НБ: Економските фундаменти здрави, монетарната поставеност соодветна

 Економските фундаменти здрави без присуство на нерамнотежи во економијата, а монетарната поставеност соодветна.

Ова е оценката на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на која беа разгледани клучните показатели за домашната економија и движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари, во контекст на поставеноста на монетарната политика.

Според Комитетот, економските фундаменти се здрави, без присуство на нерамнотежи во економијата. Отсуството на нерамнотежи е видливо преку ниската и стабилна инфлација и поволната надворешна позиција, контекст што придонесува за поволни движења на девизниот пазар и интервенции со откуп на девизи од страна на Народната банка од почетокот на годината. Динамиката и валутната структура на штедењето на домаќинствата упатува на стабилни очекувања и поволни согледувања.

Во однос на најновите макроекономски показатели, според проценетите официјални податоци за БДП, економската активност во првиот квартал на оваа година бележи годишен раст од 4,1 отсто, што е во согласност со очекувањата. Растот на економската активност е поттикнат од домашната побарувачка, додека нето-извозот има мал негативен придонес. За вториот квартал од годинава, при ограничен обем на расположливи податоци, според Комитетот тешко е да се формира попрецизна оцена за состојбата во економијата. Засега, расположливите високофреквентни податоци за април упатуваат на натамошни поволни движења во економијата, што се видливи преку натамошниот раст на индустриското производство и прометот во трговијата.

Остварената просечна годишна стапка на инфлација во првите пет месеци изнесува 1,4 отсто, при очекувања за стапка на инфлацијата од 1,5 отсто за целата 2019 година. Ризиците, наведуваат во соопштението, во однос на проекцијата на инфлацијата за оваа година засега се оценуваат како урамнотежени.

Менувачкиот пазар заклучно со втората декада на мај укажува дека нето-приливите од приватните трансфери се во согласност со очекувањата за вториот квартал. Остварувањата кај билансот на плаќања во првиот квартал од годинава посочуваат на повисок дефицит во тековната сметка во однос на априлската проекција, но и подобри нето финансиски приливи од очекуваните за истиот период. Девизните резерви на крајот на мај се повисоки во однос на крајот на минатата година, при што сите показатели за нивната адекватност и натаму се во сигурната зона.

Во однос на монетарните движења, по растот во април, првичните податоци за мај покажуваат мал месечен пад на вкупните депозити, што во најголем дел произлегува од падот на депозитите на претпријатијата и на останатите сектори, при мало намалување и кај депозитите на домаќинствата. На кредитниот пазар, во мај, продолжи месечниот раст на кредитите, движен од растот на кредитирањето на домаќинствата. Засега не се забележуваат поголеми отстапувања од очекуваната динамика на монетарните и кредитните агрегати.

Ликвидноста на банките се задржа на релативно стабилно и високо ниво, што придонесе и натаму банките да имаат ниска потреба за задолжување на меѓубанкарскиот пазар на депозити. Во такви околности, смета Комитетот, банките и натаму го насочуваат вишокот слободни парични средства кон расположливите депозити кај Народната банка, што овозможуваат висока флексибилност и достапност на средствата за непречено кредитирање на домашните субјекти.

На девизниот пазар во мај е забележан сезонски раст на нето-побарувачката за девизи, што беше целосно задоволена од сопствените девизни средства на банките. Покрај тоа, во услови на флексибилно управување со девизните средства и обврски, банките еден дел од вишокот девизна ликвидност го насочија и на меѓубанкарскиот девизен пазар, поради што Народната банка и овој месец интервенира со откуп на девизи од банките поддржувачки. Заклучно со мај, Народната банка откупи 72,5 милиони евра, со што и во првите пет месеци од оваа година централната банка е присутна на девизниот пазар само со откуп на девизи од системот.

На седницата е заклучено дека макроекономските показатели и оцени главно се движат во согласност со очекувањата, а согледувањата за амбиентот за спроведување на монетарната политика главно се непроменети во однос на претходната оцена. Притоа, повторно беа нагласени неповолните ризици од надворешното окружување, особено оние предизвикани од неизвесноста поврзана со сѐ поголемите трговски тензии. Народната банка, наведуваат во соопштението, и во следниот период внимателно ќе ги следи трендовите и потенцијалните ризици, во контекст на поставеноста на монетарната политика.

Локализиран пожарот од страна на Пинтија

Целосно е локализиран пожарот од страна на Пинтија, останува дел над населбата Усје. 

Противпожарни екипи се на терен и се работи на негово комплетно гаснење, информираат за МИА од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје.

Пожарот избувна денеска околу 11:30 часот во шумата над скопската населба Пинтија. Зафатена беше поголема површина мешана шума.

Територијалната противпожарна единица на Град Скопје во гаснењето на пожарот доби помош и од воздух, активирани беа и авионите на Дирекцијата за заштита и спасување. Авионите направија два прелети  и фрлија вода кон Сопиште, каде се ширеше пожарот. Пожарникарите уверуваат дека нема опасност за ширење на пожарот кон Сопиште.

Во гаснењето на пожарот во Пинтија се вклучи и градоначалникот на Кисела Вода Филип Темелковски со претставници од Општината и месното население.

Во моментов активен е само пожарот кај Обиколница Бутел, а изгаснати се пожарите во Долно Блаце и Мојанци./МИА

Во сообраќајна несреќа настрадале мајка и ќерка од Пирот

Наместо да стигнат на одмор во Грција тие настрадале во сообраќајна несреќа.

Во сообраќајната несреќа која се случила во петок изутрина во Бугарија, на магистралниот пат кон Грција се случила сообраќајна несреќа во која настрадале мајка и ќерка, додека таткото кој го управувал возилото со тешки повреди е пренесен во болница.

Како што соопштуваат бугарските медиуми, несреќата се случила откако возилото „Фиат Панда“ со пиротски регистарски таблички од непознати причини нагло свртело на другата страна од коловозната лента и направило директен судир со автобус кој се обраќал на релација Благоевград- Сапарева бања.

Семејството од Пирот на кое му се случи оваа несреќа било тргнато на годишен одмор во Грција.

Тројца мртви во инцидент меѓу навивачи во Хондурас

Тројца се убиени во инцидент меѓу навивачи пред фудбалскиот меч помеѓу Мотахуе и Олимпија на Националниот стадион во Хондурас, пишуваат локалните медиуми.

Тие пренесуваат дека навивачи на Олипија го нападнале автобусот во кој се возеле навивачи од противничкиот тим. Се слушало пукање а полицијата користела солзавец за да го сопре инцидентот. Повредени се уште тројца луѓе од скршено стакло.

притисни ентер