Рускиот новинар Голунов низ солзи се заблагодари за поддршката, откако беше ослободен

Рускиот новинар Иван Голунов низ солзи се заблагодари за поддршката, откако беше ослободен  од судското обвинение против него за криумчарење на дрога и пуштен од притвор.

– Ви благодарам за поддршката. Ќе продолжам да работам и да истражувам – рече 36-годишниот новинар, видно потресен, обраќајќи им се на десетиците новинар и симпатизери, кои при вчерашното ослободување го дочекале со аплауз, пренесуваат руските медиуми.

Руските власти вчера ги отфрлија обвиненијата за продажба на дроги против истражувачкиот новинар Иван Голунов, откако беа изложени на притисок од јавноста и новинарската фела.

Сугарески и Китанов: Премиерот ги носи одлуките за реконструкција на Владата

Актуелните функционери не треба сами да ја оценуваат својата работа. Мандатарот, односно премиерот нормално е да ја оценува работата на министрите и врз база на тие анализи да донесе соодветни услуги. 

Ова денеска го изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески,  одговарајќи на новинарски прашања при увидот во реконструкцијата на регионалниот пат Штип – Радовиш.

– Во неколку наврати кажав, а малку и побрутално е и можеби дека малку е и невоспитано од наша страна, како актуелни функционери сами да си ја оценуваме нашата работа, од првиот ден понатаму, мандатарот, односно премиерот е нормално,  тој што ја оценува работата на министрите. Тоа го прават и граѓаните. Така сето она што го кажав и минатиот пат е дека врз база на неговите анализи, коишто ги прави нормално е премиерот да донесе соодветни одлуки, така и за случајот со министерот за транспорт и врски, вели Сугарески.

Прашан дали претпоставува кој се наоѓа на списокот за реконструкција во Владата, Сугарески изјави дека нема намера да претпоставува туку, како што рече, му е битно да си ја извршува работата за која му е дадена како министер и нема намера да ги оценува своите колеги, министри со кои поминал две години во Владата.

Директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов прашан дали се наоѓа и тој на списокот за промена на директори, одговори дека тоа прашање треба да му се постави на премиерот.

– Вие како новинари сте присутни, со нас. Јас еднаш неделно сум на терен, траса, во моментов имам преку 80 проекти, што активно ги работам. Си ја гледам и ја работам работата, а тој што треба да мери, да сече и да цени е премиерот. Негово е тоа апсолутно право, така што воопшто не сум оптоварен со тоа, вели Китанов. 

Во Израел презентирана населбата Трамп Хајтс, именувана по Доналд Трамп

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја претстави новата населба во окупираната Голанска висорамнина, именувана по американскиот претседател Доналд Трамп.

На церемонијата на именувањето во неделата, Нетанјаху рече дека Трамп Хајтс му оддава признание на Трамп за неговата одлука да го признае израелскиот суверенитет над територијата. Градежните работи допрва треба да започнат, но знакот со името на Трамп и американските и израелските знамиња, беше обелоденет.

Критичарите го оценија како потег за публицитет без легална основа.

Израел ја зазеде Голанската висорамнина од Сирија во војната на Блискиот исток во 1967 година. Во март, САД станаа првата земја која го признаа израелскиот суверенитет во областа, откако Израел ја анектираше во 1981 година.

Јадранот се задушува во пластика

Концентрацијата на пластичен отпад на дното на Јадранското Море е меѓу најголемите во Европа по североисточниот дел на Медитеранот и Келтското Море.

Отпад во Јадранот стигнува од речиси четири милиони луѓе што живеат покрај брегот, а тој број се зголемува речиси шестпати за време на туристичката сезона, пренесува хрватски „Индекс“.

Како што се наведува, посебен проблем за Јадранот е тоа што се работи за релативно мало, плитко и полузатворано море, кое е поврзано со Средоземното Море, кое исто така е полузатворено и загадено.

Во водите во Јужна Хрватска околу 90 отсто од пластичниот отпад доаѓа поради струите и ветровите, најмногу од Албанија.

Перо Тутман од Институтот за океанографија и рибарство во Сплит (IZOR) вели дека 70-80 проценти од отпадот во морето доаѓаат од копното, а остатокот е од морето по пат на транспорт, туристички активности, риболов и платформи далеку од брегот.

притисни ентер