СДСМ: Пратениците од ВМРО-ДПНЕ, Вељановски, Милошоски, Димовски да не чекаат туку веднаш да си поднесат оставки

Оставката на Павле Богоевски од функцијата пратеник од морални причини, само заради индиции претставува висок морален чин и силно чувство на лична одговорност пред граѓаните.

Кај пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, против кои се водат судски процеси за тешки кривични дела, нема ниту приближно чувство на морална одговорност, тоа е јасно.

Но, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Вељановски, Антонио Милошоски и Илија Димовски да не чекаат ниту ден повеќе, туку веднаш да си дадат оставки од своите функции.

Тоа е најмалку што може да го направат за да се избегне каква било можност да ги попречуваат или влијаат врз судските процеси и истрагите против нив.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ немаат трошка кредибилитет се додека во нивните редови седат пратеници против кои се водат истраги и процеси за сериозни дела.

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТ

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Ердоган на средба со Путин за Сирија

Турскиот претседател Ердоган следната недела ќе отпатува за Русија на разговори околу турската офанзива против Курдите на североистокот на Сирија.

Рускиот претседател Владимир Путин го поканил Ердоган на состанок во сочи во текот на нивниот телефонски разговор во време кога многу земји бараат од Турција да ја запре операцијата „извор на мирот“ во Сирија. Турција ја почна офанзивата откако САД, сојузници на курдските сили, ги повлекоа војниците од тој регион.

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги донесе граѓаните на питачки стап

500.000 граѓани во Република Македонија живеат во сиромаштија, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на Татијана Лалчевска од СДСМ.

500.000 граѓани кои не ги носат розевите наочари на Заев не знаат како да се прехранат и да го поминат месецот.

Зоран Заев три години колку што е на власт не направи ништо за граѓаните и подобрување на животниот стандард.Наводното покачување на минималната плата со кое Заев се фали е само празно слово на хартија, работниците уште ги враќаат парите на газдите на рака.

Економската состојба од ден во ден е се полоша, падот во индустрискиот промет во август оваа година во однос на август минатата година изнесува 6.6%. Бројот на работници во индустријата е исто така намален, на секој 100.000 работници  оваа година имаме 2.500 работници помалку од лани.

Граѓаните и државата тонат. Со секој ден со СДСМ на власт државата е во се полоша состојба. СДСМ треба да си замине. Потребни се предвремени избори час поскоро, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДМПНЕ..

Британија и ЕУ постигнаа договор за Брегзит

Велика Британија и Европската Унија постигнаа договор за Брегзит во пресрет на самитот на премиерите на земјите членки , што се одржува во Брисел.

Договорот го потврдија британскиот премиер Борис Џонсон и претседателот на ЕК во заминување Жан-Клод Јункер. Деталите од договорот се уште не се познати и откако официјално ќе бидат претставени, допрва треба да бидат одобрени од страна на Европскиот и британскиот парламент.

Јункер му се заблагодари на Џонсон на самитот за „одличните односи во последните две недели“.

„Овој договор беше создаден заедно со Велика Британија и затоа сум убеден дека може да биде поддржан и ратификуван навреме“, рече европскиот преговарач Мишел Барние.

Тој додаде дека не треба да има изненадувања во договорот.

„Постигнавме искрен и разумен договор што одговара на нашите принципи. Имавме тешки дискусии во последните денови. Можевме да најдеме решенија што целосно го почитуваат интегритетот на единствениот пазар. Создадовме ново и законско оперативно решение за да избегнеме цврста граница со Ирска и да одржиме мир и стабилност на ирскиот остров.“, Рече Барние на прес-конференција.

Новиот договор, сепак, го смени „најдобриот и единствениот можен договор“, како што европските официјални претставници го нарекоа договорот за Брегзит постигнат минатиот во ноември со тогашната премиерка Тереза ​​Меј.

Во врска со тој договор, протоколот со Северна Ирска беше изменет , но сите други одредби останаа исти.

притисни ентер