Кај Жировница откриени двајца Албанци со два килограма марихуана

Граничната полиција привела двајца албански државјани во близина на селото Жировница поради сомнение дека шверцувале наркотична дрога марихуана.

Според СВР Тетово, при контрола на возило со албански регистарски ознаки, вчеравечер, во 23 часот и 10 минути, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Жировница во багажниот простор бил најден ранец во кој имало околу два килограма марихуана. Двајцата албански државјани кои биле во возилото Е.Л.(18) и Е.Ч. (33) се лишени од слобода и задржани во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување на случајот.

Втор ден од изборниот процес, право на глас денеска имаат болните и изнемоштените

На вториот ден од гласањето за предвремените парламентарни избори, своето право на глас ќе можат да го остварат затворениците, лицата во домашен притвор, внатрешно раселените лица, како и болните и немоќните лица. 

Правото на глас денеска ќе можат да го остварат 8.855 болни и немоќни лица, чии што пријави биле прифатени од вкупно 9.491 пријави што пристигнале до ДИК. во текот на денешниот ден ќе гласаат и 1.657 затвореници во 13 казнено-поправни установи низ земјава, како и 357 стари лица сместени во 17 старски домови.

Државната изборна комисија го отфрла шпекулациите дека имало броење на гласовите од вчера

Пациентите кои оздравеле од ковид- 19, со недели, па и месеци, потоа имаат последици

Истражувањето го спроведоа лекарите од клиниката „Џемели” во Рим, Анџело Карфи и Роберто Бернабеи, кои прегледаа 150 пациенти заразени со коронавирус.

Пациентите кои оздравеле од ковид- 19, со недели, па и месеци, потоа продолжуваат да имаат последици во форма на хроничен замор, отежнато дишење, болка во мускулите, некои сакаат да спијат по цел ден, а за некои е голем напор да се качат само еден кат, пишува „Јуроп Тудеј”.

Истражувањето го спроведоа лекарите од клиниката „Џемели” во Рим, Анџело Карфи и Роберто Бернабеи, кои прегледаа 150 пациенти заразени со коронавирус.

Од анкетираните, 87 отсто потврдиле дека имаат барем еден од пост-ковид симптомите, претежно преголем замор, проблеми со дишењето, некои имале психолошки проблеми, а голем број на пациенти по закрепнувањето покажале знаци на посттрауматско нарушување.

Речиси сите испитаници имале проблеми со апетитот и намалување на телесната маса.

Гласањето на болните во шест општини од Југоистокот се одвива без проблеми

Вкупно 1.369 болни и изнемоштени лица денес гласаат во општините Струмица, Радовиш, Василево, Босилово, Ново Село и Конче.

Гласањето се одвива без проблеми и според општинските изборни комисии се очекува да заврши во попладневните часови.

Во општина Струмица за гласање се пријавени 466 болни и изнемоштени лица, а заедно со нив гласаат и затвореници од Затворот во Струмица, Терапевтската установа „Покров" и Заводот за заштита и рехабилитација на деца и младинци „Бања Банско".

-Избирачкиот процес тече нормално без никакви проблеми и кај болните и изнемоштените, во затворот и во двете установи, информира Томислав Андреев, претседател на ОИК Струмица.

Претседателите на изборните комсии од другите општини, исто така, информираат дека гласањето се одвива нормално и без пробеми.

Право на глас во овие шест општини имаат над 110.291 граѓани на 198 избирачки места.

притисни ентер