓани. Социјалната помош се зголеми и до 300 отсто. За три пати е зголемен опфатот на деца кои добиваат детски и образовен додаток. Тоа е многу важно а извлекување од детска сиромаштија. За оние граѓани кои не ги исполнуваат условите за добивање пензија, воведовме социјална државна пензија.

Трајно го решивме проблемот со стечајните работници. Со последните измени на Законот за стечајци, за 12.000 наши сограѓани е обезбеден месечен надоместок од над 8.000 денари кој ќе го добиваат до нивно пензионирање.

Паралелно со ова, ги намалуваме и трошоците во домаќинствата што е во насока на политиките за извлекување од сиромаштија.

Ја укинавме радиодифузната такса, воведовме евтина дневна тарифа на струјата, намалени се сметките за парно, а во неколку општини, намалена е и цената на водата за пиење.

Ова се само дел од мерките што имаат за цел да ја зајакнат борбата против сиромаштијата. Целосно сме посветени на трајно извлекување од сиромаштија на што е можно поголем број граѓани и семејства.

Борбата против сиромаштија е правиот пат. Како партија продолжуваме со мерките што обезбедуваат повеќе пари и повисок животен стандард за сите граѓани.

Прес-конференција на Татијана Лалчевска, пратеничка на СДСМ

притисни ентер