Фото: Оливиа Кулпо е најсексапилната жена на светот за 2019

Убавата Оливиа Кулпо  според изборот на магазинот „Максим“ е најсексапилната жена на светот за 2019 година.

На врвот на максимовата листа „Хот 100“ е убавата манекенка која се повеќе сака да биде актерка.

Пред да ја започне кариерата како манекенка убавата Оливие учествувала на неколку избори за убавица . Во 2011 година е прогласена за МИс на Америка, потоа во 2012 ја понесе титулата и Мис Унивезум.

Оливиа по разводот од НЛФ ѕвездата на Детроит Дени Амендол е слободна жена.

Инаку „Максим 100“ од 2000 година ја избира најсексапилната жена на светот. Оваа ласкава титула досега ја освоиле убавиците Тејлор Свифт, Џесика Алба, Кети Пери, Хајли Болдвин, Мајли Сајрус, Линдзи Лохан, Џенифер Гарнер и Кејт Аптон.

Женска птица јастреб спасена од посериозна повреда во селото Тработивиште

Женска птица од видот јастреб e спасена од посериозна повреда во близина на селото Тработивиште. Птицата ја нашле мештани кои ја згрижиле, а потоа побарале помош.

Прв за случајот бил информиран планинарот Љупчо Чучуковски, кој вели дека најверојатно се работи за женска птица од родот јастреб, која често може да се сретне во близина на околните планини над село Тработивиште.

– Се работи за женски јастреб на возраст од околу три години, висока околу 50 сантиметри, тешка повеќе од еден килограм и со распон на крилјата поголем од 120 сантиметри. При мојата посета на местото каде е згрижена, констатирав дека едното крило на птицата и е скршено и дека треба да се лекува, за да може да преживее, на што луѓето се согласија. Луѓето кои ја пронашле птицата имаат желба да се грижат за истата, за што посебно сум среќен, вели Чучуковски.

По ова, Чучуковски стапил во контакт со ветеринар, кој во текот на следната недела ќе интервенира со цел целосно да биде санирана повредата на птицата.

– Бидејќи птицата веќе е во стабилна состојба, се договоривме со докторот, наредната недела да преземе хируршки зафат, по што се надевам дека птицата ќе биде во ред, но сепак ќе нема да може да лета, бидејќи крилото претрпело посериозна повреда. По мое мислење, истата најверојатно е гаѓана со пушка, а потоа бидејќи била падната во тревата и прегазена со автомобил, додава Чучуковски.

Јастребот е ретка птица во регионот, а главно место на гнездење им е над браната Лошана, која се наоѓа на пет километри над селото Тработивиште во општина Делчево. Во сличен ваков случај, пред една недела беше спасен белоглав мршојадец во Малешевијата. /МИА

„Ракијада" во Валандово

На Градскиот базен во Валандово денеска ќе се одржи традиционалниот настан „Ракијада".

На настанот најавено е присуство на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски./МИА

Саем на кариера и вработување во вторник на платото на УКИМ

Саем на кариера и вработување 2019 ќе се одржи на 22 октомври, вторник, од 11 до 14 часот, на платото на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје.

Агенцијата за млади и спорт обезбедила над триесет домашни компании, младински организации, агенции за вработување, едукативни центри и понуди за младински поволности.

Саемот, како што соопштија од Агенцијата за млади и спорт, е наменет за сите млади што бараат практика, работа, можности за вмрежување, младински активизам, ИТ-едукација, програми за работа надвор од државата, проекти „Еразмус+", тренинзи, работилници, преквалификација и доусовршување.

Идејата е младите да дојдат со својата кратка биографија во печатена или електронска форма и да искористат некоја од можностите./МИА

притисни ентер